Младоста е убавина ама кога гледам и си правам споредба на себе и на луѓе околу мене, далеку поубави, позгодни и поатрактивни сме на 30 отколку на 20.
Мислам дека самопрогласениве психо-аналитичари треба малку да намалат со хајпот и делулу самодовербата што ја имаат.
Зошто цел живот од старт ме гледате со негативна работа, зошто еднаш едно ебано Аирлија нека е работата, да тргни не се речи, туку одма со остани си на работа, да не си ја загубиш работата, шо ти текнало вака онака.. Цеелл ебан живот ни од родители ни од ништо немам емотивна поддршка, цеел ебан живот се научив сам да негирам потреба вака поддршка, сум силен или мислам дека сум силен... Зато ко че ми придодај малку повеќе внимание девојка, го ценам до максимум шо се вика ако ми даде цвеќе, би и подарил цела градина, метафорички кажано. Си имам траума некој вид, да се плукнам ама тоа е..
Дали само кај нас олку се оговара, или општо и во другиве земји е така ? Одиш во маркет, ја оговараат колешката од другата смена, одиш во аптека, ја озборуваат колешката од другата смена, одиш во некоја државна установа истото. Смената се сведува на озборување. Сериозно почнувам бескрајно да почитувам луѓе кои не се занимаваат со тој актуелен тренд. " леле Светле оваа си ја нареди цела недела прва, нее не може така, паметна ли е таа " Абе онаа шо ги наредила онака пакетите, значи сто пати и кажав, не може ја да трчам по неа. ии итн итн. И што е најтрагично тоа се прави, пред муштерии. Што ако јас случајно ја познавам таа особа која е тема на денот ?
Лесно е да сакаш совршена личност. Но, сакај некоја која знаеш дека не е совршена и со својата љубов направи ја да биде.
Како поминува времето сѐ повеќе сфаќам дека она што отсекогаш навистина го посакувам длабоко во себе е: Мир Тишина Спокој. А не пари А не богатство А не коли Не титули Не добри оцени Ниту бучава Ниту гужва Ниту бетон Ниту чад Ни асфалт. Туку природа. Единственото место каде се чувствувам добро. А моментално толку недостижно.
Отсекогаш се чудев како луѓето критикуваат други луѓе толку одлучно, толку недвосмислено, толку без задршка, и ОСОБЕНО во јавност (кога има многу луѓе што може да го увидат и засведочат тоа)! Зар не се прашуваат дека критриумите со кои ги судат другите луѓе важат и за нив самите? Немаат никаков сомнеж за тоа, или имаат барем мал сомнеж? Недостаток на свесност, кусок на метаспознание за себе самите, психолошка потреба да кажат дека се над другиот којшто го судат, со самиот чин на судење, без да се грижат за нивната сопствена доследност, просто „истресување“? Не ли мислат дека веќе има армија од критичари, а многу малку луѓе се доследни во однос на сопствените мисли и постапки? Зошто тогаш критиката воопшто? Да се фрли уште едно ѓубре во постоечкото буниште за тоа да се потврди како буниште? Ја следат „логиката“ : " Па, сите така прават, зашто да не и јас?“ (sic.) Не гледам како ако го додадеш своето ѓубре врз постоечкото буниште што било ќе смени или ќе им го олесни животот на тебе и на луѓето околу тебе. Подобро молчи, или уште подобро прави да не биде така дури и со микро-постапки. Постапите се собираат, критиката заради критика и без доследност се одзема.
Без разлика дали машко или чупе ако не се среди и оздрави на некој начин, че биди токсичен врз секој кој му покажал љубов и почит..
За да го „победиме“ животот, прво мора да разбереме дека не се работи за крајот, туку за целата партија. Победа не значи совршенство, туку присуство. Не значи да ги победиме сите, туку да не се изгубиме себеси. Вистинскиот мајстор не одиграл совршено, туку го разбрал движењето. Тој знае кога да чека, кога да ризикува, и најмногу – кога да си прости себеси.
Иако календарски уште не е лето, веќе си го чувствуваме. Лето, ме асоцира на природен изглед, девојки без шминка, свежина. Веќе неколку дена има како пораснаа температуриве и јас веќе блескам. Поинаку е, како нешто многу да се променило, оживеало. Ладно време не сакам, ќе уживам максимално овие неколку месеци.
Kolku mi e komicno koga ke vidam nabildan nekoj cel a krevko ego i se prima ko pi***ca..kolku samo turn off. Togas sfakjam kolku maskosta nema vrska so muskuli.
А кaраванот си врви, ама па никој не го ферма... Шо знам здосади ваљда се едно те исто. И така. Па и редно беше ваљда.
Кога е топло мислам дека не можам да размислувам , ама сериозно, многу киксови правам. Посебно вака наеднаш со толку топло, по цело лето сум плавуша