ССК дека премногу, ама премногу лицемерни луѓе има. Денес со тебе, утре против тебе. Не е ништо ново, да, ама кога ќе се освестите бе луѓе, кога? Толку ли е тешко да се биде човек? Толку ли е тешко да се помогне некому, да се пружи рака? Толку ли е тешко да се има чувства, емпатија? А за тоа колку љубоморат и колку сѐ би направиле да се чекор пред тебе, за тоа да не коментираме ...
СДК... Има денови што ни го менуваат животот, но има и денови кога животот не менува. Во животното поглавје промените се здрави и нужни доколку ги прифатиме разумно, совесно и свесно. Секое зошто има пар затоа што...
Треба да те сакам. Би требало да те сакам. И некако те сакам... сакам некој твој дел. А сепак, тоа не можам да ти го речам искрено и од срце. Не можам да ти го извикам од длабочината на душата, да ги исцедам белите дробови врискајќи ти ги тие 2 збора в лице. Нешто, некаде, некој дел фали. Љубов која не расте сразмерно, која не го достигнува threshold-от, која се мачи и се труди но едноставно не напредува по очекувањата. Љубов која плаче самата за себе, од жал, од мака... оти сака да расте, сака да напредува, но не може, нешто не и дава, некој не ја храни доволно, некои услови не и се погодени, нешто и недостасува. За таа љубов плачам и јас, но навнатре, без видливи солзи. Тагувам, ја обжалувам. Криво ми е што не успева, што не и оди. Криво ми е за пропуштената прилика, за потенцијалот кој не можам да го искористам, а го гледам в очи. Криво ми е што би можело да биде, што би требало да може да биде, ама некако не е... Или па јас го осудувам на пропаст. Или па јас неправедно и прерано го пресекувам, го саботирам додека не го сотрам. Можеби јас не знам да ја ценам... Можеби јас не знам да ја живеам љубовта. Можеби и не знам да љубам веќе. Можеби тој дел од мене умре. Умре, а јас сеуште го барам за да го живеам.
Ми сметаат возрасни неодговорни семејства каде што зачнале дете и секоја месец го сликаат кој месец е итн... лигавење и не разбираат колку е страшен и опасен интернетот.
Толку долго чекав да дојди моментот кога ќе си го сменам животот и тоа ми личеше како премногу далечно. И сега ете дојде. Мислев дека ќе е лесно да оставам се и да заминам во друга земја и дека не сум човек кој ќе осеќа на некој начин тага кога ќе оставам фамилија тука, дека нема да бидам толку далеку и дека ќе се враќам секогаш кога можам. Но, како датумот е се поблизок сфаќам дека моите никогаш нема да ми бидат толку блиску за да ги гушнам кога сакам. И покрај сѐ, како семејство сме имале разни моменти и добри и лоши, но сепак тие се моето семејство и навистина колку и да се радувам за новиот почеток дел од мене е тажен премногу. Морам да сум силна…
Случајно проверував крвна слика и железото ми беше малце високо и д-р ми вика да не јадам многу месо посебно црвено месо , си мислам , жено си завршила медицина, а не знаеш дека човекот по анатомија не е месо ждер , ни заби ни црева ни желудник не е наменет за заклани болни животни , кој све не лечи
Си ветив на себе си, дека ништо помалце нема да прифатам освен да сум СРЕЌЕН, не ме интересира ништо помалце од ова.
Покрај сета светска трагедија, тага и хорор, тоа што секогаш ме допира е таа секојдневна, речиси банална, речиси никогаш со последици, но, сепак, тага.
Кога запознавам некој маж, посакувам да имаше шанса да се разговара со неговата бивша/бивши. Сакам да ја чујам и другата страна на приказната cos these men be lying.
Лесно е да судиш дека некој нема да успее, но времето најчесто ги руши тие очекувања. Многу големи приказни почнале токму од тоа од некој што сите го потцениле. Сакам да кажам дека никогаш не треба да се откажите од својот сон, а таков е примерот со кинезот Леј Џун. Во 2011 година, Леј Џун го основал Xiaomi и тогаш многумина му се смееле а тој кутриот со таблет во рака одел по улици и плоштади да им покаже што направил. Му викале дека е невозможно е фантом бренд од Кина да се пробие меѓу гиганти како Samsung и Apple. Xiaomi го нарекувале дури и "кловн телефон" и му предвидувале брз пад. Ама Леј Џун имал поинаква замисла а тоа е да направи, солидни и моќни телефони по фер цена за сите луѓе, ги слушал критиките и така дошол до нови иновации. Неговата фирма за неколку години еве гледаме дека стана еден најголемиот производител на телефони во светот. Е денеска Xiaomi е меѓу најголемите светски технолошки гиганти и не прави само телефони, туку има и свој екосистем, свои чипови, а најново и свои електрични коли и Леј Џун денеска е еден од најбогатите и највлијателни луѓе во Кина и во светот. Од тоа "дека нема шанси“ и омолавожувањата, до гигант, типична приказна како не треба да се потценува никого што има визија или некаква замисла. Spoiler: Леј Џун https://youtube.com/shorts/FUdc0BeMrQk?si=tITs6HIWUHWnS6
Се прашувам зошто ли луѓето не можат да ме остават на раат со тоа мажење на мои 25 години. Посакував да немав вакви родители на кои животна цел им е да ме омажат и секој ден ми го вадат низ нос тоа што немам дечко а сите другарки ми се омажиле. Посакувам да немав другарки кои ме гледаат со сожалување затоа што сум сингл а сите тие се мажени и успеале во животот со тоа. Да, најголема желба во животов ми е да си имам дечиња и свое среќно семејство. Но дали тоа што сеуште на 25 години го немам основано тоа семејство ме прави нешто помалце од сите мои другарки и сите кои веќе си успеале да го пронајдат вечниот партнер? Апсолутно не. Колку само посакувам да имав повеќе луѓе околу мене што размислуваат како мене, животот ќе ми беше многу посреќен и полесен. Вака ниту еден успех не ми се важи, ниту една среќа не ми е валидна, само затоа што не сум мажена и немам дечко..
Долгите, стабилни врски и бракови не се за секој. Ако некого го почитуваш, го сакаш и спремен си за својата врска да се бориш, да се трудиш, да имаш трпение, разбирање, да простуваш, да разговараш и сослушаш, да градиш полека, тоа и ќе трае. Ако најлесно ти е да истераш инает, да сакаш да е само по твое, да се откажеш на прва препрека и притоа и на другите одма за еден проблем твојот совет е "остави го" или "разведи се", какви се твоите вредности? Не, не е "ќути и трпи" ова, ова е да се бориш за она што го сакаш. Ова е љубовта, партнерството, ова е животот. Борба. Ништо не е така лесно и волшебно како на филмовите. Сè e во трудот и колку нештото ти значи.