..нешто околу синдромот на возењето кола. Луѓе што прашуваат дали возиш, ко да е бог знае што и моментот на не, ми кажува колку се гушат во сопствените фрустрации. Оти па ако возам, мора да кажувам да и демек сум на ниво повисоко или барем еднакво? А патем, мора ли да се кажува да? Кој вели дека мора? Ништо не се мора. Молчи и/или вели не, види до каде одат. Озбилно ова го приметувам во последно само кај оние што биле понижувани дури растеле. Муабетот ми е, колку луѓе треба да прашат за да се осетат незагрозено и..удобно? Баш вака се умислив. Има ли бројка на задоволителен одговор? СДК на себе секогаш има највеќе работа, ама ретко кој ќе си признае (пред себеси). Нема некој што не бил омаловажуван во нешто (барем еднаш во животот дури растел), ама во најмала мера не треба да се малтретираат другите. Преочигледно е и отповеќе тажно, за нив.
Молчи Тишината да не нѐ разбере Молчи Болката да помине Молчи Другите нека зборуваат Молчи Срцето да зарасне Молчи Додека да дојде нашето време Ќе те гледам секогаш Ќе те пратам секогаш Само сега мора да го пуштам јажето,раката ми ја стега,и немам воздух Спиј мирно,секоја вечер,и денот после убавата ноќ Тука сум некаде Помеѓу ѕвездите Јас таа, храбра и немоќна
За луѓе се имам дадено многу. Како емоционално така финансиски. Никако да ја научам лекцијата на реципроцитет. ''Аs you give - you shall receive''. Така ми е кога сум covert empath, дрска на јазик, но, мила на душа. Ама и ова го менувам полека, со тројка од напред сега малку помудро. Добив солидна база - низа искуства како (не) треба да се однесувам кон луѓе што во мене гледаат компетиција или не ме ставаат на мал прст. Особено кога ми се руши животот како кула од карти, а никој не крева телефон да праша ,,Еј, како си емоционално, како може да помогнам?'' отрпнав скроз. Како и луѓе на кои прва бригада сум им дур не најдат некој трет, покомпатибилен. Гладен свет, but lesson learned. Нов chapter, please.
Таман дошла дремка, слушаш бзззз некаде над глава Ај што жешко па стануваш од кревет, бркаш комарец, уште брмчи некаде а не можеш да го најдеш. И така наутро стануваш како сипаници да имаш Ајде нокно време ама па денски, што комарци ќе беа, уста око, вега нема што не ми отече од нив, посебно ова лето. Покрај жешкото и ова не се трпи. Се спремаш да излезеш, жива вода додека се спремаш, излегуваш и за еден час се враќаш со сменет личен опис од глава до пети
Прашуваат имаш ли дозвола и кога ќе им кажеш немаш, па зошто не земеш.. За да можат да се потпираат и на тебе и твојата кола за превоз и услуги
Само зошто ти богати имаш да кажеш/не можеш да се затнеш небитно, не значи и дека ја автоматски сакам,/морам/требам баш да слушнам.
Животот станува многу поедноставен кога сфаќаш дека не постои секој на светов за лично тебе да ти згреши. Не се буди секој со помисла денес "колку убав ден за да и згрешам на онаа Славица". Ова го кажувам како некој што е чувствителен, ама стварно не чини за вас и за односите со другите луѓе да си земате сѐ при срце и да си правите цели приказни во кои само вие верувате.
Како може некој да заборави се за еден ден,а јас да не можам со години.. ме заборави Ако #наменеередот #ќао
Сега Славица од Подржи коњ ко ќе бапни од оние грдосиите Лабубу на чанта и ко ќе се уфилма дека е јака џетсетерка има да биде главна и да и љубоморат сите Подржи коњчанки колку е модерна. Дај бе барем возрасните соберете се во тоа главите и не бидете деца, не паѓајте на дебилни амерички трендови #небидиславица
Многу е тешко кога не знаеш како е личноста која некогаш ти значела се во животот. Полека почнувам да сфаќам дека животот си го зема данокот за давањето љубов на погрешни луѓе. Се помирувам, ама ептен тешко ми оди. Само сакам да знам дека е добро. Не ми треба ништо друго, не барам ништо. Ама ете,тоа е Казна за љубовта која ја давав без да мислам на моите повреди,кои моментални ги носам на грб. Проклето да е... душата ми тажи по цели денови, иако насмевката ми е многу широка. Ќе има ли ден? Кога нема да заборавам,а нема да ме боли. понеделник Е*и се
СДК, оној што го збореа тука со малолетничката, гледам некако е (суптилен) тренд и меѓу другите ала фини/културни/љубезни момци во општеството. Само што профилите се заклучени, па откако ќе помине осумнаесетката се прославува официјално. Какви педофили скриени прославија со малолетничките (пардон, сега возрасни) периодов. Зошто е уште табу тема ова и како никој не покрена кампања околу протнувањето и обликувањето на младите? Уште поважно, седи ли некој по дома со нив, чисто онака да си помуабетат на некои битни теми?
Мажи се "колнат" дека расизмот е препознавање на повторувачка шема на однесување. Но, се нервираат кога жени ја нагласуваат повторувачката шема на однесување на голем дел мажи и тогаш наеднаш "нема врска" и "не е исто".