Еднаш отидов на инфективно и влегов пред 20 души. Докторката не повика нас . За неупатените во медицината, дете дехидрира за 20 мин. Со 13 последователни течни столици во рок од 90 мин моето дете беше во предкоматозна состојба. Секој во ходникот беше појак од него. Поентата кој е паметен ќе ја разбере. Кој не ќе си тера по свое. И не. Не ми кажујте кој колку и како изгледал и дали можел да издржи. Зошто дете со, седиментација 90 возеше колички дома. Не не бива стварно.
Многу ми е драго што не се пронаоѓам овде во овој текст и што овие зборови не постојат во мојот речник и карактер. Се е кажано, а не само во Шведска и овде се такви нашите. Само ќе те погледнат и одминат.
Вчера се родил првиот мал јужен бел носорог зачнат со вештачко оплодување кое кај носорозите до скоро во многу обиди беше безуспешно. Нова надеж за неговиот речиси изумрен роднина. Луѓе кои прават сѐ во своја моќ за оние кои не можат сами да се борат против суровоста на човештвото се токму оние кои и ми ја враќаат вербата во човештвото.
Она кога знаеш каде е проблемот и се обидуваш да ги промениш работите, знаеш како треба, ама сама не можеш. Да бевте вие како мене, ќе беше најдобро за сите. Ама не сте како мене. Вие сте будали и наивчини. Преку весник би се откажала од вас. Ако не ми дава проблемот јас да го решам, тогаш нека се реши самиот. Сакам утре да се разбудам и да ги нема овие грижи, да исчезнале самите од себе. Ми се смачи веќе јас да го поплочувам патот, додека на некој му го поплочиле и на него е само да го оди.
Моментот кога долгогодишна пријателка низ разговорите често се навраќа на настан пред 20 год. и изразува благодарност за сторената помош од моја страна. За мене ситно дело од минатото, а за неа незаборен гест и после толку време. Минутите поминати во нејзино друштво се сведоштво дека многу одамна меѓу луѓето имав прилика да запознаам личност со изграден карактер и зачувани вредности која остана во релативно малиот број на зрели и длабоки пријателства. Среќна сум што ја имам човечката реткост на денешницава...
Си се исплакав убаво уште од сабајле, на контрола за тироидната, докторот вика се е добро засега и си одам да ја посетам мајками на работа, нејзина колешка кажуваше како ја лечеле од тироидна, а таа, имала сосем др болест демек скоро ќе умрела.. сеа сум тооолку негативна, незнам дали сум доволно силна за ова, можеби и не е голема работа, но јас се чувствувам како да тонам и се околу мене се распаѓа..
Оно сите ставаат срцепарателни статуси, видеа и слично. Највеќе споделуваат како помогнале на другите, а всушност реалноста е многу подруга.
Наместо да им објаснувам на луѓето дека се премногу дрски и безобразни што се мешаат во туѓи животи, почнав да употребувам пасиво агресивно однесување па некако магично ми се откачија од мене. Како јас да си седам без никакви животни идеи, па одеднаш доаѓа суперхерој да ми дели бесплатни мислења за да си го средам животот. Само не ми е јасно од каде им текнуваа идеи? Така си седат и одеднаш ќе им текне: Еј сега на Џоли ќе и речам вака да си направи, а на Петко така да си направи. Можно ли е да се толку патетични и да немаат свој живот па застанале за мене да мислат? Осет малку? Бркање ваша работа? Слабо, а? Непознати поими. Епа и јас ќе играм така.
Си дошол во Грција да одмориш на мир, еве ти ги комшиите до тебе пуштиле турбофолк и ечи све со песните на Стоја, згора на се викотниците во 8 сабајле од тип на "КАЈ ОДИШ ТАМУ П***А ТИ МАТЕР, ЌЕ ТЕ УБИЈАМ ВЕЌЕ, НИШТО НЕ СЛУШАШ" те будат и утрото може да започне... Причини зошто прв крак и Стримонски залив се лош избор за одмор...
Почнав да работам со човек што изгледа е дислексичар и дисграфичар и воодушевена сум од тоа колку е успешен. Прво мислев дека не е нејтив или дека не знае англиски, ама после неколку разговори по телефон, нејтив е милион посто, а проблемот е во писмената комуникација. Со оглед на тоа колку е успешен, а истовремено љубезен и приземен, доказ е дека пречките многу лесно се надминуваат ако се решиш сам да ги надминеш, но и ако живееш во средина што ти го олеснува нивното надминување и те поттикнува да не ги гледаш како пречки. У меѓувреме, балканските родители се шампиони во создавање на пречки кај нивните деца, дури и кај сосема океј деца без какви било пречки во развојот... од типот на не знае да си спржи две јајца или не мие чинии оти тоа е гадно или вари шпагети без вода. Изговорот е - за да не се мачи... а не сфаќаат дека не е лошо некогаш и да се помачиш во животот. Особено во младоста. Чисто колку да разбереш зошто не е убаво да се мачиш цел живот и да направиш нешто побрзо да го смениш тоа.
Како што поминуваат годините сфаќам колку сум била нетрпелива и избувлива но може тоа да се насочи кон мојата искреност. И сега велам штета што сум искрена и што љуѓето секогаш знаат на што се со мене па затоа можеби имам само пријатели кои се бројат на една рака...
Многу те сакам мајко ,срцето ми се кине кога те гледам дека си тажна поради мене .. Немој да се грижиш наскоро се ќе биде во ред ти ветувам.
Секогаш се правам паметна во случај кога ќе зеам да се губам по улициве. Ќе брзам за да завршам работа и за назад ќе си речам "Не ти треба мапа мори, имаш пат иди." И ќе завршам бог знае каде и пак нема да отворам мапа. Нема везе, ќе се испотам пола час ама мапа не уклучувам. И така си идам по патот и гледам на билборд 39+ степени,гледам по пат маж што се расправа со жена му зашто имала деколте и требала да го сокрие да не се гледало. Па идеш гледаш некој во ресторан, јаде и се нервира. Па некој шета куче ама кучето како виршла мало не можеш да го забележиш. Кјут си викаш. И талкаш, стасуваш до некоја улица и гледаш некој познат од работа. И 2 реда муабет, ајде чао чао се поздравувате машкудански. Поминуваш улица, си стасуваш дома без отворена мапа. Си отвараш пиво, си воздигнуваш и си викаш лесен е овој живот. Аха, да
Таман си помислив дека се си е во ред кога ке се појави некој проблем,живот,секогаш ке те јаде нешто.
Се родив израснав живеам и работам со луѓе од разни националности.Една од најбитните нешта во животот ја остварив со еден од повеќето вистински прилатели од друга .И никогаш не ми пречел ни туѓ јазил ни туѓа култура но денеска навистина ме здоболе тоа што нас не нема ,мак.јазик не го слушнав во маса од 200 луѓе.Се почувствував како туѓинец дома.Ама сами сме си криви за се, сами се доведовме до ова.Не обичниот народ туку оние кои 25 години не лажат крадат и манипулираат со овој сиромав народ.А ние слепо па и сеуште понекој им верував(в)ме.
Едно од нештата што најмногу ме иритира е кога некој се осудува да зборува за мене како да знае како ми е, како го живеам животот и низ што поминувам. Од неколку напишани реченици ќе заклучат и каква личност си, скроз сигурни во она што го кажуваат. А вистината е дека немаат ни најмала претстава. Ни. Најмала. Ама битно да се каже нешто против некого. Ако тоа го крева егото, океј. Јас не сум ни дожна ниту имам енергија на некого да му се објаснувам и правдам. Бидејќи никој што така зборува нема утре да ми подаде рака за нешто. I'm worth more than what others make it look like.
И 2020 ќе дојде и уште мислат дека се смешни со тоа статусите и твитовите дека патриотите поминувале граница секогаш за 2ри август. На споен викенд и у сред 40 степени калето да не треба да го чуваме? Шетање им смета, продолжен викенд им смета, освен хејтање нешто друго знаете ли...?
Не верувам дека нешто носи поголем мир од утро започнато со отворен прозорец од кој влегува студен воздух, во тишина во која си ги распостелуваш мислите небаре се цвеќиња во полјана. Да се собере сета свежест па без колебање да го прогласиш денот за започнат.