Една мисла или збор кажан лош за друг на некој некој начин кје ти се врати,камоли некое злодело да направиш кје го сањаш три години. ( цитирам за нормалената раја )
Бев 15дена на одмор , од секогаш ми биле доволни од 3 до 5дена, не сум човек кој патува често ,ок ми е два пати годишно ,ама ајде овој пат 15дена и искрено пресреќна сум што се вратив дома ,не беше лошо на одмор ама , кој што сака нека каже ,дома си е дома ,најубаво чувство е некако , се мислам ако некогаш ќе се омажам како ќе профункционирам во туѓа куќа хаха
Денојве Спенџарска, Шијакоска, Ана, Миа сон не ќе може да ги фати, ушите жар има да им бидат од шо ги трачарат и озборуваат без престан наголемо, тие ќе си живееле живот како шо си сакале, нее нема така, како ќе каже форумско судско вече тако и че да буде И Лукас (не Аца) го заборајв ебаго, ни крив ни должен на*ба и ликов
Нешто ми се врти во главата,дека она што го мислиме го привлекуваме во животот.Тоа важи и за добро и за лошо ,на пример да се одбегнат некои непријатности во животот со мислите и обратно да привлечете некои работи во животот преку мислите позитивни
Има една изрека ѓаволот ја вовел трговијата на земјата и Бог ги тргнал очите од неа прават капитал на неморален начин подоцно градат цркви, крстови ставаат слики на социјални мрежи од манастири да се искупат кје помине некое време кје заборават и пак по старо не зборам за ситните риби што се зависници си го уништуваат животот и лежат за бадијала зборам за големите риби поздрав goodbye.
Ужасно ме нервираат луѓе што возат пребрзо, претекнуваат други автомобили и кога е дозволено/возможно и кога не е. Поготово кога не е. Ако не ти е мил животот, не ти се живее иди уби се, не одземај нечиј живот, некој кој сака да живее и животот е пред него
Гледам еден на инста, се фрла од хеликоптер со падобран, де со мижење, де главечки, де прави салто и се прашувам како го прави тоа со толкава леснотија, после ми текнува дека уствари тој повеќе пати се има фрлено него ли што јас имам испиено кафиња во животов. Размислував на темава и одговорот е едноставен, искуството е се. Од неколкуте скромни (и неспоредливи со ова погоре) адреналински активности што ги имам доживеано досега (ролеркостер, параглајдер, 85м слободен пад) дојдов до заклучок дека најстресното доживување не е во тек на возењето/паѓањето, туку стресот и тремата се дешаваат моменти пред тоа. Има еден краток "сега нема назад" момент, секунди пред да тргне направата осеќаш колку ти е мил животот. Ти се уклучува аларм да го извести телото дека не ти е веќе во комфорт зона и умот ти вика "друже, ќе се убиеш". После се помируваш и одиш with the flow, возењето е дури и забавно, си викаш "еве, ништо страшно". Кога ќе заврши дури и сакаш пак. Анксот станува помал и помал со секој следен пат, и на крај го снемува целосно. Муабетот ми е, кога планираш да направиш нешто што твојот ум го перцепира како големо, најголем е стравот пред да го направиш, не додека го правиш. Не мора да си адреналин џанки, туку вака е и во животот, најосетливи сме пред најголемите предизвици.
Периодов се изназборав со тон жени, со мое лице и име, со жени кои бевме и само познаници кои ми пишаа оти се нашле во иста ситуација како мене или едноставно да ме прашат како сум. Тие со кои кршев леб некогаш ни под камен не ги најдов. И се мразам дека ме здоболи ко ми текна и го сфатив ова. И најмногу се мразам оти и само 1/1000 да искусат од то шо искусив, и јас да го дознам то - нема да можам да останам имуна без да прашам како е. И уствари се осетив кловнесто денес зошто дојде та ситуација да прашам некој како е, и гледам... избришана. Другарка ми? Блокната. Лол.
Зборовите може да измамат, насмевката може да се одглуми, но очите никогаш не лажат. Тие се најчистото огледало на душата, каде што вистината секогаш се одразува без маски дури и тогаш кога човекот сака да молчи. Во погледот се чита се.
Цел живот ми е тешко станувањето рано наутро уште во школо кога одев па до ден денешен. Не функционирам едноставно, мачно ми е, ме боли стомак, нервозна сум. "Остарев" и уште не се навикнав. Затоа никогаш не сум работела на место каде што се работи само прва смена, не можам едноставно. А, утре сум прва на работа
Колку ми е убаво кога викендите ги поминувам со луѓенца што навистина ми значат, со кои се разбираме и сме искрени, со кои разговорите траат со часови и времето никогаш не поминува доволно бавно. Како вдишување чист воздух после сѐ, стабилно, без стресови, драми и задни намери.
Мајко, денес те молам да им дадеш здравје на сите. На сите оние кои самите си ставаат етикети, дури и на најлошите. А потоа да им всееш љубов во срцата, среќа во душата. Да процветаат од благосостојба. Денес е голем ден, твој ден Мајко Богородице. Вечен нека е, за многу години.
Зависниците не се зависници од кеиф зависници се за да си ја ублажат болката што и ја пренесува човекот и општеството.
Имав партнер, кој ме тераше да пијам Нерлево, во случај да сум останела трудна и почна да ми се правда како тој немал пари за дете, и од дома неговите немале и сл. Таа личност, ја избришав од својот живот. Замислете трудна да останев.....