Не тагувај за она што веќе го нема, дур светлината на денешницата ни свети, а утре секој ќе се соочи со непознатиот пат, следејќи ги оние кои починале пред илјадници години.
Копуци и продавачи на магла, копуци и продавачи на магла everywhere... Нацијо, болна си, иди лечи се.
Црнобело и нивните лигави вести за анонимуси за кеш „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтична вечера и дома. Купил свеќи и рече дека не мора да палиме светло на тераса. Се доближи и ме праша: 'Ме сакаш?'. Потоа клекна на колена и продолжи на шпански: Te quieres casar conmigo?“, вели Стефани од Неготино за романтичното запросување во Тунис.
Ако дојде до случај кај што ќе си ја згазам гордоста и ќе те молам со солзи и ќе се извинам за нешто што сметам дека не сум виновен, знај дека премногу ми значиш и дека не сакам да те изгубам...
Имам една маана ( или сепак не е маана ) не заборавам што ми е направено. Кога тогаш доаѓа на моето па знам да вратам. И секогаш со исто мото : Не трпам неправда и немам во план да отстапам од тоа.
Се насмевнуваш, земаш телефон да раскажеш на некој што ти се случило/што правиш во моментов и ти текнува дека веќе не сте во контакт, потоа насмевката се претвара во минутен молк со очи полни солзи...
Обожавам кога луѓето сами одлучуваат да си ги покажат роговите а мене тоа не ме изненадува, но и дека не ќутам веќе на секакви гадости што излегуваат од нивната уста. Сепак тоа што сум Сатурн во Овен си има влијание, но најмногу искуството што ми покажало како да ги фаќам на радар овие хомосапиенси.
Ова треба да оди во соодветна тема, иако нема баш таква (добро, има. Само не е баш популарна и нема фајде од тоа) и излегува од граници на нормалното. Колку луѓе - толку суети. Да ја додадам и превртливоста како гнасна особина која извира пропратно од некои. *** ..сè повеќе се учам да не се држам за нечиј збор оти ниеден збор не вреди ни колку лист вц хартија. Оти денес едно ќе е кажано, утре друго и иди најди го крајот. И ова најчесто не е снаодливост, туку 'рѓа. Се гледа и од ликот, одот на човекот, од тоа како шепоти и мести друг (а мисли дека никој не го слуша), најчесто го мести оној од кого не се дели и е сијамски близнак! Отсекогаш сум си ја сакала воопшто дистанцата со луѓето, онаа што самата сум си ја креирала. Ама ете, сфаќам дека со луѓе нема дистанца, они успеваат и најдистанцираниот да го реметат. *** Боже ми прости, најтешката и најпоследната ***** се омажи. Фрапирана сум, од вчера па навака. Ќе бидам уште долго време, максимум до крај на 2025 или крај на 2026. Уште не можам да проценам, но мислам дека ќе биде второто.
Која е поентата да се навредуваат луѓе(небитно врз која основа) за да се покажат пред други и да бидат плеј бојс? Дали мислите дека сте многу кул? НЕ, многу сте бедни, се спуштате на многу ниско ниво во моите очи. Не ве разбирам, излезени на кафе петорујца, зборувате и оговарате луѓе што се од ваше друштво но не се на таа маса, утре ве гледам седнати со тие што сте ги оговарале вчера и зборувате за истите Што добивате со тоа? Ефтино и гадно е! Никогаш нема да имате другари! Не ви мислам и посакувам лошо, ама карма курва је, знаш да дуго шуља се, али на крају стигне те, потоа не се прашувајте зошто ви е вака или онака, само се жалите и ништо не пробувате да промените, затоа сте такви какви што се. Не знам зошто се „дружам„ со вас, како што би рекол еден од моето „друштво„: „овде немам со кого кафе да испијам па затоа седам со вас„ (се мисли за овде, во Германија) НЕ, НЕ МОРАШ, принуден си?, не си, подобро дома сама ќе седам,отколку со вас, токсични сте, одвратни,излегувам со вас само колку да тепам досада и да излезам од дома, но не можам веќе, немам сила, се трошам на погрешни луѓе, ми станува сеедно веќе, но зошто мора да е така? Ако вие имате коли не значи дека сте нешто вааау, ќе отидеме ние три со воз до таму и таму, не ни треба твоето бемве, не сакам „другари„ кои ќе зборуваат за мене кога еднаш нема да бидам присутна таму. ИЗРЕВОЛТИРАНА СУМ ДО БЕЗСВЕСТ Кога станавме волку нула од луѓе, прости, љубоморни, незаситни, песимисти, се жалат на се и сешто а не сакаат да го променат тоа Преку глава ми е од вас Од сега ќе пееме друга песна, и штом знаете да сте толкави гадови, немате право да ми кажете нешто кога НАМЕРНО ќе ве нервирам, да видите како е, јас барем тоа го правам во лице, не позади грб, и да, убаво ми е кога добивате тоа што го заслужувате, смешно ми е кога се нервирате за нешто банално, и уживам да ве нервирам со истата мера што вие ме вадите од такт Но комент дечки, денес навистина ретко кој е човек.. ДНО ДНА СТЕ
Незнам како е на психолог ама би ви предложил на сите што се христијани да си најдете духовник и да разговарате со него преубаво е чувството, душата ви е мирна, денес по прв пат зборував и решив повеќе да се посветам на верата..
Некогаш имам чувство дека никој не ме разбира, а толку сум едноставна. Па некоја осаменост и меланхолија ме обзема периодов. Сакам да можам да се исплачам. Да ја тргнам тежинава што без здив ме остава. Ќе пукнам мислам.