"Медицината ги лечи последиците, а не причините" - омилена реченица на секој човек што нема ни ден медицинско образование и никаква идеја како функционира телото, ама знае да измисли приказна за било која болест која ќе му одговара на фантастичниот наратив замислен во главата.
Животот не е трка, туку само едно обично патување. Треба да научиме да уживаме во секој наш чекор, дури и кога на патот ни се појавуваат трње и камења.
Обично не сум толку осетлива,но заплакав вечерва , знаејќи дека тој милува и гушка друга .Тоа можеше да бидам јас,но толку ми е среќата во животот.Како ќе се навикнам на самотија,па и мојот бивш кој не вредеше пет пари си има некоја ,само јас и луѓе кои вредат се сами .
Како да создадеш или одржиш пријателство денес: - Не очекувај апсолутно никаква конзистентност меѓу зборови и дела, т.е. претпостави дека секое „ќе“ е кажано онака, колку да се каже нешто во моментот, без никакво чувство на одговорност тоа навистина да се проследи; - Не се врзувај емоционално, секој (треба да) се пази да не случајно биде ранлив, т.е. слаб пред друг; - Ако случајно направиш некоја жртва/услуга/на каков било начин направиш нешто што тебе и не ти е баш convenient, чисто од почитување и љубов кон личноста, и очекуваш барем признание и барем да се цени/да му значи на некој, виновен си ако се чувствуваш лошо што не е така, затоа што никој не ти барал да го направиш тоа; - Кога ќе се видите, глуми дека сте преблиски, иако во реалност знаеш дека секундата кога ќе се разделите заборава дека постоиш, т. е. во суштина сте само еден чекор понапред од познаници; - Не искажувај грижа, не се труди да помогнеш, не се труди да најдеш решение, затоа што напнуваш, подобро прифати го дефетизмот, иако води кон чувство на бесмисленост; - Секогаш биди воздржан и неутрален: ако искажуваш среќа или возбуда - детинест си; ако искажуваш гнев - негативна енергија шириш; ако искажуваш тага - непријатно им правиш на другите, и општо, кое било искажување на емоции веднаш те става една класа подолу. Ама не биди ладен, биди пристаплив; - Ако постои нешто за кое си passionate во животот, задржи го за себе, никој не го интересира, само замараш; - Секогаш знај дека си небитен, на раб да те отсечат од животот секундата кога малку ќе треба да вложат труд во врската, ама однесувај се како да си меѓу „твои луѓе“; - Не си земај при срце ако си одбиен 100 пати, ама внимавај ти да не одбиеш повеќе од еднаш, нема никој да те моли; - Живеј со став: „Секој за себе“, ама не биди очигледно себичен, малку направи филм дека си дел од „заедницата“. Депресија.
Научив да живеам без вас, ама не и да престанам да ве барам. Празниците доаѓаат, а вие не. Нема прегратки, нема честитки, ама има љубов што не згаснува. Во секоја радост ве замислувам тука, во секоја болка ве повикувам по име. Фалите, секој ден. И ќе фалите. И најболно не е само што болката не поминува, туку што некои знаат да ја искористат. Да допрат таму каде што најмногу боли и да ги вреѓаат оние што веќе не можат да се одбранат. Тоа не зборува за нив, туку за празнината што ја носат во себе. Не грижете се за мене. Болката што ја носам, не давам да ме скрши. Ќе ве памтам засекогаш.
И метеоролозите почнаа да ја промашуват прогнозата за времето,треба да почнат да викаат а кје врне а не.
Од новава година наваму планирам да сум многу по директна за луѓе кои не ме почитуваат и многу по дрска за истите. Кажи си отворено и без мисла дека некој ќе се навреди- на оваа карта ќе играм веќе. Немам време за дегутантни личности.
Против токсична позитивност сум али па и се од негативен агол да се гледало?? аман. Ја сум личност што најлошата можна вест да ми ја кажеш ќе пробам и ќе успеам да ја најдам светлата страна и ќе те утешам со разговор а имаш створови не смееш ни да им се пожалиш ќе го напраат 100 пати посериозно од што е. Бегам понастрана од вакви особи. Олоши. Полни со негативна енергија и ко да сакаат да слушаат лоши вести.
Празници. Сите побожни, отишле во црква, ставаат некои божиќни пораки на story. Се надевам дека вистински ја носите верата во себе и сте навистина добри луѓе кои прават добри дела, а не е тоа само вера пред публика...