...И како, кажи ми, како да не го споредувам со тебе? Чувството кога сум во негова присутност и спомените на чувството во твоја присутност се толку многу различни. Ми доаѓа да ти се заблагодарам што знам како е да се биде покрај тебе, бидејќи така многу брзо си докажав дека тој не е тој. Ми помогна да си ги валидирам сомнежите кон него, да си ги скратам двоумењата, да знам дека тоа не е тоа што го барам оти постои нешто друго... Нешто во кое се чувствувам како завиткана во меко ќебе со шоља топло какао в раце, а не како во боксерски ринг, борејќи се за тоа кој има право. Кажи ми... Ќе ме пуштиш ли да си одам? Ќе си заминеш ли? Ќе дозволам ли, да те нема?
Нема тема што нема да се изврте малку отповеќе, ама текот е ваков: ќе го мериме чиј е поголем/подолг. Во меѓучовечките односи, нема човек што не сака да си е заштитен (навремено), па ова секој длабоко во себе си го знае или осознава во даден период. Одете кажете му/ѝ на некој/а пред умирање (не буквално де, на некои седумдесеттина години) што е соголен/а, „вложувај во себе“. Врв на безобразлукот, ама да, речи „вложувај во себе“, поздрави се и помини, а во мислите „ништо страшно, не сум тоа јас“. Уметноста на (финансиско) создавање и губење е многу непредвидлива линија која ги гаѓа вториве „мудреци“ на чуден начин за да ги сфатат првите. Два денари да имам во џеб и да знам како ми се заработени истите и ќе ги заштитам. Просечен човек сега кога ќе чита ќе се фати за двата денари, дека не се двесте илјади евра и немам што да мислам оти посекако не правам ништо со нив (малку се и мизерни). И по ова исто се гледа расипаноста, ова темната страна на „љубовта“ - која и не е љубов туку чисто користољубие. Оти да имам повеќе, па да заштитам. Ле-ле! Настрана малкуте што не вредат да се заштитат, да ѕирнам кај многуте кои вреди да се заштитат. Дури и да сте заштитени по сите салтани, расипништво е исто така изнудување, крадење, трошење и од парите на партнер/маж (сеедно како ќе го наречете во даден временски период), кога мислите дека нема како да примети, со некои непотребни потреби - а всушност ве пушта за да види до каде ви е умот. СДК многу мислат дека живеат со љубов, ама они живеат без љубов, во некаква фиктивна состојба без никакво искрено пристапување. Е сега ако знам како сум се намачила за (по ваше, мочани) два денари, исто така ќе мислам како да го заштитам партнерот (пред тој да создаде повеќе). И со задоволство би учествувала и во негово мултиплицирање, без страв и сомнеж дека сум со него за да ги ќарам на крај. Оти секој кој има отповеќе често преиспитува дали тоа до него е љубов и ова исто не е некоја тајна, него повеќе проблем на тој што има отповеќе, кој секако се решава. И сега да се вратам на првото „вложувај во себе“. Да, никој ништо умствено нема да ви земе, ама реалноста е дека создавањето исто така има и свој крај кој треба да се заштити. Кога ќе се зголеми свесноста на заштита, нема да гледаме малтретирани стари пензионери, ќе се намали семејното насилство, нема да се обезвреднува преку секакви изрази вредноста на другиот само зашто се може, никој нема да има мазохистички пристап кон себеси, воопшто квалитетот на многуте важни прашања ќе се искачи на повисоко ниво. *** ..и посебен правец во психологијата се тие фалбите, од чија 'рѓа секоја тема се запустува и згаснува и страшно одбивно ми станува да влегувам во било какво реплицирање. Исто и кога на тапет ќе се ставаат оние со поинакво размислување, кои навидум се охрабруваат да пишуваат и споделуваат (ова посебно во 40ка) па потоа целосно се повлекуваат. Оти научив: таму, не се жали, само се фали. Да, и самата некогаш одбегнувам жалопојки така што ќе го поминам постот, ама во никој случај не дробам зошто, не дај боже, ми се изреметил мирот.
Девојки, еротската желба на машко да има однос со вас не значи апсолутно ништо. Тоа е нула. Секој од нив ја има таа потреба, и ја раздаваат лесно. Може кој сакате да легнете, ако ви се посака. Тоа што сака да ве има не е ништо невообичаено или специјално. Они ќе легнат што можат. Дупки у ѕид, животни, жени со активни сексуални преносливи болести, некои од нив дури и некрофилија ќе изведат оти им се може. Не се давај секому. И не го кажувам ова од старомодна бабеста перспектива, туку од премногу обзервација. Како е станало денес ментално е све. Не ни треба имаат лесен пристап до вас, они се што ќе допрат ќе го изедат. И ми е смачено да слушам секој ден вести за некој ненормален шо напраил. Стварно има нешто труло во родов шо се активира кај повеќето. Овој ја натепал оти рекла не, тој ја следел до дома, трет и фрлил пилула во пијачка коа не гледала па ја силувал оти му се може, тие групата мужи ја демнееле и пипале во бус. И казна? Неколку месеци само оти е квалитетен и паметен, да не му се уништи животот. А нејзиниот? Она не е квалитетна и паметна? На улица е растена? Не е човек? Нејзината кариера не е уништена и оцрнета? Вечно гледани како кукли за задоволување. Ја реков, ако некој проба да отстапи граница со мене ќе отстапам од границите на разумот мој, неговите да се каат што е жив. Rant.
Боже, колку олеснувало да се искажеш и поразговараш со AI позитивно се изненадив. Прво ме фати невидена смеа после првиот одговор, а потоа баш ми годеше, и продолжив. Не оти ги добив одговорите коишто сакам да ги слушнам, и да ми се по мерак, но баш на место, реално и искрено беше. Ептен корисно ова.
Секогаш трудете се да бидете добри кон останатите никогаш не знаете што другиот крие внатре во себе..
Ако јавно не реагирам на нешто, тоа не значи дека не гледам што се случува. Само чекам да видам колку длабоко некој ќе си ја ископа дупката без да знае дека јас му ја оставив лопатата.
Сакам уште еден секс со бившата ама таа не сака да ми се смири... Хммм... Ајде можеби ќе ми се смири некако, можеби и ќе си најдам поарна.
Многу го сакам времето кога главна преокупација ми беше кај да најдам уље да го подмачкам ланецот на точакот.
Долгиот пат ја покажува моќта, упорноста и силата на коњот, а времето ги открива срцата на луѓето а пак тоа е огледало на вистината.
Сакам да кажам вака....Секс, само секс, само само секс, само само само секс, само секс, само само секс...
Не очекувам сите да постат ама очекувам дека треба малце да се има осет. Барем оваа последна недела не мора да сликате хамбургери од 7ца, чоколади итн.
Можеби треба да почнам да пишувам автобиографија. Сите овие случувања последниве години ко за на филм и книга се.
Читам цел ден една-две теми (поактивно) и просто не можам да си објаснам како е тоа, фрли парче месо и сите по него(?). Дури партал(и) не ве направи животот за сами да се собирате, ништо не правите. И кога нема да удира толку силно пак самите ќе се собирате за да си дојдете на себе. И цело знаење е таму, да се собирате навремено кога нешто не ви оди од рака.
Во темата МЈЛ им се придава значење на тотално небитни ликови. А може да се дискутира за ликови кои оставиле белег на македонската сцена.
Ко ќе некој речи "аМи ТаКвИ бАрАтЕ", "тРпИ сА тИ сИ гО оДбРа" и други nice guy веќе видени реткорики, е стварно, стварно, посакувам никогаш п*чка да не видат. Пошто брат, ако ми влезиш со ова реторика исто гомно си ко онај "јакио" шо го хејташ. Онака сите жени од инает да речиме "јок бре опрајте се, а особено вие демек најс гајс шо не можите подалеку од носот да си видите" и можи тогаш ќе се опрајте. Ама се сомневам. Немам толку надеж во вашите квалитети. ✨✨✨