Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Mięta

    Mięta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Машки
    Убаво е чувството кога од xxl облека почнав да си купувам s облека.
     
    На BubamaraM, TammiB5, Bettina23 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.574
    Пол:
    Машки
    За 50 евра си купувам мир.Парите се заработуваат ама спокојот мој е бесценет.Исчезни после тоа
     
    На senjorita-v и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Заглавив во просторот и во времето.
     
    На lovely91 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. SURF

    SURF Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.480
    Пол:
    Машки
    Јас :sun:
    554818432_10161290821417030_4748028577467889914_n.jpg
     
    На senjorita-v, DEFNEDEFO, BubamaraM и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.878
    Допаѓања:
    81.021
    Пол:
    Женски
    90% од луѓево велат за девојките: Како не го виде каков е, се гледа кој е психопат, се забележува кога некој ти е опасност. НЕ. Од најмирен, што го познавав 5 ипол години, стана некој што демне, се заканува, организира групи да тепаат некого, влегува дома кога нема никој и те чека. Апсолутно не е точно дека може да се знае и забележи нечија забеганост.
     
    На DEFNEDEFO, eliesaab, Mrs. right и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Психијатар и психолог кје те процени во моментот додека те посматра а како кје те процени целосно кога ни ти самиот незнаеш каков си и како би реагирал во одреден момент и ситуација се се менува и убаво е тоа народски кажано како времето така и луѓето.
     
  7. Mięta

    Mięta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Машки
    Пред скоро месец искочив со девојка со која имам историја, која речиси трае две години. Не станува збор за континуирани две години, но првите контакти ни беа така, септември 2023, иако, година дена како јас се отргнав целосно и не сум јас тој кој што ја бара, а таа е таа која речиси секој втор месец ме бара. Не ја обвинувам, ниту гаам негативни чувства спрема нејзе, разбирам што доведува до тоа и да се однесува така и да прави такви постапки. Сфаќам дека јас само сум се нашол во право време, на право место како совршен слушател и нашиот однос не е личен. Извршував функција. (Јас самиот допринесов да бидам во таа позиција, не сакам поинаку да се разбере). Пред месец дена ме одби. Секако има право и ја почитувам нејзината одлука. Но, не знам зошто повторно ми пишува (или знам, ама ај тоа не е за тука). Иако ме одби, јас таа вечер си поминав многу убаво. Искрено, гледајќи се од дистанца, (не сум самобендисан, ниту преполн со самодоверба) јас уживав со себеси. Зборував за сѐ што сакам да зборувам, се однесував како што само некогаш сум се замислувал дека ќе се однесувам. Од поезија до политика, од музика до филмови. Се смееше до солзи и можеби тоа е нешто што ми покажува дека сум на прав пат. Прв состанок ми е по цела година, сфатив колку убаво се чувствувам во таква констелација. Искочен со девојка. Не ме повреди тоа што ме одби (веројатно, игра улога и тоа што има историја нашиот однос, историја која не е толку убава). Сепак, понекогаш историјата е претежок товар. Кога се разделивме, се чувствував убаво. Често помислувам на нејзе, ама тоа и не е толку заради очекуваната причина. За жал.
     
    На Lady Miami, DEFNEDEFO, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.378
    Допаѓања:
    59.008
    Пол:
    Женски
    Јас стварно не сфаќам кога ќе речат "не се замарам со политика". Океј, твој избор, ама кој треба да се замара ме интересира? Еве стварно не знам како ги замислувате тие работи да одат. Едните ги гласаат вмро/сдсм по традиција, другите "не се замараат со политика", па затоа сме овде каде што сме. Ко демек ми смета системот и како сѐ функционира, ми смета што не можам една нормална работа да завршам по институции како што треба, ми смета што секаде има мито, корупција, врски, ама јас не се замарам со политика, ќе седам и чекам некој друг да ни го реши проблемот.
    Инаку не сум член на политичка партија, ниту планирам да бидам, само стварно никогаш нема да го сфатам мазохизмот и пасивноста на нашиов народ. Нема никој да дојди и да ни ја опрај државата, самите се доведовме во ваква ситуација.
     
    На DEFNEDEFO, nextredstyle, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    9.904
    Пол:
    Женски
    Денес е посебен ден, роденден на мојот татко . Понекогаш помислувам зошто ме створил и како живеел тој пред да се родам јас .Ме поврзува мислата за почетокот на мојот живот,дека некои работи во животот ми се случувале околу датата на неговиот роден ден.Како што доликува, направивме торта и ќе славиме .Јас нема да дочекам да бидам родител ,и незнам зошто тоа не ме погодува .Ама сакав да знам како е да осетиш дека имаш свое семејство,твоја крв , наследство на лозата.Чувствувам само дека сум живеела и во главата ми се вртат слики и спомени . Животот е едно цело чудо .И дека припаѓам на еден маж со душата ,и тоа исто така ми носи некоја мисла честопати .
     
    На eliesaab и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.878
    Допаѓања:
    81.021
    Пол:
    Женски
    Некогаш беа тренд тенки веѓи. Потоа дојде ерата на дебели веѓи. Се надевам дека следниот тренд нема да е немање веѓи или правење сосема неприметни како примерот на Мајли Сајрус и Џена Ортега.
     
  11. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Девојки/жени шо користат зборови (злоупотребуваат) како 'менсплејнинг' , ми се ' red flag '

    Исто така, кога на други женски единки им се обраќаат со "женче/женички" :puke:
    Stay away from me :tmi:
     
    На Mumoftwo30, eliesaab, potatoface и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.550
    Допаѓања:
    22.902
    Пол:
    Машки
    Good guy не е лигуш што нема свое јас. :)
     
    На senjorita-v, Mumoftwo30, KiT и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.568
    Допаѓања:
    16.678
    Пол:
    Женски
    Жени што викаат дека се осеќаат убаво во бременоста валјда лажат. среќен си, за убаво е, благодарна што иде бебка, ноо не верувам дека со сите различни симптоми некоја се чувствува убаво и пријатно. Башка телото, кога од 50кг ќе отидеш на 60,70кг, стварно е тешко :whew:
     
    На senjorita-v, Макаронкаа, franca и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Психијатарите треба да се грижат за својте пациенти како за свој деца но за жал тоа беше само учителката од прво до четврто,,ВТОРА МАЈКА"
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    9.904
    Пол:
    Женски
    Колку и да ги бришам трагите од некои луѓе,споменот не може.Боли ,понекогаш .
     
    На lovely91, st-el, franca и 2 други им се допаѓа ова.
  16. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    3.354
    Кога се чувствувате лошо, престанете да јадете храна и преминете на сокови :)
    Кога животното е болно ,најпрво престанува да јаде. Тоа само пости. На ист начин и ние, луѓето, кога сме болни, најпрво треба да престанеме да јадеме. Постојат многу причини за тоа.

    Храната бара огромни количини енергија за варење односно, крв и енергија. Нашиот дигестивен систем, кој најмногу се состои од мускули и ткива, се исполнува со крв. Кога не јадете, дигестивниот систем се одмора и целата крв и енергија можат да се насочат кон деловите на телото што имаат потреба од лекување.

    Луѓето често прашуваат: „Што да правам при оваа или онаа болест? Што да правам при дегенеративни заболувања, срцеви болести?“
    Одговорот е: постење со сокови.

    Едноставно кажано, кај секој здравствен проблем, суштината на лекувањето е во постот со сокови. Нема некоја специјална, магична комбинација за оваа или онаа болест — суштината е иста: консумирање на природно цедени сокови.:f:

    Многу луѓе се болни затоа што нивното тело не произведува доволно инсулин или доволна количина тироксин од тироидната жлезда, интерферон или имуноглобулин, за да имунолошкиот систем остане силен. Не произведуваат доволно естроген или прогестерон или тестостерон. Сите тие хемикалии се создаваат од хранливите материи. А една од работите со кои ве снабдуваат соковите се токму огромни количини хранливи материи. Тие ја одржуваат рамнотежата на вашиот метаболизам, хормоните на ендокриниот систем, тироидната жлезда, панкреасот и репродуктивните органи. Соковите претставуваат највитален и најважен дел од самиот процес на лекување, без нив вашите шанси да се излечите се драстично намалени, речиси никакви... соковите обработуваат голем и најзначаен дел од работата во процесот на лекување.
    hladno-cedjeni-sokovi-naslovna_faf95f01-27f3-418b-a3c0-7063b5b4ac10.jpg
     
    На anggell, rainbowec, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.352
    Допаѓања:
    177.442
    Пол:
    Женски
    Ко ќе седнам да читам/ слушам луѓе како зборат за храна и го исфрлат она: "ама чоекот е месождер", се шо сакам да му речам е: "go off queen, you little tiger, задави жива срна со твоите месождерски заби". Пошто храната за стока (овес пример) ако ти можиш да ја обработиш и да добиеш нутриенси од неа - имам лоши вести за тебе крволочен месождеру. Сештојад си. Да не речам ... биологија за прво одделение. Ќе седните да учите со децата - грешно ќе ги научите. Па кој ќе се кара после со наставниците за петката без ѕвездичка.

    Шо значи да си сештојад? Ако се најдиш во ситуација да јадиш само месо - нема да умриш. Ако се најдиш во ситуација да јадиш било шо друго, бобинки ете - нема да умриш. Ако нема разновидност во исхраната нема да е идеално ама нема да умриш. Мачка ако не внесва храна од животинско потекло прво ќе почни да губи боја на крзното, па слух и рефлекси, па ќе умри. Оти не можи да преживеј зошто е биолошки месождер. И ко ќе отвори устата with the little teefs - знајш дека е месождер. Од друга страна иако имаат големи teefs, куче ви е пример за омнивор, или ко шо расчистивме горе - ситуациски јадач/ сештојад. Исто ко и чоекот шо е омнивор. Зато и толку кучиња со лоши сопственици преживуваат на леб и не им е ништо. I'm judging tho. Само зошто можи да преживеј така не значи дека треба да живеј под тие услови. Ама ај, заштита на животни е тема за друг пат.

    И за крај, многу иронично ми е ко ќе се плука за нечии misconceptions околу храна, дур и то шо го нудите ко реплика е ... исто толку misconception.
     
    На senjorita-v, Angie1432, Космонаут и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    132.600
    Пол:
    Женски
    Кога кажуваат дека прерано починале некои вредни и добри луѓе, станува многу тешко.
    Се прашуваш каков ќе беше светов да не си заминаа.
    Можеби ќе го тргнеа сивилото. Можеби ќе ја кренеа државава од она мртвило во кое е западната. Патењето ќе завршеше наместо да продолжува.
    Ние што останавме не сме за фалење.
    Што правиме?
    Само тонеме кон крајот и не смислуваме план како да се вратиме на површината. Пандемијата дојде и си замина, а ние останавме заглавени во едно место.
    Нема заедништво. Нема љубов и мир.
    Нема желба да се гради, само да се урива. И толку ќе биде.
    Не од виша сила. Ниту од вонземјани, ниту од матриксот. Самите ќе направиме еден ден да згасне и последното светло...
     
    На SummerGirl и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    1.048
    Внимавајте што и колку плаќате, секогаш барајте фискална сметка, во спротивно ќе си платите и за тоа што не сте го порачале.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    9.904
    Пол:
    Женски
    Животот е лавиринт во кој крајот не може да му се најде
     
    На lorenn, Cutiepie1 и eliesaab им се допаѓа ова.