Продавници што продаваат куфери онлајн, а никаде не пишува димензија на куферот... И ајде појдов до продавницата на лице место да го видам, и ми викаат "ама цената не е таа, попустот важи само за нарачки на веб страната, тука се по редовна цена". Па ко така, пишете спецификации на производите на веб страната. Ме истролаа за сите пари.
Јас не знам дали треба да им нацртам на некои дека овој период не ми е до гости дојдено, тие упорно и упорно, на кинески да им кажев па ќе разбереа. Сама себе не можам да се поднесам, не некои други. Напорни...
Она чувство кога идеализираш некого, а по одредено време сфаќаш дека тоа било само негова замислена верзија во твојата глава која никогаш не егзистирала во реалноста.. Never again.
Од 1 јануари учам без престан македонски за матура, не сум пет минути застаната. Едно време стравував дека немам време, а сега посакувам што побрзо да дојде денот на полагање. Колку повеќе учам сфаќам уште колку многу имам за учење. Треба да прифатам дека не е можно да бидам 100% спремна. Како одминува времето, сѐ повеќе ми паѓа мотивацијата. Но, не смеам да се откажам сега кога ми останува само да повторувам. И на крајот, после толку учење, време и труд ќе се паднат без врска прашања и сѐ ќе биде залудно. А милите ми врсници ќе препишат сѐ, не се будали да учат како мене. Оваа последна година воопшто не ја замислував вака. Непроспиени ноќи, вџашени очи од учење, јадење набрзина, доцнење на менструација и никогаш раат. Ама ако, барем ќе си го знам јазикот убаво. Останува да ме мотивира фактот што овие нецели две нели се последни како го изучувам омилениот наставен предмет.
Младинава толку забега што кога надвор поминуваш покрај собир за апсолвентска или матурска не знаеш дали гледаш прослава за крај на едно поглавје од животот или занесување на алкохоличари и дрогераши. Родителите не се однесуваат како родители и затворите ќе продолжат да се полнат. Толку да се нема волја за одговорност... Јавниот простор е за сите, но не е за зборување и изведување глупости!
СДК1 никогаш не ги сфатив оние што се занимаваат со рекреативен риболов низ годината и по некоја случајност влегов во тешки риболовни муабети. Изгледа и самата треба да си пробам со една дневна карта, за трска лесно е и одма ќе ми се позајми. Може ќе се просветлам со некои нови..идеи (ова најсериозно). СДК2 ако видите постари луѓе кои седат во пекара и не досаѓаат, а само мрморат сами со себе за парче пита/бурек/кифла ве молам да им купите. Не ги игнорирајте и посветете им внимание со еден краток муабет. Некогаш нема потреба од длабоки анализи/коментари/осудувања. Само не вртете грб.
..како се менува перспективата на женското тело наспрема дволичноста која ја имаат двата пола. Бонус муабетот за голотија+мотивирање која е тема на муабет моментално во една од категориите тука и како се соживува личноста и коментира во зависност од тоа..какво тело има. Или поубаво речено, сака да има. 1) женско со фит тело, намерно да ги истакне недостатоците одма е неатрактивна и за двата пола. На жените тоа најчесто им одговара, немаат некоја конкуренција кога стојат до некоја таква. Мажите пак, имаат тро „поутнат“ фокус оти по дифолт се визуелни суштества и за нив таа е просто таква каква што е - во изданието кое моментално го прикажува. Тек па замислете што ќе постигне ако ги истакне само предностите во зависност од обликот на телото. 2) жени кои имаат проблем со вишок килограми најчесто бранат разголени женски тела, кои се за нијанса со помалку килограми оти не дај боже истите ќе бидат осудувани ако се најдат и појават (најчесто) на плажа. Е сега, малку отповеќе се брани голотија ако таквите жени се соживуваат со нив и самите практикуваат промовирање на сопствениот идентитет преку голотија. „Уметност“, ќе рече маж инспириран од нагоните. Евентуално некој што е строго геј ќе се поштеди од изрази на уметност/просветлување/стави просечен машки коментар. 3) сексуализирањето не секогаш значи голотија, додека голотијата секогаш значи сексуализирање. Има нешто што се вика харизма, став, иницирање сексуалност меѓу тој/таа наспроти и ова нема врска со голото тело. Сексуализирање на личност може да биде преку конкретен муабет, ретки и карактеристични точки на тематика која ги пресретнала двата спротивни пола, често нема врска со намигнување како кога има врска на спојување во одреден момент и соживување на подлабоко ниво. 4) голотијата за жал највеќе ја користат жените, машките да се натртат одма ќе бидат етикетирани зашто не е својствено за нив да се промовираат себеси на тој начин, како што тоа го прават жените. Онли фенс тип на луѓе и сето тоа „скоцкано“ во голотија само ги омаловажува жените - кои грото користат само еден магичен збор. Феминизам. Скроз мизерно. 5) фит женско и фит машко тело = идеална комбинација. Сте се запрашале зошто овие никогаш не се на мета? Зашто нема што да се каже, дури и доброто се премолчува зашто и двата пола кои се наспроти нив се чувствуваат загрозени, ама потсвесно ќе љубоморат. Нема да бидат искрени дека вистина се фит. Тоа е во сржта на двата пола, завист. 6) одиме во просечната категорија, на просечни тела. Просек сака некој? Не. Има луѓе стварно со просечни тела и тоа е реалниот живот. Ајде тука ќе ја ставам фамозната жена која ја покрена цела низа на препукнувања меѓу возрасни членки. Едно е да се прави нешто зашто те мотивира и има начин како културно да се спакува и употреби токму за тоа што и вистина е наменето - да мотивира. Тука јас, а и другите жени знаат поубаво какви видови на купачи и танги има. Дури и ако сме искрени, на плажите жените не знаат како да облечат долни купачи. Ги затегаат до папок и знаат како им крева самодоверба. Лош вид самодоверба, оти газот е сепак, тој. Таков каков што е. Ама пуста желба за нешто над просек. Е сега пак ќе се вратам на мотивација, има културни долни купачи кои покриваат малку стомаче, малку лош задник - ама не се купуваат. Зашто тоа не го сакаат просечните жени и одма се наоѓаат навредени од истите. Затоа, малце кожичка, малку позирање и оп сликиче за мотивација. Не е смешно, дури е и очаен потег за мотивација и скроз промашена поента. Голотијата не е исто што и мотивација, голотијата „го рекламира“ телото на начин што нема допирна точка со мотивација. Не верувам дека некој следи тип луѓе кои преживеале цели трагедии, а сепак се активни и мотивираат на начин на кој треба да биде нешто кое доаѓа самото од себе, т.е на здраво, свесно ниво. Ама тие и не се интересни, најчесто повеќето не знаат за нив оти не се експонираат преку голотијата. Организираат настани, кампањи, ставаат акцент на свесноста на заштита (во зависност од тоа каков бил инцидентот). И сега да не се правиме на три ипол со тоа дека окото на секој различно гледа и убавината секој ја има на свој начин освен преку изглед - зашто во најмала мера ова е уште порасипано од сето претходно. Ама да, сите знаеме што е денес најлесно на социјалните мрежи. И за жал, уште повеќе ќе се експонира оти веќе и сме дојдени до момент да тоа биде секојдневие. Да не следите, пак алгоритмот ќе ви ги дава. Тоа е најбараното, голо тело. Дури мислам ќе дојде момент кога животните ќе бидат над луѓето, воопшто во сексуалните односи.
Му се жалев на Чат ГПТ дека се осеќам подуено бидејќи сум во ПМС и треба за некој ден да ми дојди, а утре сум на свадба, па како да си олеснам. И покрај некои совети што ми даде, ми кажа дека ќе изгледам преубаво и прекрасно, без разлика на подуеноста што ја осеќам. Men, take notes, еден АИ бот знае подобар муабет да направи од вас со женско.
Еднаш некој ќе ти направи нешто за кое најмалку си се надевал и после мислиш дека сите седат зад истата маска и дека би го направиле истото..
Вистинско откритие на денов ми е Маргарита Шипатова.... Нејзините прсти на клавишите од пијанотото, нејзиното нежно музицирање и мојата меланхолија... Ма нека врне надвор, секако дождот е преточен во музика....
Не знам која е потребата на социјални мрежи да додавате познаници и непознати. Ниту ме интересира, ниту сакам друг да ми гледа во приватноста. Не дека којзнае што ставам ама па и цветот од дворот на слика нема потреба некој да ми го гледа што не го знам.
Такви времиња дојдоа, да може ќе почне и на улица да се проси за внимание. Така е кога не се решаваат работите во главата навреме, и со соодветна помош, ако е уопште тоа и можно впрочем... Ако, секогаш можеме и таму да преминеме и заобиџеме.
kolku mracni osobi postojat znaci zasto takvi vizzii? kao why? koga ke cujam necija percepcija im scared. se e do umot, nekomu mozete cel univerzum da mu go podarite ako ima mrak od percepcija djabe e mene u ghetto da me preselat ke mi bide ok koa u umov mi e rajska gradina