Не можам да останам лута долго време на личност што ми значи. Фали само да ме погледни, една искрена насмевка и убав збор. Не знам дали е слабост или доблест, но после тоа одма омекнувам..
Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село…И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна… Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? – Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават. Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к…рац си некој? Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?! Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете. Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот- земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам…, напиша Даниела Јорданова на Фејсбук.
Се плашите од споредби, а се споредувате со други жени. Навредувате други жени и после ви е криво кога ќе се впери прст кон вас. Може треба да се преиспитате.
Што комарци агресивни ќе беа ова, цела сум со модрици и огромни црвени пликови по телото, како тепана изгледам, а не касната од комарци. Па и чешаат ненормално, а и сите ми се чудат како само мене толку ме касаат. Што баксуз ќе бев.
Сега сакам дрвена куќичка, далеку, далеку на врв планина, децата до мене како се играат, а јас како цртам и го "цепкам" голтка по голтка полу оладеното кафе, да не слушам никој освен смеата на моите синови, птиците, ветерот, музиката од листовите на гранките од дрвјата, рекичка и ништо повеќе ни телефон, ни интернет само едно обично мало на дугменца телефонче за да се јавам ако треба нешто (а нема да треба) , едноставно преку глава ми е трауматизирање дечиња, изживување од СТОКИ неизживеани, преку глава ми е компромиси за се, лицемери на секој чекор,, па и во куќа дури, аман!!! Болката во гради од се насобрано не можам да ја кажам, не можам да ја извадам, да можам да ја нацртам сигорно ќе биде црно платното со една најсветла точка, таа точка се синовите кои ме радуваат и исполнуваат се околу е срање, народ научен ако му идеш по кејф си арен, а ако не, тогаш нечиниш.
Мене ми се оствари желбата да ја видам Медина, да го видам замокот каде се снимаше првата сезона на Game of thrones. Толку многу улички, лесно да се загубиш, на пример да играш криенка со некого. А сите тие водат кон прекрасен поглед на Буџиба, Валета и Слима. Направив одлични слики иако не бев убаво облечена, но сепак пак ќе се враќам за да направам уште слики. Ах... За момент се замислив дека сум низ некој времеплов па ме облеа среќа. Убав ден.
Ич не ми е пријатно, кога не сум сфатена како што треба од блиска личност во врска со тоа што сум го рекла, па морам да се објаснувам. Преку глава ми е од вакви ситуации. Да не ми значи личноста, немаше да се објаснувам, зашто стварно немам ни намера, ни сила на секого да му цртам што сум сакала да кажам и зошто.
Идеш на форум да видиш што има ново и да напишеш твои мислења. Влегуваш во Фемина Инстаграм да си објавиш фотографии од твоите јадења како и сите други членови кои објавуваат таму и гледаш дека ти паметуваат да не ставаш кечап,а ти немаш ставено кечап во секое јадење и плус знаеш дека не треба. А,ете,ти ги лајкнуваш нивните постови за јадења без да им ги коментираш јадењата јер знаеш дека не треба да пикаш нос во туѓа манџа.Секој си знае што и колку му одговара. После скролаш по поновите теми и размислуваш дали и што да напишеш.Мозгаш и пишуваш.И оп,одма некој ти скока на твоето мислење.Не се согласуваш и оп,скокаш и ти. Кога ти им скокаш на нивните мислења,не им одговара,а они мислат дека имаат право истото да го прават на твоите. Бре,бре,тригирани... Ти велат да не лепиш етикети на некој/некоја,а они го прават токму тоа иако ги немаат сите информации за инцидентот во кој е инволвирана таа личност.Тоа не е во ред народе! Скролаш и понатаму... Се нашла некоја да коментира дека не е можно една девојка да нема пари ни за влошки од 20-28 денари оти дотичната мисли дека светот е розев... Ама не е,штета... Богатиот наредува,сиромавиот трча и офка јер нема ни за весник од 15 денари. Овој свет е суров!
Ме воспитуваа да бидам морална,да слушам постари,да не лажам,да почитувам стари луѓе но што со тие вредности во денешно време?
Мноогу, значи премногу се изнервирав денеска додека чекав ред во болница. Чекална преполна, чекав ред саат и нешто, пекол времето не се дише, и оп еден тип со мало девојче влегувс внатре, тоа збеснува, писка не се трпеше. Дојдов на ред и типов ми застанува пред врата вика јас сум на ред.. како реков вие на ред кога дојдовте последен, ама јас неможам да чекам само за упат сум дошол, епа, реков и јас за на кафе не сум дошла и си влегов и излегов like a lady за ништо не не бива.. страшно
Моментот кога ќе се врати некој од „странција“ и кога ќе почнат да „пиштат“ телефоните, небаре се вратил царот во Константинопол.
Една поранешна соученичка имаше профил на социјална мрежа со 1000+ следачи. Фати дечко, и прво ја натера 50% од сликите да ги избрише, провокативни биле. Сега ја натерал за да му докаже дека го сака да направи нов профил и само 120 души да има, само женски и од машки, братучеди, него и 5те машки од клас со кои учевме во средно. И уште вика од љубов така бил љубоморен, ја сакал. Колку ми е жал за луѓево заглавени во вакви токсични врски, за кои за жал сите ги гледаат освен самите тие, а кога ќе им кажеш, ти си љубоморен зошто они се најпресакувале...
Ако нешто се случува полека, не значи дека се одвива бавно. Убавината на неповторливиот момент е драгоценото време. Искусувам миг на емотивна ерупција во последнава деценија. Повторно зачуван ексклузивитет за мене, а молк пред останатите...
Bel den da ne vidite site vie rodnini sto se javuvate dva pati godishno odkako kje vidite deka ne my odi na covekot. Porano za Slavi, viziti, rodendeni nacrtani ni bevte na vrata od 12 do 12 ne si odevte. Budali bile moite sto kanea lugje kako vas. Nema jadenja sega, ve nema I vas. Dobro da ne vidite vo zivotot. Sega se praznici, neka ve kaznat svetcite.
Безвеза Ви е тоа бришње на постови, драги членови на тимот. Знаете како доаѓа ова? Одат во диско 5 другари и вратарот им вели: извинете приватна забава и не ги пуштаат. А позади нив 7 девојки по 16 години ги пуштаат слободно( во овој случај троловите по форумот).
Боже Господи, или дај ми покорисни луѓе околу себе, или овие што си ми ги дал направи ги такви. Те молам понизно.