Од луѓе кои бараат провокација на секое можно место ми се Ко многу јак утисак оставаш, а уствари си јаден желен за внимание. Бедно.
Ќе ми пукне душава, не знам веќе како да си помогнам. Не можам да се справам со се што ми задава животов. Сериозно не се осеќам ок. Многу се напнувам кога некој не се грижи за своето здравје, води инает, не те слуша. Колку и да сакаш да помогнеш не можеш. А ти, па ако можеш спиј мирно. Шо има врска, ти си млада и нервози немаш. (Ништо од ова не се однесува на моменталната ситуација со вакцините, не е ни поврзано). Се тресам и ми се плаче ми се рика. Не можам да живеам нон стоп очекувајки да се случи нешто лошо... не можам. Ме убиваат полека овие работи. И не е прв пат да доживувам ваков стрес. И ќе ти се жали и пак нема да те послуша... Се ми е собрано, се.... за ништо више не сум способна. Се осеќам ко да тонам... и искрено не знам шо да правам веќе...
Сакам да се заблагодарам на сите злобни и лицемерни пријатели. Слободно оговарајте ме зад грб. Мојот грб ќе биде единственото нешто во кое ќе гледате. Јас уште долго ќе бидам далеку пред вас
Најлесно е да излезеш жртва, да испревртиш зборови и да се жалиш. А најтешко е да признаеш дека пред некое време ти истото го правеше. Сега барем научи како е.
Ми нема логика во тоа да му речеш на млад човек: -Си успеа во животот, па сега уживај. Како може 20 и нешто годишен човек да има толку многу постигнато во животот за да ужива? Освен ако не си роден во некое кралско или билионерско семејство, па ете, можеш да не се замараш како што се замараат обичните луѓе, ама тоа не значи дека ти лично си успеал туку се перчиш со парите на татко ти. На таа возраст младите допрва треба цел живот да работат, да плаќаат долгови, кредити, сметки, па може да посакаат да основаат свое семејство, па пак долгови и дупли обврки, па постојано да учиш нови работи, да се надоградуваш...Значи треба многу и многу години да поминат за да му речеш на некој дека успеал и сега си ужива. Според мене (плус-минус) на некој начин си успеале во животот тие што се веќе во или блиску пред добра пензија, имаат добро здравје, уште се со саканиот човек, имаат викендички на море и планина, ги посетиле омилените дестинации, имаат здрави и живи деца и внуци, па можат раат да си седат на стари години без грижи и нервози, да си уживаат со чаша вино и добри пријатели додека длабоко во себе знаат дека си ги исполниле животните обврски. И јас како и сите млади луѓе уживам во животот, не викам не. Уживам во сегашноста, во ситници и поголеми работи. Уживам кога си купувам нов парфем или блуза, уживам кога готвам нешто ново, уживам кога си шетаме со него во парк или покрај езеро, уживам кога ќе научам нешто ново, ама пак не можам да кажам дека сум успеала во животот. Горда сум на своите резултати досега, ама тоа не е целоснотот животно постигнување. Но, секако нема да застанам и да им објаснувам, туку се смешкам и искрено ми годи кога некој со мала доза на љубомора ќе ми упати таков коментар дека сум постигнала во животот. Grazie mille a tutti
Препаметен, елоквентен, пари и дипломи, но ако е човек чие его е поголемо од неговиот коефициент на интелигенција, те молам, не сакам да слушам понатаму. Не е тоа светски човек, туку сепак човече во душата.
Пола ден немав седнато на социјалните мрежи, да одморам душа, решив да седнам дури сега. Отварам фб и гледам другарка цел реферат со нејзиниот непостојачки проблем за некој виртуелен лик кој не го познава а мажена ме замара кај бил, што правел, и со кого бил. Еј жено, луѓето низ светот имаат пореални проблеми големи ко зграда а ти ја тупиш за некој што никогаш нема да го видиш. Решив да и премолчам, бидејќи колку и да зборувам, знаете како рекле - теле се учи, вол не. Се одјавив и дојдов да ве читам. Пријатна саботна вечер.
...сакам да кажам дека одамна немам слушнато од младава генерација... благодарам, добар ден, повелете, довидување, како сте, да помогнам, ве молам, ќе почекам ! имаат образование, немаат воспитување!
Во детството често слушав поуки од дедо ми што ми останаа во сеќавање, иако не им го знаев значењето. После толку поминати години неговиот одмерен лик се уште е пред мене, а од денешна перспектива и возраст зборовите на старецот ми се безвременски прирачник на мудрости со непроценлива вредност којшто суптилно го отворам и ја тестирам "порозноста" на моето его. Се уште учам и ќе учам од делото на големиот оратор.
Ништо не може толку да израдува на најчист начин како среќата на едно невино животинче, мало детенце, или возрасна личност која после подолго време се смее од срце баш поради некој твој гест.
Многу грдо чувство е кога знаеш дека ќе паднеш испит. Криво ми е бидејќи супер си терав си ги давав испитите како што си бев замислила ама ете..заглавуваш со некои секојдневни работи и ти се насобираат различни мисли кои тежат и не ти дозволуваат да функционираш како што посакуваш.
Се трудам да не кажам некој лош збор, а заслужува да кажам. Ајде пак ќе избројам до 10 пред да одговорам, и пак ќе се потрудам да се насмеам иако внатре чуствувам немир и еден вулкан блиску до ерупција, само што не протекла лавата сите да ги изгори пепел да ги стори. Следниот пат да размислат пред да вршат притисок и уцена. Ајде пак пројде муабетот со краток и јасен одговор.
Не можам да разберам како некој сака да учи медицина, а да заврши со врски и препишувања. Ноќе, немаат ли грижа на совест? Ќе завршиш со врски ајде, утре ќе дојде време на пациент да дојде во твои раце, што ќе му кажеш, не знам што ти е, тој испит со пари го имам пројдено. За секоја професија треба љубов и желба да имаш, а не ради титула нешто да се учи.
Си вртам низ програмите и одеднаш гледам цртан филм за деца. Се загледувам онака, и што да видам. Исус целиот во крвишта со го влече крстот за да го распнуваат. Ај да речеш тоа може да помине, ама моментот кога дадоа кадар одблизу како му поставуваат шајка над раката и замавнуваат со чеканот, збеснав. Добро, религискиве организации не ли се замислуваат малку дали таква содржина е прикладна за мали деца? Ај што ги индоктринираат од најмала возраст (што е тотално погрешно), ама и ги ставаат во опасност. И после хомосексуалци не требало да даваат по телевизија, што ќе било децата ако виделе.
Со тетин ми скоро за ништо не се сложуваме, имаме различни мислења и често може на зезање да избувне конфликт кога сме заедно, ама еднаш кажа нешто толку паметно што за прв пат се сложив со него па дури и му пуштив рака. Рече: - Поарно 60тина години да живеам со полна пареа живот исполен со авантури и разни доживувања, отколку 100 години да живеам цел живот затворен дома и подалеку од двор да не сум мрднал.