Денес во редица во продавница, гужва, пекол жешко, стари, млади, се на куп. Една мајка невоспитана со 0 култура децата 7,8 год и другото помало од неа, урлаа на цел глас, се тепаа, неа мува не ја лази. Или да ги скара, или накриво да ги погледне, јок, си стои, на два пати само по име ги опомена и толку. Продолжија да урлаат на цел глас, се ќе избутаа околу себе. Сите реагираа, им кажаа дека се лоши. Не знам јас дали немам нерви ама ова беше крајно безобразно, некултурно, со таква мајка не ме ни чуди какви се. Се ми е јасно дека деца ќе се лутат, ќе се фрлаат на земја, ќе се обидат да се степат, ама мува да не те лази? Па ич нека не ја лази ако сака, ама смета на сите околу себе. На крај со збор ако не се разбираат, за рака и надвор ги вадиш. Некако како да не се вклопувам со размислувањата на многумина. Затоа најдобро ми е сама, книга, домашните, семејството и мир на душата.
Критика во четири очи е за да се подобриш, а ако некого критикуваш пред повеќе души тогаш е веќе понижување.
Не се каам за времето поминато со "погрешни" луѓе, се каам за тоа што не сум покажала заби ради мир в куќи и сум дозволила да сум doormat. Сѐ само за да не ги изгубам, иако не сум била свесна дека наводнувам веќе умрени цвеќиња. Не можам да опишам колку ми иди да се вратам назад и да си удрам шамар за мојата наивност. Но ум за понатаму, I'd rather lose you than my self respect.
Низ годините, сѐ повеќе ги разбираш луѓето и не се бориш со нивните ветерници, едноставно не им треба твоето присуство им го вртиш грбот кога тоа им е потребно, за да се изборат самите со нив.
Животното искуство нѐ учи дека постојат емоционални манипулатори, во еден или друг облик, колку порано ги детектираме, толку побрзо може да се тргнеме од нив и да ја избришеме трагата која ја оставиле...
Лабубу играчкава која пред се одвратно изгледа да ти била моментално најпопуларна и нормално возрасни ретарди чекаат во редици за да ја купат и преплатат. На глупостите со интернетов никогаш му нема крај, претходно беа и чоколадото Дубаи, сокот Прајм и уште еден куп вакви с*ања.
Со лаги можеш далеку да стасаш, ама нема кај да се вратиШ. Да ја затвориме, и онака премногу - расприкажаната ноќ.
Посебен круг во пеколот за сите продавачи кои се вистински безобразни при купување и баш тоа бројче и модел е достапно кај нив. И не, не за облека него нога и ти треба баш тоа, што не прави рани и стопати е купувано едно те исто (боја најмалку битна). Сум од тие што можат без проблем да игнорираат и конкретна продавница, конкретни продавачи и сè што е наперчено, само денес не бил денот.
Злопамтило сум и убаво ми е ,не дозволувам никој да ме прави будала жалам што на некои тоа им смета ама си памтам се од збор до збор
Али овие рецитаториве, ванабис/ инфлуенсери ваљда, бонус честити академски граЏани, што научиле(дискутабилно) више као слушнале/недослушнале, некои нови поими и зборови, као вчера, и сега би да па рецитираат ваљда, и граЏански академизираат, и инфлуенсираат ако може као уште бонус though....Darlings calm your enthusiasm, никого не го тоа занима ако сме искрени. #баш
Колку те сакам....уште да можам да ти кажам колку ми недостасуваш..од мене далеку на 2 мин.а исто како да си со километри..Знаеш колку се трудам да се држам под контрола да не дојдам да те гушнам онака како што знам да го гушкам само тој што го сакам?Не го знаеш тоа бидејќи не го чувствуваш истото. И патем да ти се заблагодам што ми ја уништи целава недела а со тоа и роденденот.
Доволно е само да ми дојдеш како едно најмало делче за да ми ја обоиш целосната мисловна слика. Понекогаш ми доаѓаат смотани идеи од типот на – ако повторно излезам со него на кафе и разговараме можеби одново ќе увидам зошто типов не е за мене, ќе сфатам дека сум имала само смотани и непотребни опсесии, ќе замавнам со главата и ќе си речам „ах, ти Хеви, будалетинке“, и на тој начин ќе се вакцинирам против overthinking-от кој ми го (а во суштина сама си го) предизвикуваш(м). Но, знам дека полоша идеја од таа не можам да смислам, оти знам дека првиот момент кога ќе те здогледам во живо, ќе ти го слушнам гласот, ќе ти ја видам насмевката... ќе се стопам и претворам повторно во онаа емоционална, збркана бура полна страсти, желби и порив, која тешко ја контролирам... А сепак ја контролирав. Теорија: Контрола –> безбедност –> избегнување ранливост. Пракса: Контрола –> залажување –> рани од кои не си ни можел да се заштитиш. Зошто не си можел? Оти си дал простор да бидеш повреден на таков начин со самото тоа што нешто многу силно посакуваш. Поради копнежот и желбата кои ги соголуваат сите слоеви заштита, за да може она вистинското да допре до нив, а истовремено оставаат простор да те повреди сѐ останато, што нема да е доволно вистинско, а за момент ќе ти се стори дека е токму тоа... Така и ти, Господине чие име нема да го спомнам. Се налепи на соголената ми душа поради копнежот да сакам некого со целото мое битие, а мисијата излезе неуспешна, оти ти не беше спремен за истото. Тоа што сега ми останува е да го препознаам твоето лице во 4 мегапиксели од заедничката ви слика со барем 30 други глави, да почувствувам некој занес измешан со тага и копнеж, и да напишам уште еден краток реферат за кој никому освен мене никогаш нема да му е навистина гајле... Ете, така.
Има личности со кои некогаш си споделувал убави моменти, но патитштата ви се разишле во животот... И после повеќе години, истите сте, како времето да не застанало за вас, отворени и искрени...благослов Но, има и од оние другите, кои биле составен дел од животот, сте споделувале сѐ, меѓутоа кога ќе им ја плеснеш предизвиканата вистина во лице, нивното его е скршено, па исчезнуваат.... Се плашат од сопствената совест, па и во таа состојба ќе ги памтиме, како неспособни да се соочат со последиците од своите постапки и најважно како лекција...
Цел живот не се чувствувам доволно добра. Недоволно добра како ќерка. Недоволно добра како ученичка. Недоволно добра како ова, недоволно добра како она... Оти? Не знам. Ама знам оти сум доволно добра. И повеќе од тоа. Крајно време е тоа да се смени.