Втф момент од секојдневен живот: Доаѓа господин, му персирам. Тој мене не ми персира, ама за себе во множина зборува. Пример: - Повелете господине, како можам да ви помогнам? - Девојче, кај ти е докторот, сме ги собрале резултатите па да ги види. Ок.
Купував прееска од едно продавниче и продавачот помалку кусур ми вратил без да видам. За ептен ситни пари се работеше и не сум приметила. Бев подалеку замината и гледам трча човекот по мене вика дека грешка направил со кусурот. Прво си реков кој знае колку пари не ми вратил, ама после видов дека за малку станува збор па му викав дека нема проблем и да ги задржи, ама тој дојде до мене и во раце ми ги остави. Твои си се... Сто пати ми се извини, се насмевна и ми посака убав ден. И јас како човеков би постапила, ама знам дека многу други нема. Ќе си ќутат без разлика на сумата. Кога за момент ќе изгубиш верба во човештвото, ќе се најде ваков чесен да ти докаже дека уште има останато по некој човек помеѓу луѓево.
Имам тетка, која кога и да ме види, а ме видува скоро секоја недела, првата работа што секогаш ми ја вели откако ќе ме прегрне е: „Секогаш мирисаш преубаво”. Ми нема поубав комплимент Особено од жена и личност која ретко дели убав збор
Не ми е јасно зошто конзервативни ставови во поглед на мажење/женење не се изнесуваат за 40 годишни неженети мажи што ги коментираат градите на рандом девојки од инстаграм ( ) и гордо по форуми споделуваат што им пишувале. Ама затоа жена на 40 години, ако е немажена и ништо никому да не прави, крива е што дише и постои. Жената треба со време да се скроти оти е ѓаол. Ако не створи семејство е бескорисна и штетник, троши од воздухов џабе, затоа е загаден. Глобалново затоплување од немажени жени е. Македонија не ја биде како држава од нив. Секогаш кога времето надвор не чини по една мажена се разведува и станува штетник. Ај што не е во ред таквиот став, туку зошто е насочен кон еден пол. Мажот не се оженил оти му се можело, жената не била мажена оти никој не ја зел, не чинела.
Некогаш кога ги читам некои прашања на подфорумот „Љубов и секс“ верувам за момент, и тоа бегло, дека навистина вонземјани и луѓе паднати од Марс дошле да ја посетат Земјата и не знаат како се живее тука. Дали можел да се користи „Персил“ прашок за перење при секс или пак „Доместос“ и ред други бесмислени прашања укажуваат само на тоа колку нѝ е сиромашно познавањето на овие работи од таа област. И навистина е жално и не верувам дека станува збор за некој кој сака да се зафркава. Има вакви работи низ државава, што е најтрагично.
Е значи оваа неизвесност знае стварно да те убие...самиот момент на било што и да се случи нешто лошо полесно ке го поднесам отколку нешто да ме држи во неизвесност ...
Одлично е чувството кога си дошол до тој степен да те молат (индиректно) македонските шефови со менталитет "just severen bananistan things" за работа, особено кога знаеш низ какви ср**а си поминал во минатото кога не било така. А уште подобро е кога ќе дознаеш дека дипломата ти е признаена во ЕУ држави. Тоа значи следново: "У Минкену наџу посла, зарадим брдо пара Сад се врачам кучи богат, у селу ме чека стара".
Особини што ме карактеризираат 1. Никогаш не сум била дел од организирано женско друштво за седенка во толпа. Не се пронаоѓам во атмосфера на доминација. 2. Никогаш не сум била учесник во конфликтна ситуација (ниту приватно, ниту службено). Непожелните ги елиминирам со избегнување и игнорирање. 3. Планови, идеи и тековни случувања не разоткривам. Оставам да бидат одговор за ново и непознато. Признавам дека сама најдобро функционирам, но не и најубаво...
Најтешкиот ден во мои 29 години беше вчерашниот. Ниту знаев како се викам, ниту како изгледам. Се комирав во 21 часот.
Ќе сонуваш сон дека си била во врска со најдобриот другар и после сабајле срам ќе ти е на порака да му вратиш и на другар ти и на дечко ти. Мозоку, опрај се, што е со мрднативе сонови?!
Читајќи ја темата Гатање, баење, се прашувам, дали надалеку прочуените специјалисти за разубавување на животот, успеале од својот да создадат бајка или знаењето и вуду-вештините инкорпорирани во исцелителен рецепт со делотворно својство е наменет само за напатениот народец.
Гледам некни една бивша другарка ми лајкнува на инстаграм. Со причина е бивша не е ни битно. И не пропушта ни едно мое стори. Јас ниту ја следам, ниту се интересирам за неа. Разбрав од некои луѓе случајно уз муабет дека лани изводела бесни глисти кога разбрала дека сум тука. А сега гледам иста прича. Кога ќе се навратам дека сум била 100% лојал спрема неа во се, а таа возвраќаше на начин на кој ми упропастуваше секоја среќа, љубовна врска и повеќе и одговараше да страдам. Дефинитивно сум одлучила дека таа е последната личност со која не би се смирила и не би се дружела повторно. Сдк во врска во видеото за таксистот - народ со примитивно размислување. Неедуциран и информиран.
Кај ги наоѓате тие добри роднини шо ви помагаат, пари ви праќаат, тука се кога не ви е у ред? Овие моиве први се да се јават само ако слушнат нешто лошо да ти се деси, па да прашаат дали е вистина, да се испорадуваат...