На некој да му речеш иди таму, ќе мисли дека го мајтапиш. Оно, никој совет не му дал, ама ќе мисли дека сакаш да го насамариш. Кој како се гледа себеси низ призмата на другите. Како мисла, вредна за размислување.
Група поранешни студенти, сега веќе успешни бизнисмени, се собраа и го посетија стариот професор од факултетот. Разговорот наскоро прерасна во жалби за умор, исцрпеност, стрес на работа, во семејството и на секој животен чекор. Професорот ги слушаше со целосно внимание и сочувство. „Мислам дека ви треба шолја добар чај“, рече и се повлече во кујната. Се врати со големо тенџере во кое се криеше пареа од чај и со цела колекција на шолји. Секоја беше различна. Имаше порцелански, пластични, стаклени, хартиени, кристални, керамички… Некои изгледаа скапоцено, како да дошле од дворот на последниот кинески цар, други изгледаа сосема обично, трети беа скршени или испукани… „Послужете се“. Кога сите поранешни студенти имаа шолја во рака, професорот забележа: „Убавите и скапоцените шолји веднаш се земаа. На масата останаа, недопрени, грди, обични и евтини шолји. За себе го сакате само најдоброто, што истовремено ви е и извор на стрес. Сепак, изгледот на шолјата не влијае на вкусот. Позначајната шолја обично е само поскапа, а понекогаш и ја затемнува содржината што ја пиете. Всушност, сите вам ви требаше добар чај, а не шолја. Сепак, посегнавте по најдобрата. А потоа продолживте да ги меркате туѓите шолји. Кога ќе се најдете во вирот на стрес и незадоволство, запомнете: чајот е како животот. А работа, пари и статус во општеството… се како шолјата. Шолјата не го дефинира, ниту го менува квалитетот на животот што го живееме. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, пропуштаме да уживаме во чајот. *Најсреќните луѓе немаат сè најдобро, тие извлекуваат најдобро од сè. Живеат едноставно, зборуваат љубезно, сакаат великодушно.
Дали некоj/а од вас познава човек што се мрази толку многу што при секоjа добрина што му дошла или се обидува да доjде накаj него jа уништува се трга од неа со своите постапки и зборови. Ги избегнува добрите и среќни луѓе што е убеден дека со своjата негативност и омраза кон себеси ќе ги направи несреќни, та дури и мизерни, а доколку некоj/а добра личност од никаде се поjавила и влегла во неговиот живот кажува зборови кои не ги мисли и би jа навредиле таа личност или би направиле да се чуствува чудно што потоа сам/а би се тргнала од него. Се со цел да остане сам. До толку дури и на начин кога и да излегува некаде на некои настани журки седи настрана стои настрана иако е излезен со луѓе што ги познава. Мисли дека ако стане близок со некого ќе влиjае на нив негативно со самото тоа што се мрази себе си и ќе ги направи другите несреќни. Да постои тоа сум jас. Волкот самотник не е волк самотник тоа е само романтично гледање на вистината, а тоа е дека се мразам себе си.
Посебна сорта на мажи ми се оние што си објавуваат/ти праќаат романтични рилс, а во реалноста ги третираат жените како опција и со прст не мрдаат да направат нешто да те освојат. Најверојатно истите ти викаат да ја поделите сметката 50/50 на прв дејт, а истовремено сакаат "традиционална и прибрана" жена.
Што сакам да кажам на некои кога забегуваат со мислењата поврзани со политичка тема како млада жена на која политиката ѝ го има окупирано животот и дома и на образовните клупи? Сфаќам да имате мислење на некоја тема и да го кажете или пишете тоа мислење според слободата на говор. Но тоа не значи дека треба да го злоупотребувате тоа право и да се силите на таа тема доколку не сте се едуцирале за таа тема до најситниот детаљ на факултет. И не кога на истото место кај што сте вие има и луѓе кои се експерти за таа тема. Знајте си ги границите. За да си го задржам културното ниво, ќе пишам само дека е смешно иако на ум ми доаѓаат далеку погруби зборови...
По сите,, порази" и пак да одам со глава во ѕид или сум храбра или сум многу луда Трето нема Мислам второто ќе да е Ако некогаш се биде како што треба сама ќе се пофалам дека сум била многу храбра и покрај сите трауми.
Да ви го дадам каменот што го носам на душа кје го поносите малку па што ми давате тогаш совети што да правам.
Гледам на Спотифај кои песни и музичари биле најслушани во 2025 глобално и многу ми е жал за музикава како уметност во денешно време.
Сите се во филм као комуникација е многу важна, се' додека не дојде време да го тргнат егото на страна и да бидат вулнерабилни со своите маани пред друг човек.
Со фалично срце не можеш да сакаш во вистинска смисла на изразот. Не во целост и здраво, со прифаќање, со иднина. Со фалично срце можеш само да тагуваш. Да тагуваш за сѐ она што го посакуваш, често ти стои на дофат на рака, понекогаш дури и го имаш и држиш, но не знаеш да го задржиш. Не можеш. Се плашиш. Не си сигурна. И тогаш не ти останува друг избор освен да избегаш од односот кој си го проколнала од самиот почеток со тоа што во него си влегла со фалично срце. На тоа следи период исполнет со тага, активно чувствување на празнина во градите, безнадежност кон сѐ што некако се поврзува со тебе, омраза кон сопствената глупавост, кон своето битисување, кон трошењето на кислород на повредните од тебе суштества. Подоцна следи обид за собирање и составување на кутрото, по којзнае кој пат растргнато, распарчено и жигосано срце, низ кој сфаќаш дека ти фалат делчиња кои при скитањето по улици за ублажување на болката ти паднале и се изгубиле низ решетката на некоја шахта, или птица ти ги однела, или маче ти ги изело... И после секое кршење и составување сфаќаш дека ти останува сѐ помалку срце, а сѐ повеќе празнина... Додека еден ден не го изгубиш во целост, додека „животот“ не ти го изеде до крај и додека не ти остане в гради само неговото лежиште, празно, осамено, без функција, и наполнето со чувство на густа, тешка тага, која ја чувствуваш и во сон.
Ние вака што се јадеме помеѓу себе мислам ако се распрскаме на различни страни по светот би биле многу успешни. Ова и за дисфункционални семејства е пример.
Иднината се гради на минатото и по можност да не ги направиш истите грешки и да ги смениш старите навики зошто таман кје заборавиш на се и кје се вратиш на стариот начин на живот и ооп го имаш истиот пад само посилен од претходно.
Ја сум мислам едино машко, што не сака, свадба, запросувања, прстени, и триста такви чуда, едноставно тие чинови не се за мене.
Не можам да верувам какви женишта постојат и тоа во години , такво безобразно однесување , некултурни , искомплексирани , па после очекуваат од младите нешто , фала богу што моите ме воспитала да почитувам луѓе и да не се однесувам како ретардирана , посетете психијатар нема ништо лошо во тоа , никој не е должен да трпи туѓа некултура.
Фала Мајлс Касири Коментар на еден мал, ептен мал дел шо го спомнав тука ама ми беше главна мотивација иако скроз го заобиколив.
Предновогодишна супер вест , дефинитивно не завршив на хронична терапија поради тироидната, ми проработе!!! резултатите супер , иако почетокот на годинава ми беше дијагностицирано Хашимото , НЕ МИ СЕ ВЕРУВА беше тешко ама се исплатеше