Топилницата и форумот, кратка проза. Последиците од Велешката топилница се тивки, индивидуални, различни како лица, различни како животни патишта… Вчера ги увидов последиците и овде. Видов лудило наспроти мојата смиреност. Во зборовите што летаа како искри, во хаосот на таа другата. Гледав во последиците без да се изгубам во нив. И си реков, дали лудилото е само поради воздухот кој и јас го дишев? Или е нешто друго? Два носа кои дишеле исто, а се толку различни. И во тоа лежи убавината и трагедијата на индивидуалноста, две души можат да дишат ист воздух, а сепак да гледаат различни светови. Дороти Ќулавкова
Ќе има ли спокој повторно за мене? Ќе можам ли да бидам пак онаа старата? Ќе има ли крај внатрешниов немир што ме гуши? Решението на проблемите зависелe од мене, а зашто нешто не ми дава да го најдам тоа решение? Решението е пред нос, го знам, а не можам да стигнам до него..
Кога ќе прочитам англиски фрази во нечиј коментар, таму каде што може да се изрази на македонски и нема потреба од англиски термини, го прескокнувам одма. Си имаме убав и доволно богат јазик. И патем, златни книги од Живко Чинго, Петре Андреевски, Оливера Николова, Велко Неделковски и останати постари македонски автори, во нивните дела поинаков дух има од денешниве.
Од секогаш имало дебили кој животот им е само злоба, живеат за да се полнат со злоба, да ви еб*м све што имате лудаци, оставете ме да си живеам за она што го сакам, џабе лаете на сите страни, мизерни сте и никогаш нема да имате пак внимание од мене, едноставно сте одамна закопани 2 метра под земја за мене.
Истово сакав да го пишам. Дечкото над мене го кажа најдобро што можеше да е кажано. Подалеку од злоба.
Како си се навраќам на темите шо ги зборав, ама осеќам дека Никол ептен добро го опиша ова од нејзин POV и кој е тој баланс шо треба да го имаме и како ригидноста на групите знај да трга луѓе од та група (шо носи до контраефект).
Среќни празници на сите убаво да си поминете и нека новата година за сите нас биде подобра и поуспешна.Живи здрави да сте сите и само убавини во новата да има.
Нека биде добар денот,ноќта и цела година болните да оздрават, несреќните да се усрекат ,сиромашните да се збогатат,богатите да поделат и сите да си го остварат тоа што сакаат..
Никогаш не верувајте на зборовите на луѓето, затоа што секој може да ви кажува све и свашта, а само 1% ке бидат оние кој ќе ви покажат на дела.
Некогаш се прашувам колку еден човек може да издржи стрес, нервози разочарувања... Многу лоша година, грда и исполнета со стресови. Одвај чекам да и кажам чао и да и треснам врата.
Од ќутење ретко кој настрадал, но од погрешно кажан збор - многумина. - Дороти Ќулавкова. Ова е новото правило кое ќе го практикувам во Новава, време е за промени, new year, new me!! Ова ако ми влезе у карактер и ми трае повеќе од 2 недели, стварно сум у нова ера.
Лаковерна будала сум, како ми започна новава година, стварно сум будала невидена! Сама себе треба да си удрам шамар!
Нова година дојде, а вас ве нема да ве слушнам, да ве прегрнам, да ви кажам „Среќна Нова“. Знам дека не можам да ве побарам, но срцето ве бара секој ден. Ве носам во себе, во секоја молитва, во секој здив. Среќна Нова година таму горе, мамо и тато. Ми недостигате бескрајно.
Секогаш бидете свои(!), гласни на неправдите и сигурни во себе. Но, никогаш гласни докажувајќи се пред луѓе. Исправајте патишта онаму каде можете, учинете му некому со нешто добро, борете се и ако некогаш се докажувате - докажувајте се само пред себеси. Оставете секој да е во право, на свој начин. Среќна 2026!
Мислам дека од ова со Кочани и сега Швајцарија треба да научиме и да се чуваме себеси повеќе, а тоа е да не се оди во затворени шупи со низок таван со едвај еден тесен влез/излез. Дека нема врска напредна или ненапредна држава, секаде има пропусти. Кога очигледно поминува сѐ без разлика дали е по стандарди или не, треба самите ние да се чуваме и да не одиме по такви места. Ужас.
Никогаш не ми беше подршка, никогаш не се постави како родител што го посакував целиот живот, и кога се борев со најтешкото во себе, тебе ти беше гајле, и денеска е така, копиле си, толку ме разочара што немам веќе зборови.Само да искочам од ова, јас и ти ке седнеме во 4 очи, еден од нас ќе си оди од овој дом.
Во моментов само сакам да излезе се во ред здравствено, само тоа ми е желба, да е тој добро, ништо друго не е битно, се друго ќе помине, само тој да е добар! Се може да се уништи, ама спомените никому на никој не може да му ги земе. Ниту чувствата, ниту моментот како си се осеќал во одреден миг. Тоа останува засекогаш!!!
Морам да научам повеќе да се сакам и почитувам самата себе! Покрај желбите за здравје и среќа на сите околу мене, оваа ми е друга желба што повеќе од сѐ посакувам да ја исполнам! И ќе ја исполнам
Тешко е, да се бориш сам со себе, сам во болнички кревет, без трошка подршка од фамилијата, ама ке помине, ништо не е вечно на овој Свет.