Мажите што се прават добри и дозволуваат неговата фамилија да ја навредува сопругата негова се пички смрдени и нарцисисти пошто очигледно ужива да ја повредуваат жената му.
Се чуствувам неубаво кога треба да се потпишам некаде или кога повеќе луѓе ме гледаат , уште најодвратното чудење ЕЈ ЛЕВАК СИ? значи Не можам.. Ќе почнам да враќам со ... ЕЈ ДЕСНАК СИ? АМАН, не сме паднати од Марс иако сме поретки
Додека уживав во бременоста и јас и моето семејство околу мене и нормално бевме пресреќни, животот ни мава шамар и добиваме дијагноза карцином на бронх кај татко ми. И така си тераш со најголемата среќа и најголемата така што ни се случила во животиве истовремено… и после се си викам какви кенкала и идиоти сме луѓево што се жалиме за глупости Не мерам проблеми ама дека веќе ќе слушам некој како се жали дека му се скршил ноктот или е ненаспан, ноу веј подалеку од мене нека бидат сите вакви смарачи, иако годинава ги тргнав скоро сите такви околу мене, сега дефинитивно и останатите би им направила чистка.
Многу се замарам за физички болки и физичко здравје,само на тоа сум посветена и на ништо друго.Опсесија ми се акните,пукање коски и одржување хигиена
Навистина, шо праиме ние со толку облека, аксесоари, козметика и други разни ствари? Коа ние све тоа би го носеле/искористиле, ама онака баш баш целосно, со сиот мерак да се употреби без да заврши неславно некаде затурено и забораено? Трупаме постојано, си правиме цели колекции и залихи, и за шо? За моментален мерак, кој проаѓа се дур ново нешо не ни привлече внимание, и се така у круг. Ненаситно око, ќе пукнеш да имаш све, за да утре мислиш дека немаш нишо
Ко тинејџерка бев скроз бекпек грли и ич не ги сфаќав занесените по тоут ташни. Кога навлегов во возрасниот свет еднаш во 100 години си купував или носев подарена ташна (од братучетка или снаа) колку да не ме ругаат домашниве дека личам на дете. Годинава дојде ред да ги исфрлам од употреба веќе остарените паричници, ранци и ташни (искористени до макс, заресени на сите страни и со по некое ситно дупче ). Си го оставив само едниот дамски паричник кој е дупликат на еден од исфрлените дека не ми беше употребуван и фала Богу што по 6 години од купувањето е читав. И што ми текна летово? На мои 30 години пак се загледав WIMB видеа и мозоков почна да ми ги врти сцените од порано кога ми беше смешно да си ги мачиш само рамењата. Машала како се растрчав овие месеци за апгрејд... Си реков да го минимизирам она саде спортско издание и да вметнам троа појше дамска класика оти годините си го прават своето.
Најголема несреќа е да имаш проблеми со здравје, а посебно со менталното. Ако ти е нарушена психата, готово е со тебе.
Мислам дека секој од нас повеќе треба да се потсетува за што е благодарен во животот, наместо да кука по она што фали, не дека "има и полошо", туку навистина помага да живееш посреќно и те инспирира. Благодарна сум што имам покрив над глава, храна во фрижидер, живи и здрави родители, јас жива и здрава, неколку вистински пријатели, добра работа што не ми прави стрес, пари доволно за (по)нормален живот, кола и способност да возам, можност да патувам и да правам работи кои ме исполнуваат. Ова многу повеќе ми е битно во споредба со работите кои ги немам. За другото секогаш можиме да се потрудиме да го постигнеме, но побитно е да не се изгубиме во тој процес и едноставно да уживаме во секојдневието. Бидејќи никој не гарантира дека утре ќе сме тука и ќе постигнеме сѐ што сме замислиле. Залудно е да трошиш многу време жалејќи по она што го немаш, и по луѓето што си заминале од твојот живот, едноставно нивната приказна завршила во твојата книга, се отвора простор да дојдат нови. Благодарна сум што воопшто имам можност слободно да работам, да планирам, да се надевам иако не се сите коцки наредени.
Еден куп млади луѓе испозаминаа годинава, од нигде-негде. Не знам стварно дали стресот си го прави своето, дал другите невидливи притисоци. Во секој случај, човек секогаш повеќе се сака кога го нема. А треба да е баш обратно..! На крајот на денот изгледа ништо не вреди ако нешто се таложи.
Немојте да заспивате под клима. Прво убаво ме опушти како што бев смрзната ама после 40 мин под неа кога се разбудив мислев дека мозокот ми се растопил. Не знаев на каде да фатам, затоа ќе се дружам самата со себе цела ноќ
Многу ми е ниско и бедно кога луѓе кои многу добро те познаваат, знаат што те повредува и уште повеќе ти додаваат сол на раната. И, баш сакам да ги прашам некогаш дали тоа им дава долготраен мир, дали добро спијат кога ќе легнат или сеуште се борат со својата мизерност?
Се чувствувам убаво после спортување и духовно и ментално, но вака кога ќе ми се случи повреда ми го менува текот на функционирањето, не дека паничам или се плашам премногу, само се надевам дека нема да имам последици понатаму.
Како го живеевме животот…. мирно, спокојно, среќно, сложно…. Сега после дијагнозава само тага, страв се снема наеднаш… освен слогата и мислам сме уште посложни од кога и да било.