Зашто мислам дека некои членови не се искрени, се чувствувам како она Кафка што го има кажано со маските I was ashamed of myself when I realised life was a costume party and I attended with my real face
Ај да ти кажам тука. Пошто си блокирала немој да те лаже памет да ми се појавиш на смена. Ако веќе се појавиш немој до мене да допре било каков глас дека си бладала глупости да не ти биде после крив цацко. Ајт мрш.
9 Мај не е ден на Европа. 9 мај е денот кога Советскиот Сојуз го разнесе фашизмот. Сѐ што пробуваат да направат е да ја избришат вистината. NO PASARAN
Сериозно почнувам да мислам дека ни нема спас со последниве случувања. Толку сме станати заникаде, човек да не знае каде и од кого да се чува. А врвот па ми беше оваа еколошката акција, на баш специфичен ден. Ама добро, ние и така не сме во тек. Бруки.
Сакаме правда, а не мрдаме доволно за да ја добиеме. На социјални мрежи и форуми се сее омраза кон цели етницитети наместо да се држи фокус само на виновните поединци. Се оди на одмори во држави чии народи во војните го малтретирале и убивале нашиот, а не се бара признавање на вина и одговорност. Кога семејство на жртва храбро си бара правда и врши притисок врз власта, му се препишува политичко влијание. А, тоа што семејството на виновникот ептен потфрлило со него и го штитело со своите конекции, е небитно. Се случува трагедија, одма ботовите излегуваат да трујат наивни. Партиски активисти се маскираат во борци за правда, а никој не ги открива. Само прост наивно ги следи. Кога не се апси, преку тастатура се плука зошто не се апси. Кога се апси, преку тастатура се плука зошто се апси. Ни закони, ни надлежности не се знаат. Но, некој или нешто се руга од ликови наредени како собир на чичковци пред кооперација.На улица или се 2 до 50 души или нема никој. Кога се посочува дека законите треба да важат за сите, тоа не се доследува. Одма се намалува или се негира вината на едната страна наместо да се каже за сите. И после има жалба дека не ја бива државава. Секако дека не ја бива со вакви глупаци и себичњаци. Ој, мори Македонијо сторена пустина...
Денес решив да сум petty и зедов да прочешлам низ unfollowers на Инстаграм. Отследував сѐ што не се профили на јавни личности и некои страни што ми се интересни. Но никогаш нема да разберам еден феномен: начекав профили на познаници што ме отследиле, но не ме тргнале од следачи кај нив. Like..why? Се плашите да не ви се намали бројката на фоловерс, толку ви е битно тоа? Немам проблем некој да ме отследи ако не сака да ме гледа мене и тоа што постирам, но да отследуваш некој и да не го тргниш од твои следачи исто така е... многу ниско. Меѓу ретките имаше и такви што ме тргнале и од кај нив покрај тоа што ме отследиле, респект за вас, барем сте искрени. Но другово не можам да го сфатам. Изгледа треба почесто да проверувам вака, да видам колку questionable случаеви следам за џабе.
Зар да се најавам ако дојдам кај тебе а ти смееш да доаѓаш кога сакаш кај мене на работа и притоа секогаш со насмевка да те пречекувам.Згора на тоа да се дрзнеш да вреѓаш а јас никогаш да не ти имам една увреда упатено е навистина лудост.Се надевам дека нема да ме примораш да идам нон стоп прва и да ти доаѓам и јас на работа за да барам соработка со вашата фирма и да те деградирам како што ми правиш ти на мене.Биди паметна и повлечи ми се од животот и не прај некоја лудост непромислена за да не бидам приморан да бидам гад.Кога едвај чекаше да се силиш и да кажеш да прекинеме биди јака и тргни се од мене за да можам да дишам.И да не ти падне на памет да ме трачариш како преска со комшиката што ве слушнав
Нема ништо полошо од тоа во животот да ѝ отворите врата на нестабилна личност, личност која не знае што сака.... Ама вината колку што е на таа личност, толку е и на оној кој што дозволил....
Баш ми е жал што морам да ги пребродувам сите стравови кај мои таму и ваши. Подобро би земал ден слободен во среда отколку да гледам дека не сте се снашле.
Еден другар ме вика "nerd". И вчера праќам слика и викам преубо кафе. Ме прашва каде. Велам Литература во Ист Гејт. И ми вика: "па добро, нема по-nerd нешто од то и кафето во книжара да си го пиеш".
Нека има љубов, верба и разбирање таму каде што нема, тоа нека биде мојата последна желба, мене и ноќва ми е и повеќе од доволна.
Имам фобија од одење на фризер. Да дремам со саати мислам дека паничен ме стрефнува. Последно седев 4 часа и 5 минути, уште имам трауми И тоа цело време во седечка положба, мислев дека ќе експлодирам На крајот ми идеше од стол да станам и коса и се да баталам. Наредно ќе биде 2086 година кога ќе одам А сите што доагаат таму кажуваат дека така се релаксирале од дома Мене како пиштол на глава да ми ставаат Возење со кола и фризер ми се поим за ,, самоубиство "
Како што бев комуникативна особа, никогаш не мислев дека ќе дојде таков период во животот кога ќе оставам пропуштени повици, неодговорени пораки, ќе си дозволам fomo, и сл. Старост изгледа.