Системот ваков, системот таков, бла-бла-бла. Како се создава системот, што е системот? Се заинтересирал некој стварно да сака и сфати што е систем? ..сè додека наивниот граѓанин (ќе) размислува за кого да гласа, слободно може да го игнорира воздухот, депониите, корупцијата, небезбедноста. За еден месец ќе се врати проблемот со ЈСП и нивните класични протести, па повторно ќе се збори за немање провев, врти-сучи понатака главна тема ќе бидат избори, ЈСП и недостаток на провев. Сумирано, сето е веќе сервирано и пак ќе се сервира како старо-нова вест. Класична рутинска шема. Пак да се вратам на системот, оти системот е збор кој често се употребува од (лажни?) патриоти, од оние кои ја сакаат државава ама исто ко да не ја сакаат, оти ја сакаат од далеку. Нешто како врска преку телефонска жица. Да не се лажеме, државата може да ја сакаат искрено само несреќниците кои останале во гаснава комора, меѓу куп психопати. И зошто е вака како што е, зошто се случи Прилеп (убиството со имотниот заплет), зошто се случи Велес?? Оти ич к** не ве боли, оти немате ни минута да издвоите за да се заинтересирате отповеќе за тој, буквално, до вас. Оти ако порано било комшија со комшија за арно и лошо, денес е: скраја да е, нека си решат сами позади ѕидови. Зошто избирате свесна пасивност во систем каде треба да сте проактивни? Зошто затварате очи и игнорирате? Дека не сте вие, дека тоа вам не ви се случува? Системот е свесно(!) молчење на обични поединци кои повторно, сосема свесно го охрабруваат и овозможуваат постоењето на насилството, корупцијата итн., ова мало дете мислам го знае и има капацитет да го поврзи. Секогаш кога читам за немил настан се згрозувам од моментот како членови на форумот куцат мал реферат за тоа дека се знаеле со жртвите, ко небаре е натпревар кој побрзо ќе ја сподели фасцинантната вест. И што кога ги знаеле жрвите кога не се заинтересирале? Што фајде? Системот е обичниот граѓанин како индивидуа, несвесен или поточно, самиот сака да е несвесен за да отпосле плука по државата, која патем е таква каква што е само заради неговиот придонес. Биди апатрид де и плукај колку сакаш. Ох, ми текна за турската драма (Mezarlik) која ја споделив пред месец дена во соодветната тема. Ја има на Нетфликс, ако ништо друго, едукација за тоа какви грозоморни убиства се вршени над жените. И гарант сега некои недоквакакани умови ќе речат што може да имаат турците подобро изнесено, па бар седнале продуцентите да сработат нешто асално.
Колку си најмајка од нула до јас се пораѓав природно, каков царски, ќе истрпиш. . Трпи ти трпано цел живот, не туку сеј злоба по луѓе ..
Цела Мкд не разбра, го зацрнеа градот. Па она па ова, па филмови..."Или мртва или моја" МАРШ У КУРАЦ И ист стил и се МРШ Во кој филм, живеете СИТЕ БЕ #FuckinStupidChoices М Р Ш, yште еднаш.
Несигурно место. Многу несигурно. Како некоја жена која во моментов нешто трпи ќе се охрабри да пријави? Кој нејзе ќе ѝ поверува? Колку пријави им се доволни? Трпеливост=Жена на Балканот Росица, извини.
Си ги гледам неколкуте тазе направени стрии на стомакот и ги сакам најмногу од сѐ на телово. Тие се моите највредни “тетоважи”. Доказ за животот што растеше во мене цели 18 недели а не успеав да го видам и помирисам Од претходната бременост немам ниедна, но ја имам ќерка ми до мене. Вчера од нигде никаде ми рече “мама ти си мојот женски суперхерој”. Срцето ќе ми препукне од љубов и тага истовремено…
Предобар текст , кој вреди да се прочита Животот е полн со стрес, брза храна, кофеин, месо, токсичен воздух и хемикалии, поради кои вашето тело мора постојано засилено да работи за да се алкализира – со цел да ги заштити органите и крвта од тоа да станат премногу кисели. Затоа е потребен постојан внес на алкална храна, за да се неутрализира вишокот на киселини што се наталожени во вашето тело. Еден начин да го постигнете тоа е преку консумирање свежо цедени сокови и мешање (блендирање) на зелени листести зеленчуци во нивна сурова, жива форма во смути. Кога јадеме премногу храна што го закиселува организмот (шеќери, едноставни јаглехидрати, алкохол, кофеин, преработена и пакувана храна), нашето тело, крвта и урината стануваат кисели, и тогаш органите што ја прочистуваат крвта (слезината, црниот дроб, срцето, бубрезите) почнуваат да работат под зголемен напор и се изложени на стрес, што ги прави послаби и поподложни на болести. Д-р Габриел Коусенс во својата книга „Постои лек за дијабетес“ објаснува дека целото тело станува подложно на болести затоа што токсините не можат да се исфрлат од организмот и почнуваат да се таложат во зглобовите – што може да доведе до артритис или гихт. Овие токсини ќе го најдат својот пат и на површината на вашето тело – преку кожата – оставајќи симптоми како егзема, розацеа ,акни, рани и чирови. Потврдено е и дека киселоста на организмот придонесува за други болести, како што се: рак, камења во жолчката, инфекции на жолчната кеса, импотенција кај мажите, висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар, астма и алергии. Бидејќи кај повеќето луѓе организмот е закиселен, свежите сокови и алкалната храна ќе ви помогнат да ги заштитите вашите органи и да го одржите вашиот внатрешен систем за чистење во оптимална состојба – со цел да бидете здрави и да се чувствувате добро.
Колку станува одвратен форумов , ко стадо овци еден ќе пише нешто и одма да се подржат се едни исти што знаат се , па уште срце душо ,да не се налути другарката хееххехехехе Го сјебаа форумов модераторите
Некогаш сакав есен, сега не. Уште помалку зима. Тешки, депресивни, меланхолични месеци се пред нас за преживување...
***Проценето е дека 75% од Американците се дехидрирани, а кај 37% од тие Американци сигналот за жед е толку слаб поради дехидратацијата, што најчесто се заменува со глад. Д-р Габриел Кусенс понатаму објаснува дека дехидратацијата не само што ве наведува да јадете повеќе, туку и блага дехидратација го забавува вашиот метаболизам за 3%, што доведува до зголемување на телесната тежина. Д-р Кусенс објаснува дека водата е универзален растворувач и антиоксиданс, што ја прави храната за сите живи суштества на планетата. Растенијата ги апсорбираат хранливите материи кога ги полевате, токму како што и вие ќе ги апсорбирате и растворите хранливите материи во крвотокот кога ќе се хидрирате. Бидејќи свежо цедените сокови влегуваат во крвотокот речиси веднаш откако ќе ги испиете или во рок од 15 минути од консумирање, давате себе си подарок на хидратација. Ова ќе му помогне на вашето тело и клетките да останат хидрирани додека се борите против било какви знаци или симптоми на дехидратација, што може да се припише на таа попладневна криза. Затоа, додавањето свежи сокови во вашиот дневен здрав животен стил ќе ви донесе повеќе хидратација, за да можете да го одржите вашето тело во сила, да бидете способни да се борите против попладневните кризи, да размислувате јасно и да го искусите животот како што треба да биде.
Ќе им помогнете 100 пати на едните исти луѓе . И ќе дојде тој ден пак да побараат помош од тебе и ќе ги одбиеш зошто си ги вадел 100 пати од калта и ти е преку глава веќе зошто никогаш не се цени и одма си злобен и лош. Да знам лоша и злобна зошто не сум глупа веќе .
Никогаш не мислев колку сакам да правам природни сокови и колку е тоа добро за моето тело додека не престанав да ги правам а после пак почнав. Без разлика како човек се храни можете да имате корист од правењето природни сокови за да го исчистите вашето тело, ум и дух Главни причини за појава на дијабетес (шеќерна болест) се стресот и консумирањето на масна храна. Под масна храна се подразбираат намирници од животинско потекло, а студиите покажуваат дека најмногу заболени од оваа болест има во земјите каде што се консумираат најмногу млечни производи (Америка, Шведска). Бројни примери на излечени пациенти покажуваат дека е можно да се излечи не само дијабетес тип 2, туку и дијабетес тип 1 (дијабетес зависен од инсулин). Два главни чекори во лекувањето на оваа болест се преминување на 100% сиров растителен режим и цедени сокови, и голема физичка активност. За почеток, потребно е да се поминат најмалку 5 до 7 дена само на сокови од зеленчук, а потоа да се премине на сиров растителен режим. Резултатите се видливи многу брзо, по само неколку дена. Со доведување на нивото на шеќер во крвта до нормални граници, доаѓа до моментално повлекување на сите други придружни проблеми што ги предизвикува дијабетесот, како што се проблемите со видот, бубрезите, крвните садови и др. Пациентите кои се на инсулин можат да ги следат нивото на шеќер во крвта и со неговото опаѓање да го намалуваат дозата на инсулин, а со упорен и дисциплиниран труд да го елиминираат целосно. Најдобрата билка за дијабетичари е белиот лук, кој го намалува нивото на шеќер во крвта и поттикнува продукцијата на инсулин. Исто така, лутата алена пиперка е многу корисна во лекувањето на дијабетес, бидејќи ја подобрува циркулацијата. Бобичките од брусница (клека) исто така се многу ефикасни, бидејќи го поттикнуваат работата на панкреасот. Кај лица каде што дијабетесот напредувал и не бил лекуван, се јавува појава на гангрена на прстите, најчесто на ногата. Во тој случај се применуваат хидротераписки третмани, така што нозете се потопуваат во што понова вода, во која се разматени ѓумбир и лута пиперка. По неколку минути, нозете се ставаат во друг леген со ладна вода, а целиот процес се повторува неколку пати.
Посебно ме иритираат луѓе кои просто кажано бараат кавга во сѐ и со сите. Арогантни мрчатори. Врие Скопјево од нив. И не прифаќаат “извини” туку уште толку се запалуваат ако им се извиниш (а претходно те нападнале со острина и безобразлук несразмерни со “грешката” што си ја направил/а). Демек ти одржале лекција. Мрш таму
Не знам кому му треба да го чуе ова, ама не мора баш во сѐ твојот збор да е последен. И колку и да се сметаш за начитан, интелигентен, образован, не знам што, не значи дека твоето е единственото точно а другите што не гледаат така се глупави или нешто помалку од тебе. Бидејќи верувале или не, повеќето работи не се црно бели. Понекогаш не е лошо да се повлечиш и си го задржиш мислењето наместо да се докажуваш до бескрај, нема скоро на никого да му го смениш мислењето, а и не ни треба.
Де бре до кој степен се спремни да идат мажите кога ке видат слободна и убава жена??? WTF!!!! Значи не се сите лесни,и не ви се сите на послужавник ставени. Значи ни вие сте султани нит ние сме робинки,па да може да не одберете кога и да посакате. Не спијам со никој за вечер,две три па пиштол да ми стават на челото .... The end of story. Ако вие немате самопочит друг има. Ај сеа сиктер бај бај.
Македонец за Грците, Грк за Македонците или за неприпаѓањето. Многу често, кога сум во контакт со официјални лица (пасошко, полиција или какво да е униформирано лице) го добивам прашањето - што сум? Од каде сум? Какво ми е презимето? (не, не е работа на официјалните лице да знаат какво потекло водам). Секогаш обожавам да кажам Грк. И само во тие моменти припаѓам некаде. Дали ме прави тоа Грк? Не. Дали јас, лично, во себе чувствувам дека сум Грк? Не. Дали некогаш сум се чувствувал дека сум Македонец? Не. Дали некогаш ќе си ја одредам својата етничка припадност? Не знам, не би знаел да кажам дали некогаш во иднина ќе чувствувам некаква гордост/среќа/задоволство да припаѓам некаде. Дали тоа што сум се родил тука, го зборувам овој јазик (македонскиот), ме прави член на некоја заедница? Во формална смисла, да. Но, јас секогаш сум припаѓал на неприпаѓањето, во просторите кои се надвор од веновиот дијаграм. Дали тоа значи дека отфрлам сѐ што е македонско? Секако дека не. Дали тоа значи дека прифаќам сѐ што е македонско? Секако дека не. (помисли, колку бендови/колку писатели/колку сликари/колку поети слушаш/гледаш/читаш затоа што се македонски?). Дали тогаш, така сфатената уметност е уметност, дали навистина уживаш во уметноста доколку една од нештата што ги издвојува тоа што географски си роден во просторот на нејзиното создавање. Јас не припаѓам никому, затоа што припаѓам секому. Дали тоа значи дека јас помалку чувствувам за местото каде што сум роден? Јас го сакам секое место каде што сум. Дали јас треба да ја прифатам традицијата или да се чувствувам виновно затоа што не ја прифаќам традицијата? Дали јас треба да се чувствувам виновно што либански мелос ми е лично подраг од традиционалната народна македонска музика? Дали јас треба да прифатам културата на нашата земја (Македонија, да не помисли некој дека се плашам да пишам Македонија )) ), традицијата, музиката, книжевноста по секоја цена? Не. Дали мојата култура е таа која сум предодрен да бидам? Не. Или во поширок контекст, дали сакам филмови доколку сакам српски филмови, на пример? Ок, дали може обратно - дали доколку сакам српски филмови, а не сакам филмови општо, дали тоа е некаков знак? Дека културата е прифатена како оставштина, неизбор, туку судбина. Дали треба да ја преиспитаме нашата традиција, култура, нашите желби, тоа што сакаме? Да. Дали мора да го промениме нашиот однос кон нашата традиција, култура, нашите желби, тоа што го сакаме и откако ќе ги преиспитаме? Не мора. Може и да имаме афирмативен однос, секако.
Повторно и повторно ми се потврдува мислењето дека максимум треба 3-4 пати да цитираш на форумов, на одредена тема. Ако не успееш да си го искажеш ставот и мислењето во толку цитирања, нема да успееш ни во 10. Бесцелно е. Цитирање до бескрај не значи дека некој го имал последниот збор, и е "паметен", туку значи само вртење во круг и игнорантност. Толку.