Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.251
    Допаѓања:
    176.293
    Пол:
    Женски
    Од ''woke'' до ''alt-right'' рефлектира подлабок човечки модел карактеризиран со скокање во крајности, често поттикнати од емоционални потреби, онлајн „ехо“ комори и теории на заговор. Пред 10 години бевме во едниот екстрем. Сега сме назад во другиот. И без сомнеж пак по некоја година ќе се вратиме на претходниот.

    Како гледам на ова е: живејме во општество шо во својата срж е патријархално и конзервативно. То си има свои „трендови“ и прифатени однесувања и секое отстапување од тие воспоставени правила е соочено со осуда, отфрлање, насилство. Многу луѓе се осеќаат како да се оттргнати од останатите (најчесто во адолесценција и 20тите години кога градиме идентитет) и како резултат на тоа заминуваат во екстрем кој им дава слобода на изразување, автентичност и „живеење на своја вистина“. Ама, мислам дека тука е важно да се кажи дека дури и да го напрајме тој избор, општеството останува исто, а и влијанијата кои сме ги имале дур сме растеле и сме се оформувале. И тука одиме од еден екстрем, во друг. Како крлешка. А одење од еден во друг екстрем има само при „црно-бело“ размислување и неможност да се видат тие „сиви“ нијанси измеѓу. То би значело дека ако јас мислам така, јас сакам чиста насока на шо треба да мислам за да се поклопам со ова група на луѓе шо сметам дека го нуди то шо ми фали. Јас не се приклучувам на ова група на луѓе зошто јас сум стигнала до заклучок дека така треба да мислам. Јас се приклучувам на ова група на луѓе за да припаѓам. И ваквото размислување носи до барање јасни цели и идентитет на толпа. Пошто ова е тема на која често читам/ гледам промени, новости и општо контект - многу често е застапено кај екс-вегани кои после тоа одат да бидат карнивори. Да не беше тажно, ќе беше смешно. Зошто? Зошто од старт се приклучиле не зошто им е грижа за животните, или за околината, или за другите луѓе - безброј причини за да се почни овај lifestyle. Почнале за да припаѓаат зошто беше „тренд“. Ама не беше тренд wholefood wholegrain веганизам. „Секти“ на веганизам беа популарни како fruitarian, како raw till noon, raw till lunch etc. „Секти“ кои ако се држиш долгорочно до нивните правила си осуден да не успејш да се држиш до таква исхрана. И нормално дека кога одат во другиот екстрем краткорочно имаат одлични ефекти. Пошто телото им се распаѓало. И за некоја година ќе имаме од истите луѓе нови видеа за како се сега пак омнивори оти со карниворство телото им скапвало со години. И не само екс-вегани, ова е многу често во фитнес светот каде се оди во екстреми, каде се оди во диети (од диета во диета) и тие се истите луѓе кои запаѓаат пример во рацете на теории на заговор (против вакцини), или тие се тие кои запаѓаат од таков crunchy/woke lifestyle до то покасно да бидат tradwives и да плукнат на се шо рекле претходно на најгадниот начин шо можи. Океј забегав малку. Ај да се вратам на тема.

    Јас вервам во дискусија за формирање на ставови и јас вервам во менвање на ставови. Неќам кој и да чита шо пишам последните неколку дена да го доживеј како јас да сум против дискусија. Сметам дека ако одлучиш да си А или да си Б, вистина да верваш во то и да си спремен да браниш својата поента и ако не можиш да ја одбраниш, да си способен да ја увидиш и спротивната страна. Не да се предомислиш. Само да ја увидиш. Јас вервам во баланс и мислам дека за многу работи вистината е негде измеѓу иако морам да нагласам дека за човечови права и право на живот и достоинство на сите живи суштества - нема баланс. Или си за или си против. Не можи „по малку“ да си на то. Нејсе. Пак бегам од темата. Многу идеолошки поместувања произлегуваат од емоционални рани, а не од рационална дебата. Отфрлањето, burnout или губењето на верата доведува до срам, кој луѓето сакаат да го решат со создавање на нов идентитет. Новите системи на верување дејствуваат како да се раѓаме наново, како да градиме нов идентитет и сега сме подобри од шо бевме тогаш - „Бев измамен, сега сум буден“.

    А, шо не помага на се ова? Па алгоритмот. Мислам дека порано (се осетив многу старо ко го реков ова) беше полесно да најдиш луѓе со кои не се согласуваш и да комуницираш со тие луѓе без да западниш во „ехо“ комори каде само викаме и никој не чита или читаат исклучиво истомисленици. Алгоритмите на социјалните мрежи ги засилуваат драматичните промени и идеолошката содржина; и се дизајнирани да ги ескалираат ставовите од благи критики до екстремни идеологии. Луѓето ретко влегуваат во екстремни идеологии преку ноќ; наместо тоа, тие следат суптилна трага на трошки. Често започнува со љубопитност - прашање, сомнеж, лично искуство што не се вклопува во системот на верување. Таа љубопитност води до критика, бидејќи тие почнуваат да забележуваат недостатоци во идеологијата или заедницата на која некогаш верувале. Шо сметам дека тука е клучно, да сме свесни шо ни е важно и шо не ни е важно. Дали ова Х работа со која не се согласувам мене ме трга од целиот систем кој ми одговара/ во кој верувам. Дали ова Х работа со која не се согласувам значи дека сега јас мора да не се согласам со се останато? И зато ни треба дискусија затоа што ова оставено нерешено се претвора во бес - чувство на предавство, лутина и потреба да се потисне она што сега се чувствува како манипулација. Тој бес, штом ќе најде други кои го потврдуваат, се циментира како исправен и како нов идентитет. Поединецот открива нови заедници - често поекстремни - кои нудат не само прифаќање, туку и потврдување на нивниот гнев, позиционирајќи ги како храбри трагачи на вистината во свет полн со лаги. Она што започна како едноставно прашање станува емотивно патување кое не завршува во неутралност, туку во идеолошка спротивставеност.

    Интересна категорија на луѓе ми се оние кои неќат да се уствари на иста страна со то шо е популарно. Ако сега е популарно да си веган, тие ќе бидат гласно против зошто неќат да бидат „како сите“. Се шо ова носи е заедницата преку искусување бес. Да не речам, to each their own. Мислам дека ако можеше да се извај кој збор најчесто го пишам на форумот ќе биди „нерелевантно“. И сакам да кажам, иако ова категорија знај да е гласна и да зазема простор во дискусии, за мене е „нерелевантна“ зошто местото од кое доаѓаат ми е незначајно.

    И најважното, се ова го гледам со можност за зголемен ''susceptibility'' (како е превод на овај збор? тргнав од лековерност ама некако не ми сепоклопваше 100%) шо носи до запаѓање во дупка на теории на заговор. Теории на заговор ми е омилена тема од кога имам интернет (дете). Кога главните системи на верување пропаѓаат, теориите на заговор ја пополнуваат празнината: „Вакцините се измама од Биг Фарма, како инаку ќе прат пари од нас?“, „бидувањето woke ја уништува западната цивилизација и семејството“, „феминизмот го уништува семејството и им дава на жените лажна слика на слобода“ итн. Зошто се теориите на заговор толку примамливи за одредена категорија на луѓе? Обезбедуваат сигурност во збунувачки времиња, тие кои веруваат во теориите на заговор се „маркирани“ како баратели на вистината и екстра ултра мега паметни шо можат да забележат нешто шо другите гревчиња не можат ни да замислат, но пред се - ти даваат непријател. Дали тој непријател е Биг Фарма, дали е некоја корпорација, дали е некој политичар, држава, народ. Имаш непријател. И сите заедно го неќите тој непријател и се зајакнувате меѓусебе во ставот и омразата. И то е толку добро усмислено зошто навлегуваш така шо првите кои веруваат во нешто ти даваат „тајно“ знаење околу одредена ситуација и се гради чувство на важност. Ова промена е означена како „будење“, а не како радикализирање.

    Како шо реков погоре, јас апсолутно сметам дека толку луѓе на планетава мора да сме различни и мора да паѓаме на различно место под сонцето. За мене вистината за поќето прашања е негде измеѓу. Ама, кога има вакви драстични промени, предводени емоционално како шо пишав погоре - дали и зошто ваквите промени се проблематични? Замената на една крајност со друга не промовира раст. Напротив, носи до ригидност, непријателско однесување и психологија на толпа. Поларизацијата се зголемува, но вистинското разбирање и можност за промена се намалува. Луѓето стануваат реактивни и гласни, а не се насочени кон рефлектирање.

    За да имаме раст мора да толерираме нешто шо не е комфортно, да смејме да прашаме без то да е срамота и да се остава простор за идеолошка комплексност. Една од работите и главните проблеми на прогресивноста како тренд кој беше пред едно 10 години е шо не оставаше простор за прашања. Ако кажиш нешто грешно - си отстранет и те срамат зошто го рече; ако не знајш нешто - не си го „решил домашното“ и како смејш да припаѓаш на ова група со ова незнаење итн. А, дијалог, дискусија сите тие прашања би ги решиле и не би имале екстреми на луѓе од двете страни туку ќе имавме луѓе кои можат да комуницираат и луѓе кои се целокупно балансирани. Кога велам двата екстреми мислам и на прогресивните групи и на конзервативните, двата екстреми треба да нудат намалување на култура на казна, и креирање на култура на прашања и дискусија („нема глупо прашање“). Фали охрабрување на дијалог, охрабрување за дискусија или само разменување искуства. Не мора да се согласиме. Не мора да најдиме заедничко решение. Доволно е да се сослушаме за да го видиме и другото искуство. Во Јуни за време на Pride читав еден тред на Твитер и беше за queer култура и уметност. И коментарите беа многу непријателски настроени ако нешто не знајш. Како, о како, не знајш дека ова дело нарочно не е завршено зошто преставува живот згаснат прерано ради ХИВ? И тие луѓе кои вистина прашуваа и се интересираа беа осудени зошто веќе не знаеле. Никој не се родил знаен. Зошто ги антагонизираш луѓето кои не те судат? Зошто ги отфрлаш кога можи да имате дијаглог? Зошто се караш кога можиш да имаш дискусија? Ако некој се обидува да ја разбери твојата гледна точка - зошто би одбил да зборуваш? Зошто не знај од старт? Пак ќе речам. Никој не се родил знаен.

    TLDR From woke to alt-right pipeline е одраз на подлабоките потреби: за јасност, идентитет и контрола. Екстремите и теориите на заговор нудат олеснување, но ја искривуваат реалноста. Подобар „пат“ за нас лежи во сочувствително, критичко и флексибилно размислување, а не во однесување кое е тука само за да изнуди емоција/ реакција.

    upload_2025-8-2_15-44-26.png
    Секогаш велам, родена да бидам јутубер есеист - осудена да неќам да бидам пред камера. Родена да бидам барем блогер есеист - осудена да пишам на форум. Ваљда изборот да студирам психологија не бил случаен, ама некако пак се загинав уз пат. Пишам намерно во СДК без цитирање зошто не сум во можност за дискусија периодов ради приватни причини, ама премногу ми тежеше за да не се изјаснам негде. Пози4 мили4ки.
     
    Последна измена: 2 август 2025
    На Miss666, Biljarkata, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tropical Heat

    Tropical Heat Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2025
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Повеќето (несвесно или свесно) одбираат идеологија или група на делување од позиција на его и потреба да бидат прифатени у група која замислиле дека ќе е идеална слика за нив по која ќе се препознатливи и перцепирани однадвор а дали нвистина ги застапуваат тие идеологии тоа е сосем друго.
    А и навистина да ги застапуваат идат радикално у екстрем без да пробаат да научат нешто од другата страна која можда е точната.
    И се тоа сепак на крај произлегува од егото и чувството на контрола а не од желба за напредок и откривање на вистината.
     
    На Ѕвездена, HappyMe123, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.668
    Пол:
    Женски
    СДК 1
    Мое право е да лајкнам кого сакам. Невозможно е постојано да се согласувам со сите за сѐ. Па, така се случува и да лајкнам некој со поинакви гледишта од моите.
    Десен, лев, централен, крив и прав...Каков сака нека е, понекогаш наоѓам некоја зедничка точка со човекот.
    Ако суди малтретирање и убивање на невини лица (ко палестинските деца), да. Ќе добие лајк од мене.
    Не е битно што претходно сме „си ваделе очи“ на социјални мрежи и форуми. Некои суштински прашања и проблеми бараат сплотеност на различни страни за да бидат слушнати и решени.
    Чист пример е смешната идеја на смотаниот ни премиер за данокот за невенчани. Му се собравме, го потсетивме дека тоа би било кршење на правата и човекот се откажа, по што проба да се извади со глупав изговор. :rofl:
    :!: Камо среќа да се сплотиме и за далеку посериозни проблеми. Тогаш државава ќе живне.

    СДК 2
    Кој е спремен да ме прифати во сите мои изданија и кој ме третира како човек, а не како играчка која ја фрла кога ќе му здосади...Тој ќе добие потпора и рамо за плачење.
    Кој ме третира како играчка, ќе биде избришан од мојата листа!
     
    На M&M, Трагедијаупмм, ThePharmacist и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    467
    Пол:
    Женски
    Се нервирам деновиве од некои прашања што ме измачуваат веќе некое подолго време. Не ми е јасно како може едно машко да се заљуби! Најчесто машките си шараат наоколу. Си бркаат женски. Не знам како би успеало едно машко да биде посветено на една женска. Ете тоа е едно мое видување и размислување. Не ми е јасно.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.668
    Пол:
    Женски
    Не е проблематично да чувствуваш гнев. Проблематично е да не знаеш како да го канализираш гневот правилно.
    Да не знаеш како да го искористиш за да направиш нешто продуктивно, а не деструктивно.
    Тоа е разликата меѓу добар и лош човек.
    Разликата која ја одредува линијата која те дефинира како битие. Додека не ја преминуваш таа линија, ти немаш од што да се срамиш.
     
    На Danka Smotanka, M&M, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Машки
    Живеев многу грешен живот денес кје пристигне поп да се исповедам и психијатар да ме припреми за полесно да ја прифатам смрта попатно кје искористам некоја супстанца да ја променам свеста за подобро да капирам што се случува во таа состојба со целото наслетсво купив голема парцела и бесплатни гробни места за мештаните ps: морав да треснам нешто досадно ми беше. :D
     
  7. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Женски
    На никој жив на светов не планирам да се извинувам што го ставам своето и здравјето на моите деца пред било какви туѓи желби.
     
    На Gosh, BubamaraM, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    327
    Си ги обижавам моите комшики,секогаш знаат како да ми го поправат денот.
    :l:
     
  9. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    4.365
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека периодот што помина нема да се повтори. Ова лето здравјето не ме послужи . Ама затоа на друго поле успеав. Сама без ничија помош истуркав едно скалило погоре.
    Септември израдувај ме за второто скалило. Со душа те чекам 8)
     
    На LiquidLuna, st-el, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.036
    Допаѓања:
    13.881
    Studirav od srce, so zelba za toa shto go sakav. Profesorite me znaeja kako eden od podobrite studenti. Za shto? Da nemam eden den e... staz po strukata. Da ti se pluknam i vo drzava i vo se vekje. Totalno sum razocarana.
     
    На Gentlewoman!, DEFNEDEFO, bobimax и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    17.719
    Пол:
    Машки
    Јадам чипс лут и пцујам оти ми лути, а ми лути доста ама продолжувам да го јадам... :|
     
    На L.i.n.a.a, eliesaab, ItsmeH и 4 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.123
    Допаѓања:
    131.668
    Пол:
    Женски
    Им се восхитувам на родители кои одлучуваат дека нема да ги направат истите грешки како нивните родители. И не ги прават.
    Знаат што е погрешно и што ги повредува децата.
    Не ме интересираат изговори. Кога се сака, се може.
     
    На Lolipop23, LiquidLuna, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    545
    Откако го загубив бебето на секој чекор ми се појавуваат луѓе и ситуации кои уште толку, иако не знаат и прв пат ги гледам, ми буричкаат во раната.

    Сабајле в лабораторија, пред мене трудна жена. Во истиот момент ми навираат милион слики и сеќавања од бременоста, мислам дека ќе пукнам од емоции. Влегувам внатре, пребледена - дишам тешко, соочена со себеобвинувања дека не успеав (колку и да знам дека немав контрола, дека не сум виновна, некогаш е џабе), на конец сум да се онесвестам, маж ми ме држи.

    Лаборантката „Ааа ти очигледно немаш раѓано штом вака се плашиш“
    -„Имам!“...
    -„Па како не си надминала овие работи...?“

    Не се продолжи муабетот примети дека нешто се случува а јас само крепев сила да не се онесвестам и да не прснам...

    Ама АМАН! До кога жените ќе се чепкаат дали родила,ако не родила не е доволно силна, ако не родила се плаши...

    Да знаеш само како имам раѓано госпожа, ќе те прашам дали така ќе поставуваш и вреднуваш сила на жена.
     
    На L.i.n.a.a, Danka Smotanka, GirlLove и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Машки
    Кога се ти е на дофат раце и е лесно достапно не ти е интересно.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.169
    Пол:
    Женски
    Луѓето коишто поседуваат најмногу одговорност, најчесто се личности на кои другите се потпираат.
    Но, самите тие немаат своја поткрепа.
     
    На SummerGirl, Lolipop23, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.513
    Допаѓања:
    17.040
    Ејјј, колку им се восхитувам на скромни и човечни луѓе!

    Особено на оние што се јаки финансиски не трчаат насекое да прикачат стори, да пуштат пост и сл.

    Ставарно, сакам луѓе што не се истакнуваат.
     
    На SummerGirl, Miss666, zemzela91 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Среќен Меѓународен ден на младите!
    Да не потклекнуваме пред неправдите, повеќе да делуваме и да се бориме нашиот глас да биде слушнат.
     
    На GirlLove, eliesaab, Just_a_kid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sweety pie

    Sweety pie Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Добро бе,една работа никад нема да ја сватам????
    Зошто мора да ЛАЖЕТЕ?
    Нели ви е полесно да бидете искрени,или пак забавно ви е од другиот магаре да правите.
    Значи бедни сте .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ItsmeH

    ItsmeH Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2025
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    327
    Многу сакам луѓе кои зборуваат без престан. Ме смеат,пошто и така сум по природна смешка :)
    И после толку време конечно некој да ми го поправи денот,расположението,и енергијата.
    Знам само дека и од мене имало позабеган чоек.
    :rofl:
     
    На Sweety pie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.295
    Допаѓања:
    58.098
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа новото репост копче на Инстаграм. Можам на колку сакам објави и рилс да го кликам, без да објавувам сѐ на стори, дури и за оние работи кои е "опасно" да ги споделиш директно for reasons, но сепак даваш знак дека си видела и си се поврзала со објавата. 8)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.