Форумџика на годината

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    17.009
    Пол:
    Женски
    Мало мочличе, 8 годишно, ќе збори и ќе се фали каков ајфон имала..

    Родителиииии, премногу потфрлувате и им допуштате, немојте да се жалите коа еден ден ни вас нема да ве ценат..

    Зборете пак дека сите ние коишто не сме сè уште родители, сме немале право да мрчиме на тема родителство. :bug:
     
    На Badii, eliesaab, FlirtBerry и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.515
    Допаѓања:
    60.575
    Пол:
    Женски
    Денес така случајно ми текна дека последен пат кога сум плачела пред спиење и во текот на ноќта е кога ми завршуваше последната врска. Често си земав паломи в кревет бидејќи не знаев кога ќе ме "удри" момент. Па се мразев кога се гледав во огледало утрото и никаде не одев. Тој последен период ми беше еден од најтешките. Но се изборив, сама, и оттогаш повеќе не ми се случило тоа. Не земам повеќе паломи в кревет, не ме има јадено анксиозност до тој степен да ме боли стомак и да не можам да функционирам нормално.
    И никоја врска не почнува вака, никоја што траела, пред да укривите некоја личност дека е глупава, уназадена, и машките ко ќе велат дека сме ги бирале сами, а тие знаат да одглумат како за оскар.
    Но она што останува на нас и нѐ дефинира, е како ќе се справиме после сѐ и колку ќе толерираме кога ќе си го покажат вистинското лице. Мора да сме силни и одлучни. Бидејќи после тоа се препородуваш. Сингл жени кои пребродиле многу, се посреќни и помалку осамени од многу од оние во врски и бракови, you can't change my mind.
     
    На Трагедијаупмм, Antebellum, Medea. и 9 други им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Овие генерации или ја изгубиле културата некаде, или воопшто не ја стекнале.

    Бартучедка ми на гости дојдена со ќерка и, 11г пуфла, ме тера да ја носам во Сефора, зборам, С Е Ф О Р А, продавница за high end шминка која јас на мои 11г не ни знаев дека постои.

    Прави сметка од некои си 280e, братучедка ми и вика ќере, намали со изборот, многу пари е тоа, дел од просечна плата. Малава, викање, урлање низ продавницата со муабетот 'Зошто ме створи кога не можеш да ми овозможиш основна потреба'. Братучеда ми без излез купува шминка за дотичната што уште на млеко мириса. Требаше да одиме во бутик некој, не отидовме пошто за шминка отидоа куп пари и во колата караница мајка и ќерка, братучеда ми објаснува дека сега моментално неможе да си дозволи да купува уште многу пошто уште некој ден се тука, може ќе им затреба за секој случај. Малава плаче, се лути, се дере во кола кај мене се вртам и викам 'Јас да сум на место на мајка ти како ќе ти ја залепам една на сред продавница нема да знаеш како се викаш, скапа шминка ќе купуваш кога ти со своја пот ќе заработиш пари' и одозгора братучеда ми ми вика 'Абе така со викање и закани за ќотек не се воспитуваат деца'.

    Епа сестро златна, гледај си и пати си. Немам деца, али такво лигавење да дозволам, последните пари да ѓи дадам низ газ да ѓи прееба е нема. На мои 5г се испонашав и јас така за барби играчка од 80е јадев ќотек на сред FreeShop, оди види дали уште еднаш ми текна да се испонашам така.

    И ја трошам пари куп по шминка, ама не барам од мајка и татко последни пари за мој кејф. Дури бев на нивен буџет користев пудра од 200ден и ми беше срам да побарам за глупости.
    Све што сум си купувала по такви продавници е било од мене заработени пари.

    Така да до толку расипано допуштање, не личи на ништо. Не се младите криви, криви се родителите.
    Пак ќе кажам, не воспитуваат сите исто.
     
    На BubamaraM, Mumoftwo30, L.i.n.a.a и 11 други им се допаѓа ова.
  4. ристованабане99

    ристованабане99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    71
    I’m just sitting here, waiting for you, to come on home an turn me on...
    (Norah Jones)

    Те чекам да се вратиш, да ми ја ублажиш ироничноста, цинизмот, недовербата кон светот. Толку малку го можат тоа.
     
    На Mumoftwo30 и Creation им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    16.610
    Пол:
    Женски
    Сфаќам почит, помагање и сè тоа по ред, сè ќе сфатам (па дури и оправдам) кога син се наоѓа на мајка. Една е мајка, една и единствена. Муабет нема на таа тема. Треба да и' се додаде, а не одземе.

    Ама никогаш, буквално никогаш нема да сфатам жени во години, со едната нога во гроб (така се вика), кои ниту еднаш не биле загрозени со нешто конкретно, буквално во јајцето влакно да бараат нема да најдат, развиваат чудна посесивност кон синот. Баш..трагично.

    Умствено сексуализирање ли е, болест ли е, што ли е? Без сарказам, сериозно ме интересира.
     
    На Трагедијаупмм, SummerGirl, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.020
    Допаѓања:
    82.074
    Пол:
    Женски
    Тоа што на пропалитети без никаков талент им се дава внимание и медиумски простор, говори до кое дереџе и ниво сме стигнати вака колективно ко еден народ.
     
    На sino.o.oka, Трагедијаупмм, Badii и 9 други им се допаѓа ова.
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Многу нови полицајци ја сфаќаат униформата како играчка за моќ, па наместо да служат на граѓаните, се однесуваат како да владеат со светот. Таквиот став не само што е незрел, туку ја девалвира професијата.
     
    На Трагедијаупмм, Badii, BubamaraM и 4 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.526
    Допаѓања:
    134.260
    Пол:
    Женски
    Нападите со навредувачки зборови од прости луѓе кои не ги разбираат елементите и основите на демократијата се пресмешни и разочарувачки. И покажуваат колку се високи шансите да се распадне државава кога некои не го надминуваат нивното примитивно ниво.
     
    На hermosa и senjorita-v им се допаѓа ова.
  9. Creation

    Creation Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Машки
    Топло па ладно па топло едно годишно време нека има не сме птици да се селиме.
     
    На Трагедијаупмм и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.360
    Допаѓања:
    68.290
    Пол:
    Женски
    Го гледам датумов денес и рачунам. 16 години поминале откако сум кликнала на Зачлени се.
    Цели 16 години.
     
    На Трагедијаупмм, M&M, Badii и 7 други им се допаѓа ова.
  11. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.056
    Допаѓања:
    12.091
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на Реин на форумот сум зачленета 15 години.Како вчера да се зачленив
     
  12. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    8.182
    Пол:
    Женски
    Јас 13,5 години :inlove:
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.677
    Допаѓања:
    23.726
    Пол:
    Машки
    Триесет и една година имам и сфаќам колку "пораснав сам", татко ми и мајка ми никогаш не биле присутни во мојот живот кога ми требаше поддршка пред се емоционална, и малку мотив плус и охрабрување. Никогаш не ме научија кога да кажам не, а да не се чувствувам како да му должам на некого нешто. Не ме научија ни како функционираат парите и како се штеди, пошто тие беа во долгови. Бев во токсична врска и фала му на бога се спасив на време, и некогаш кога правам себе евалуација ако се преродам на ист ваков животен cycle на Hard Mode мислам дека би бил тешка пропалица. :)
     
    На Трагедијаупмм, M&M, Badii и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.020
    Допаѓања:
    82.074
    Пол:
    Женски
    Оваа нова ера во која жениве сами си ги вадат градите и задникот на изволте, па после се чудат зошто ги сексуализираат и ги гледаат ко објект, а не ко жена, битие... :|
    Манијаци се манијаци и тоа е друга тема на муабет, зборувам за стил на облекување.
    Облекувајте се женствено и елегантно, не вулгарно. Интимните делови не треба секој да ги гледа. Жена е убава кога се носи како дама, со пристојност и елеганција. :f:
     
    На sino.o.oka, Danka Smotanka, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    2.662
    Пол:
    Машки
    Недела пред продолжен викенд, цел форум мириса на домашни печени колачиња. :inlove:
    Ми се јадат сега домашни колачиња со чај топиш во чајот и јадеш. :coffee::inlove:
     
    На SummerGirl, hermosa, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Машки
    Никогаш немој да веруваш никому, живееме во бедно и ужасно време, време на лаги, превари, време на матријално владеење, време на злоба, гнев, омраза, секој од секого да искористи све што е можно повеќе, нема повеќе прави вредности во луѓето..
     
    На Danka Smotanka и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.149
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Ми смета што си несигурен во себе и што си играш топло ладно како мало дете.
     
  18. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    4.310
    Не ги можам веќе жалопојките на луѓево кои штракаат на телефон во тек на цело работно време, кои работат по 4,5 саати на ден, они ти се жалат тешко им било. Море мрш таму, дојди 7 саата на нозе секој ден, дојди дипли и реди цел ден, мкни кутии пакети, средувај магацини, па да видиш што е тешко. Ебате тоа недокваканите мрзи.
     
    На christinnn, M&M, st-el и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Машки
    Никој не избегал од карма, ниту пак ке избега, затоа мислите што правите, и не го правите она што не сакате да ви го прават 8)
     
    Последна измена: 8 декември 2025
    На Veseli _cvetovi, eliesaab, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Creation

    Creation Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Машки
    Не сум некој кретен без разлика кој пол да гледа така на самиот јас без разлика машко женско нема да трепнам па и да пукаат во мене т.о.е.с на стрелање да сум.
     
    Последна измена: 11 декември 2025