Зошто ама зошто не сте воспитани, па и децата нормално ви се такви? Дефинитивно кревам бело знаменце, се предавам, јас не сум за гости
Уште колку пати ќе треба да го повторам ова за да биде меморирано во нечија глава? Ни во свој, ни во туѓ филм не сакам да бидам статистка!
Еден од најпаметните совети што ги имам чуено во последно: Подобро дај една шанса на 20 момци, отколку 20 шанси на еден.
Празнина.. Кога ќе загребиш под неа - лутина. А кога ќе загребиш под неа пак - тага. Огромна тага. Со години.. Сфаќаш дека тоа никогаш всушност не бил твојот карактер. Туку траумите во детството, кавгите, расправиите, болката, солзите, безнадежноста, безизлезноста, намањето со кого да се разговара... Иако поминало време, тие се тука, во вид на кнедла во грлото, стегање во градите, солзи кои сами протекуваат кога човек останува сам во четири ѕида.. Се прашуваш дали некогаш ќе помине таа тага. И наеднаш ништо ти нема смисла. Колку е заебано чувството кога некој ќе те праша нешто за детството или само ќе го спомни, а тебе ти навираат солзи кои вешто се обидуваш да ги скријаш додека во себе се прашуваш „Кое детство?“...
Многу сакам да трошам, да порачувам онлајн, мислам да немам лимит, милион нешта би испорачала без размислување, а сепак коа ќе видам како се слизнуваат средствата од трансакциска сум ваква Меракот се крши бе вака, нонстоп висам на апликацијата да видам каква е ситуација.. Сакам и да трошам и да останува нечепнато
Електричен тротинет е лош изум кој никаде не го собира и само пречи, по улица низ возилата, по велосипедски патеки или тротоари низ луѓево. Секаде се ко нешто што или некој ќе ги собере или тие ќе соберат некој.