Скоро речи 2 месеци поминаа од кога прекинав со бившиот. Понекогаш низ глава ми поминуваат сите наши заеднички моменти,убавите моменти. Тогаш ме облива носталгија,чувство на тага,како душата да ми е огледало кое се скршило и не можам да го соберам... Ама не бил толку вреден,затоа и не сум се борела. Покушав,ама се откажав,не вреди. Сега помирно спијам,душата ми е мирна,знам,ме научи дека кажаниот збор нема смила туку делото.. којзнае како му е .... Љубовта секогаш победува
Наидов на мои стари коментари во една тема и ми текна: па јас сум тука член од 2010 год. - цели 15 години. Колку време е тоа... Со што сум се соочувала тогаш, сега тоа е меморија. Еден ден и овој момент ќе биде меморија, овој период, ова низ кое поминувам. Има денови, недели и месеци кои ни изгледаат долги но сè поминува и времето тече. Живот...
Колку сум само СРЕЌНА! Многу често се прашувам дали заслужувам ваков човек. Вчера на работа имале некоја организирана прослава на која морале да присуствуваат и таму делеле пијалоци и храна и мојов мил маж "украл" бургер и компири и ми донесе дома зошто сум морала да ги пробам. Секогаш ми носи вака дома, пример некои колеги ако частат бонбонче за роденден или некој повод, он МЕНЕ ми го носи! Секогаш вади од својата уста и ако треба нема да јаде ама мене ќе ми даде. Како да не го обожавам!??
Една од многуте работи кои нема никогаш да ги сфатам. Зошто сосила и по секоја цена држите некој покрај себе? Сакате да го контролирате,а со тоа да имате целосно влијание на него? Или пак сте емоционално зависни без самодоверба и се плашите да останете сами? Или пак ви треба блискост и внимание? Нема да можам никогаш да им ја сватам целта на луѓето што држат некој покрај себе само заради тоа што влијаат на другите со нивната контролирана динамика,и се им е испланирано до најситен детаљ. Пушти го тој што сака да летне,ако е судено пак ке слета на твоето гнездо. Толку е едноставно,а толку многу комплицираме. ЗОШТО?
Роденденот на државата нема значење сѐ додека нејзините чеда бесрамно одмараат кај непријателите, кај оние кои им ги малтретираа и убиваа фамилиите. Сѐ додека молчат на неправдите оти личните ќефови им се побитни од болките. Странските душмани ја расцепија државата за миг, но домашните душмани ја убиваат полека.
Комити, пиреи, легенди - убаво звучат, ама реалноста е дека нè има само затоа што на некому тоа му одговарало. Кога гледам какви сме 34 години, поарно и да не нè било.
Благодарен сум на начинот на кој што ме воспитале моите, особено на мајка ми. Едно време се лутев и мислев дека имам луда мајка само затоа што се лутеше ако оставам палто на столот, а не таму кај што му е местото. Уште како дете секогаш ме терала сам да си ги собирам играчките, а подоцна и сам да си ја средувам собата.. Секогаш си велев "како 20 деца да имаш а не 2 па да не можеш да собереш", а дури сега разбирам зошто така се однесувала, не дека и било тешко само сакала уште од деца да стекнеме навики што и како треба. Ако оставев нешто расфрлано или не соберена маса и таа да собере по мене, секогаш ќе ми кажеше "немој да мислиш дека утре жена ти ќе оди вака и ќе собира по тебе", или ако нешто не ми се работело и сум сакал да се извадам со реченицата "па тоа е женска работа" секогаш ќе добиев одговор "татко ти зарем прашува дали е женска или машка". А татко ми иако можеби помалку учествувал во моето воспитување, сепак сум му благодарен што го имав за пример како треба да се однесуваш и што никогаш не ме бранел кога не сум бил во право. Навистина некогаш многу сум се нервирал за ова и слични некои работи, ама денес благодарение на тоа не станав човек по кој некој треба постојано да трча и собира, не станав ниту човек кој цел живот ќе зависи од неговите. Сум имал среќа, која за жал многу ја немале, да израснам во здраво семејство, без насилство, со љубов, ама и да бидам воспитан и стекнам убави навики.
Кокосови бомбици од Икеа. Небитна гласовна порака која некој ја преслушал 20 пати, само поради гласот. Бувчиња. Онлајн порачка, прва, а не за себе. 4 видови сирења и 20 минути доцнење. Вино, трева и свеќи. Внимателен но сигурен допир полн чувства кој води во шутка. Флекасти, позајмени чаши за вино од уметник. „Како помина дејотот?“ Две кафиња едно по друо од 5:20 до 7.30 наутро. Гледање на пораки само во нотификациите за да нема seen. Срам поради повеќечасовното страствено бакнување во јавни паркови. Прв бакнеж со градски точак in between. Бакнежи на чело, нос, образ, слепоочници... секаде. Грицкање на свежо пораснатата брада. Желба за допир и колебање. Проколнување себе си што не си отидов порано. Страв од поврзување. Од засакување. Од препуштање. Од кршење. Внатрешно руинирање. И мисли на тебе. Многу мисли на тебе.
Еј сопствената мајката ја тормозиш и зборуваш се и сешто вчера притисокот и бил висок и ќе ја умриш жената заради то што не си задоволна со имотот што ти го даде. Коооооолку си само мизерна и смрдена, напорно ми е да практикувам толеранција и почит насила онака. Одамна љубовта и довербата од мене кон тебе е изгубена, ова е сега само почит колку толку и да функционираме, смрдена една.
Само да се расправало вака,така,онака било насмејте се малку луѓе па и јас почнав да кажувам што требало што не требало секој нека живее како што си сака.
Баш ми е гајле што раскинавме.Мислиш ли дека имам време да размислувам и да се замарам за тоа кога можеби животот на баба ми е на конец?Кога сум во исчекување на резултати,неспиена,растревожена,нервозна????Кога последниве 2 недели е стопена многу повеќе од претходно????Што ќе ти сменеше и да ти кажев?Секако ќе трескаше врати и ќе си одеше кога мене до ништо бе ни е дојдено. Да,сменета бев,
Не спомнувајте нечии родители на некој чиј живот не го знаете. Не спомнувајте "Мајка ти ќе ти помогне" или "Татко ти ќе направи тоа и тоа". Не знаете дали тој има живи родители. Не знаете какво е чувството, каков нож е тој збор што го кажувате. Ми се случило неколку пати. Пред некој ден пак. Не реков ништо, не реков "Немам мајка", само си се повлеков. И тоа токму пред да навршат 4 години од денот. Не е сечиј живот така подреден вие како што мислите.
Preku k.. mi e od se vo ovaa drzava. Partizirana, nasekade samo lizaci na partii i samo tie dobivaat rabota i prednosti tuka. Zagadeno, za sekade da barash vrski da zavrshish nekoja rabota. Mrsh vekje. Seriozno kje razmislam da si odime od tuka.