Страшно колку повеќето луѓе се ограничени и исмејуваат здрави навики ,т.е. цедени сокови , од кај што научиле само дека ќе фатат шеќер а величат легални убијци што свесно не им давале лекови на луѓе болни од рак ,беспомошни , поткуп за здравје и уште што не, срамота , од здравствово бизнис направија уште имаат лице да се покажат ,да сум доктор би се сокрила некаде после се што се направи на народот, а д-р а бизнисмен ,нема разлика пу П.с. многу ми е чудно и безврска што се дозволија, машки членови на форумов, ми делуваат како некои тетки да не речам баби на чешма кои се бават со рекла казала муабети Убав продолжен викенд на сите
Чудно ми е кога гледам луѓе како мијат раце само во вецето, но не и во кујната. При излегување пак допираат кваки и прекинувачи на кои има многу бактерии доколку не се дезинфицирани.
..(така, понекогаш) набљудувам ликови и гледам како им е сето скоцкано, па од пуста досада сами си разрушуваат сè ко кула од карти. Јас уште не сфатив што порив треба да те износи за да (самоиницијативно) рушиш сè. Ако веќе рушиш, руши го тоа што е гнило оти негнилото е греота да се (от)фрли. Не за друго, има многу ситуации за луѓе, сето од луѓе за луѓе, ама па мизерија е да се нема некој (себе)срам до каде се тера. Упростено, не прави така како што не сакаш тебе да ти прават оти колку и да е клише сето е урамнотежено.
Дали е некој нов тренд, кога ќе прашаш менаџмент за нешто нејасно во работата, да добиеш половичен одговор ? Ама не ќе да е, значи поставуваш едноставно прашање и добиваш половичен одговор, кој може да да биде толкован на 5 различни начини, и ти бираш еци пеци пец, и се молиш да погодиш. Оти ако препрашаш си глуп и досаден. Што е толку тешко да се пиши, прецизен конкретен одговор? а ова гледам дека и во многу фирми е проблем, слаба комуникација. Дали сериозно постои нормална фирма еве конкретно кај нас, каде што постои беспрекорна комуникација, меѓу менаџментот и вработените.
..кога се наканувате на гости и му се бесите на врат некому, онака групно, ставете си прст на слепоочница и запрашајте се дали некогаш претерувате (ама бидете објективни). Чисто од куртоазија, викендашки, за неготвење е муабетот. Уште па и менито ќе го бираат. Си размислувам, зошто досега не се обесував вака, ваљда дека имам осет? Како ли ќе одморев ако шетав по луѓе на јадење? Пу, ич не знам како треба да се живее!
Пресмешни ми се луѓе кои се прават паметни додека бранат одреден партиски кандидат на некоја безвезна основа, а не умеат да разликуваат помеѓу глушец и стаорец.
Ко ми беше тешко ги примив најубавите совети и се лупање во гради како ти нема да дозволиш така да ти се случи, ама бетата ти се случи и на гла дури да ти се качува ама немаш ни граници нити пак ги применуваш советите мене шо ми ги даде.
Профилот на фемина го имам скоро 6 години. Го направив кога бев бремена, и од тогаш го читав секој ден, наоѓав одговор за многу прашања и решение за многу проблеми, општо во животот и со детето. Ми помогна да научам многу работи кои не сум ги знаела. Во последно време кога ги читам дискусиите помеѓу членовите, искрено се уморувам. Никаква култура во реплицирање, никакво прифаќање на факти. Во било која тема да отвориш само расправии. Можеби е време да одморам и од него како и од социјалните мрежи...
Ти благодарам животе за онаа случка од вчера, таа емотивна катарза со последици, ќе ми треба денови за да се опоравам, не знам дали е ново ниво или длабоко навлегов во срањето.
Денес бев во Cineplexx во Скопје. Каква некултура човече.. 4ца бевме, си имавме купено карти онлајн, влагаме во сала. Нашите 4 места зафатени. Татко со две ќерки. Им кажувам и им покажувам со смирен тон, најфино што може, дека седат на наши места. Го имате таткото: ама и нашите места се фатени. Се вртам околу мене, никаде нема 4 седишта едно до друго за да сме заедно. И едното девојче вика еве ќе одиме полево малце и ќе има место. Не нема да има. Ќе има 3 места, а 4тиот сам да седи избацен негде?! Стварно не сум некоја што ќе се расправа со нив пред сите и ќе драми, нити па некој од друштвово ми е таков. Отиде дечко ми да побара вработен да дојде. Дојде вработениот фино лепо ги симна таму доле за кај што имаат карти, други стварно им го фатиле местото па и нив ги разместуваше вработениов, си се реши работата. Муабетот ми е, цела сала да седи на погрешни места никој нема да се закрене да иде до соодветно лице за тоа да ги премести. Ќути си и трпи си. Македонското. Над нас толку многу зборуваа, не беше шепкање тоа. Или со телефони кога ќе рокнат екранска светлина на максимум пред тебе, не знаеш дали дошле на филм или на муабет. Има и си скролаат по социјални мрежи. Многу сакам кино ама за жал, се нема култура кај нас.