Глупава Македонска Реклама Број 234657098468 Некои велат дека не постои лоша реклама, но не се во право. Треба да се прашаме дали во маркетинг агенциите работат тодлери или возрасни луѓе. Лоша реклама постои и тоа како, плус треба да биде доволна причина зошто на некои места треба да се стават клучеви. 1. Политичари Зеле секакви ликови за во спотовите. Ликовите прават ладни чудни фаци и мавтаат како роботи. Делува како да сакаат да убијат некого и со мавтањето како да ни порачуваат дека партиите ќе продолжат да нè мавтаат (што секако веќе го знаеме). Политичарите употребуваат застарени изрази што во денешно време не се ни дозволиви во политичкиот свет. Ништо суштинско не слушаме, само куп глупости што ги вртат на секои избори. Баш да нè натераат да останеме дома, не да излеземе на гласање. 2. Дуќани за Техника Аман веќе од Лазаров и Џамбазов. Типови кои знаат да направат само скандали и да зборуваат нешта што ги вознемируваат жените. Да не ни се влегува веќе во дуќаните. 3. Локал за Брза Храна Наместо да се посветат на подобрување на вкусот на гирата и да ангажираат тим од професионалци кои се свесни дека снимањето на устата во близок кадар и играњето со храната се некултурни и одвратни акти, они зеле и снимиле реклама со типка која помислила дека снима порно, а не јадење за деца и возрасни. Да ни се одмили храната. Заклучок Не треба да има работа за личности кои немаат поим од етика, култура и морал. Само му наштетуваат на светов.
Колку ми е одвратно времево во кое живееме , ако кажеш на некој дека здрав начин на живот може да ти помогне за некоја болест , одма си ненормален,ама ако јадеш месишта свињи ,телиња кокошки се е тоа ок ,ако не јадеш Хамбургер си пиши пропало , доктор што се дрогира е нормално, ако пиеш цеден сок ,си ненормален, шеќераш итн , не е ни чудо што светов е таму кај што е , се ненормално станува нормално Заклучок на денот и неделата Најтешко е човек да уклучи памет и да размислува
Колку ми се без мозок родителиве што ги носат децава по митинзи па уште сликани на социјалниве мрежи ,мислам со кој памет хелоу труење од мала возраст
Баш рачунав сеа дека од крајот на април коа почнав да порачувам, па до сеа сум потрошила над 30.000 на Тему..
Како да бидете на принуден fasting, живеете сами под кирија и ги поебувате сите пари на облека a до нареден прилив на пари има уште 11 дена, имате и гордост за да не потражите на заем. end results: и дотерана и згодна
Онаа „какви ти се мислите, таков ти е и животот“ често се покажува како една од најголемите глупости некогаш кажани. Колку сакаш биди позитивен/на, многу е можно дека нема да се случи она што го посакуваш поради ликови чија цел е да ти го ус**ат животот на секаков можен начин.
СДК1: овој народ не заслужи луѓе како Панчо и Андреј, на онолкаво плукање тек последните месеци за Панчо..Безосетни суштества кои обожаваат да лепат „слики“. Човек се сака само кога е жив, после пиши пропало. Тоа најблиските ќе ги боли, тие другите што вистина гледале што правеле. Сето останато е да се биде дел од една бледа толпа која инаку вон овој настан е крајно безобразна, па згора и дрска (тоа фино се гледа преку најобични секојдневни случки откако ќе излезете рано наутро, па сѐ до крајот на денот). СДК2: ..заради недостаток на луѓе кои прават да се почувствувате „живи“ во духот секојдневно, немојте, ама немојте да се повлекувате(!). Секое изложување, секој отпор е ваша борба, секое ваше заземање за себе е дел од тоа што сте. Ако нема такви како погоре, вие ќе бидете такви, вие ќе дадете повод некому да му биде убаво. Во свет полн г***арии, притисоци и што ти уште не, верувам дека на крајот од денот (или сакам да верувам дека кај секого е така) останува само тоа како сте се почувствувале. НЕ романтизирам, чувствата се потребни за да на крајот на денот сфатите дека секому му треба еден ветар во грб, исто како што и вам ви треба. Суетата е тешка човечка дамка, која сѐ повеќе се провлекува во меѓучовечките односи. Кога ќе го „извлечете“ од луѓето најдоброто, кога ќе бидете доволно агилни за да откриете нешто за нив што никогаш никој не го видел, вие растете уште повеќе со нив. И да, се учите самите уште повеќе, откривате уште колку има за растење кое и те како е овозможено само со комуникацијата со другите луѓе (без разлика колку и да се незгодни). Оти најлесно е да се одземе желбата дека некому, некаде си му потребен, како што и се случува. А најтешко е да се даде, тогаш и кога некој нема како да ти врати (и не треба да ти врати). Во тоа е убавината, тешко оној што не сфаќа.
Македонче: сакам промена во татковината. Истото македонче на секои избори: чекај да ги заокружам моиве. Кои твои, бе? Кои? Оние кои го продадоа името на твојата татковина против твојата волја или оние кои молчеа дур првиве го правеа тоа? Двете дна ли што пикаа пари во џеб дур луѓе гореа и гинеа во објекти и на патишта? Како тоа сакаш промена, а упорно ги гласаш истите иако гледаш дека ти ја тонат државата? Промената може да започне само со тебе. Ако одиш, оди и дај им шанса на трети. Ако не ти се дава глас за трети, тогаш остани си дома. Не дека тие трети ќе се загарантирано подобри од првите и вторите. Веројатно нема да се. Но, ваквиот чекор е единствената казна која може да ја растури магијата или манипулацијата на првите и вторите под која толку лесно си паднал. Инаку ќе продолжиш да ја трпиш истата болка со години...
Јас кога слушам од некого или читам на форуми ругања за евтини брендови иако не се лоши: Јас кога во објектите или на улиците гледам многу луѓе кои носат облека и чевли од тие брендови, значи дури и лица од високата средна класа и богаташи (кои можат да си ги дозволат и поскапите и најскапите), но сепак почесто ги бираат овие: Сфаќам прашање на вкус, но не и ругање на нечиј труд и нечиј единствен избор за облекување во тешки времиња. Зошто е тешко да се коментира без да направи некој омаловажен оти сака да купува паметно, не преценети Инста/ТикТок трендашки кич рува. Дури и некои коментари ми се смешни. Некои луѓе не следат веродостојни извори од прави експерти, туку од инфлуенсер/ки кои немаат допирна точка со темата. Плус, да ги слушаат тие експерти ќе знаат дека џабе лаат. И ќе научат дека и да е поевтин и да е поскап блузон или џемпер во прашање, сепак не треба да се пере во машина дури и да е наведено дека може бидејќи тоа зависи од материјалот или комбинацијата на материјалите. Гуглајте пред да перете, аман... Уште посмешни ми се коментарите за земјите на потекло на евтините брендови и нивните фабрики, со толкава увереност дека поскапите брендови стварно се премиум и не се споредливи. Некои од двата имаат фабрики во истите азиски држави, а тие од поскапите кои немаат свои фабрики таму, во позадина им плаќаат на овие поевтиниве да им произведат линии и само да им ги зашијат нивните етикети. Ете, не е џабе кажано она „додека има овци за стрижење, ќе има и волна“.
Најјаки се ново регистрираните членови кои одма заклучуваат инбокс и одма стануваат активни во секоја тема , провидно многу Ама, што има врска и онака форумов стана напорен , секој еден коментар на одредено мислење е со иронија, подсмев и јас сум најпаметниот
Сакав да вежбам тарот, и малку луѓе од тие кои ги знам (не се ни пробвам ако не знам некој) имат храброст за да им гледам (да речиме дека сум од оние шо гледат се најлошо), па си гледав сама. Си викам ај, дали ќе најдам љубов во 2026. Ми вика да. Ама витез на мечови, отпревртен - агресивен партнер, контролирачки. May that kind of love never find me.