Шепотат средби со зборови што мирисаат на мед, но наутро исчезнуваат како магла над калливото поле, оставајќи зад себе само ехо од тоа што можеше да биде... Гледам во нивната несигурност, во празни очи кои се плашат од себе и одеднаш, целиот жар во мене се гаси. Кратка проза за малокурци. Дороти Ќулавкова.
Живеам за денот кога ќе се смеам толку многу, додека стомакот не ме заболи.. И кога ќе чувствував мир и спокој длабоко во мене ...
Нема ништо полошо од зачаран круг. Како лавиринт без излез. Кога ли ќе сфатиме дека не е поентата дека немаме време и одново ако почнеме ќе биде подобро. Треба да се почне секој ден, со цели да ама и ден за ден без размислување дека сите следни денови ќе бидат ужасно напорни и претешки и сега да се откажеме пред време.. и следен пат пак и пак и пак нема да е доволно.
Мислам дека сум единствената личност која немаше пробано трилече(прв пат пред две недели) Имав поинаква замисла дека е вкусот немав желба ниту за пробање ниту за правење. Откако дома ми изразија желба веднаш направив, скептично го пробав, и кога прв пат го вкусив бев ваква Пре преубаво ми е, мене која сакав само торти со шлагови, лешници, путери
Е*ате животот ако треба да се прашуваш кој ќе е следен. Никакво време, олошот само останува да чекори по земјава. Почивај во мир.
Инспирирана од актуелната тема деновиве, пуштив епизоди од султанот Сулејман. Првите две, особено важно. Е сега, малтене настрана муабетот со религии (ептен убаво се гледа), од една тематика завршив на друг заклучок - има нешто и до жената. Едната вели (парафразирано): срцево мое тебе те сака, другата сè мое е твое, срцево не е мое туку твое. И се засркнав ептен сред двете шупливи(!) реплики (ама после укапирав, додуша доцна) дека има нешто и до начинот на скротување. Најверојатно(?) маж за да те слуша треба малку расипана умешност со дипломатија, па и отповеќе да го насмееш, сама се наканиш, населиш и владееш сосе пакет (во пакетот мислам на шајки и пајки, малтене цела фамилија). Па тоа ми ти успешно менаџирање, учење лекции само од Хурем? ..сакам да верувам дека ако од почеток се фати убаво, феминките ќе немаат проблеми и темите со снаи и свекрви скроз..ќе замрат!?
Тие се среќни со нивните еднорози. Јас ги гледам сите заблуди под сјајот. Сакам и јас свои еднорози кои ќе ми овозможат спас, а не само ,,чуда" без објаснувања. Сакам нешто што не бара да го бранам со разум, туку само да ме смири. Само сакам да спијам мирно у илузијата. Дороти Ќулавкова.
Реална слика од мене од ко сфатив дека ова сега ми е втората (и последна) година од хормонска терапија и во 2027 влегвам со менструација: Многу е тешко да се вратиш кон нешто, од ко ќе видиш дека светот на другата страна е поубав.
Ја за ова би им го одземала детиштево и би го носела во воспитна установа, а за родителите и повеќе од кривично да одговараат. После ќотекот бил лош, удри не жали. Сега малтертира куче, утре ќе малтертира негов другар, после жена му, па родителите.
Сакам да кажам дека од ко активно гледам циц-- гради зошто одам на „шопинг“, сум само многу благодарна дека во рани 20ти кога не бев задоволна со големината и формата на градите, па дека биле оддалечени - дека не решив да напрам промена. Уште сакам да ги имам, ама сакам да бидат баш ко „солзи“, сакам да бидат брачеди, не сестри и така малку поскарани пошто ни едни природни гради не се залепени. Сакам да не личам како Кардашијан. Не можам да дочекам да се видам со докторот.
Ништо не е како што беше ни во детството, ни пред 10 тина години. Се побетер станува. Деновиве посебно каква носталгија ме пука, страшно. Се што видам на нет од некогашно време ми се плаче. Дури и мирисот на зима не е ист. Сега мириса на пластика а некогаш мирисаше на чад од огрев на дрва. Некогаш имаше мразулци на стреите од студ сега во 3 месеци еднаш ќе спадне - 2 киснеме како е многу ладно. Мислам уште ми стои мирисот под нос кога мајка ги внесуваше замрзнатите алишта од жица, коска. Па покрај шпорет се одмрзнуваа. ЕХ, носталгија...
Понекогаш не нè повредува тоа што нешто завршило, туку тоа што било изградено на зборови што никогаш немале намера да станат дела. Кога некој знае дека си бил повреден во минатото, а сепак избира да не биде искрен од старт, тоа не е недоразбирање, тоа е личен избор. Не секој што покажува внимание е подготвен за одговорност. Не секој што вели „разбирам“ навистина прифаќа. Некои луѓе сакаат чувство, блискост и потврда, се додека не сфатат дека другата страна има граници што нема намера да ги помести. Искреноста не се докажува со зборови, туку со постапки. Кога некој си заминува затоа што не добил се што очекувал, тоа не зборува за нашата вредност, туку за неговиот капацитет!
Имам поддршка, имам луѓе околу мене што ме ценат ама мене душата ме боли. Никој неможе да ми помогне ако самата не сменам нешто, и џабе си ги викам тоа. Некои работи зависат од универзумот и допрво ќе ги дочекам...