Точно во период кога почнав да се сомневам во себе, се појавија ликови кои ми покажаа дека не треба да се сомневам. Не, не ми помогнаа со ништо, само ги видов тие какви се и сега сум среќна со себе.
И на крајот на краиштата не е битно со кого спиеш, со кого се будиш, со кого излегуваш, со кого разговараш по 24 часа, за кого се дотеруваш, со кого се држиш за рака, пред кого глумиш, кого заведуваш... Единствено битно нешто е на кого помислуваш кога ке видиш до себе празно место, кој требаше да биде тука, а не е. Не со кој те гледаат другите, туку со кој се гледаш ти!
Значи со последниве политички настани конкретно во нашава земја се си мислам дека се "инсталирани" влада и опозициона партија само да си играме некоја игра, а тие зад тоа перат пари. Тоа нешто на времето го спомна Хитлер или некој негов човек на некој говор и печи, боли длабоко во коските во сржтта.
,,Постојат работи коишто не сакаме да се случат, но мораме да ги прифатиме, работи коишто не сакаме да ги знаеме, но мораме да ги научиме, и луѓе без коишто не можеме да живееме, но од кои мораме да се простиме."
Читање како дискутирате хороскоп е исто ко да читам празна страна. Таа тема е толку шуплива, бесмислена и буквално празна. Како дечиња што си играат со имагинарни другарчиња.
Си листав во стар тефтер и си најдов цитат кој низ годините циркулирал во неколку верзии. Убаво ме потсети дека никогаш не треба да престанам со мерење. Ако трудот беше валута, некои луѓе ќе беа банкротирани.
Друго е кога ќе сфатиш дека реакциите на луѓето (или the lack of them) имаат многу повеќе врска со нив и со демоните во нивната глава, отколку со тебе. Во животот често ќе се среќаваме со нечии постапки кои ќе нѐ натераат да се прашаме "Wtf was that?". Но реално, повеќе лошо си правиме ако тумачиме премногу зошто и како. Понекогаш луѓето едноставно се какви што се, и тоа е сѐ што треба да прифатиме. Нивните демони не се наш товар за носење, особено ако сакаат да го чуваат само на нивните рамења.
Потребно ми е малку повеќе одмор, малку повеќе насмевки..Малку превише кафе и некоја тишина, некаде далеку од луѓе.
Често гледам примена на двојни аршини околу прашања за лични (не)верувања. Постојат индивидуи кои не сакаат никој да им задира во нивното (не)верување, на пример за споивост на личности со различни верски определби и ставови, а истите тие лесно си дозволуваат да судат туѓи мешани бракови и врски. Треба да се застане малку и да се размисли. Не, не може да очекувате да не ви наметнуваат став, а вие да го наметнувате вашиот. Пожелно е да добиете волја да се истолерирате едни со други, инаку не можете да тврдите дека имате либерални сфаќања. Секуларноста на една држава не е наменета само за една страна. Таа е само еден вид на принцип кој укажува дека никој не треба да биде префериран или притиснат поради своето (не)верување во некого или нешто (зависи како го поимате или не го поимате Бог). Треба да се одржува рамнотежа за да можеме да имаме квалитетен соживот. Сè што е спротивно на ова,нè оддалечува од она што значи човештво.
Дали постои курс за промискуитет? Ми треба таа вештина за да се вклопам, да не штрчам со тишина меѓу гласни тела, да не барам емоции таму каде што се нудат само безлични допири. Накратко, сакам да станам дроља за да преживеам у овој свет. - Дороти Ќулавкова.
Не сум за детето да биди постојано кај жената после развод. Две недели кај жената, две недели кај мажот. Две недели не се многу за да не можи некој да издржи. А не детето само кај мајка, тој ќе се прави "мангуп" па и алиментација не праќа, па живее како некој ерген, цел терет на мајката. Можи таа сама го направи, сама си го роди. Се помалку машкост, во мажи, страшно.
Јас секој пат ко ќе пишам-бришам нешто проблематично, шо и не е толку проблематично ама знам дека ќе биди грешно сфатено:
Напрајв толку неестетска чинија со храна шо ми е срам да ја објавам било каде. И само усрамено ја пратив на другарките оти то е максимумот ова пајнца шо ќе биди видена.