СДК Ако некој е тивок и мирен постои доста чест стереотип дека е добар човек што не е исклучено како опција али може да биде и малиген прикриен нарцис. Они исто се тивки и мирни, не се ни директни, ти мислиш си кажал банална шала а он најстрашно се увредил и ти има смртно замерено а ти не си ни свесен. Малигните нарциси се доста опасни, се чуствуваат понижено за најбанални ствари, лесно се навредуваат и се одмаздољубиви, they holding grudges, можат со години да памтат што си им направил и да ти вратат. Исто има некој стереотип и за сиромашните дека генерално се добри и скромни, кога ќе го видиш како нема и живее у мизерија ти е жал и како од емпатија да му препишуваш добар човек дека е а он може да е силувач и педофил, само што никој не е заинтересиран сиромашните да ги прати што прават а богатите се генерално под лупа и надзор и нивните злодела доаѓаат повеќе до израз.
Minuta molk za site shto sme single deneska, vi posakuvam site da si go pronajdete “svoeto”.. imajte ubava vecher ubavi lugje
Поголемиот дел од луѓе што не доживеале некоја траума, смрт од некоја болест, отсутни и токсични родители, не знаат колку треба да имаш сила и трпение за да останеш добар и емпатичен..
Многу сакам да си работам во некоја библиотека кај што нема бучава преку глава ми е од галама и гужви.
Луѓе со 200 хронични болести и вишок кг од кои едвај дишат сигурно , исмејуваат некој што се храни здраво
Никогаш нема да го сфатам феноменот да раскажуваш проблеми и за животот твој општо на луѓе кои ти се познаници во најмала рака, за непознати да не спомнувам. Можеби е сурово, ама стварно не ми е гајле. Idgaf што планираш во иднина или што те мачи во моментот. Стигнав до таа точка во животот каде грижата и енергијата ми е резервирана само за мене и блиски луѓе/пријатели. Реално само за нив ми е гајле. Затоа и не прашувам никого прашања што сметам дека се лични и обично молчам кога во група неблиски луѓе некој си раскажува проблеми. Не посакувам никогаш лошо, ама стварно немам енергија да слушам особено негативни работи за некој што не му е гајле дали сум жива. Па не може рандом луѓе да ви се бесплатни психолози и издувен вентил, сите си имаат свои проблеми.
Ме нервираат личности што не учат од своите грешки, глеаш дека не знаеш да процениш имаш погрешни претпоставки и сто пати ти се докажало али не, они самодовербата на најјако пуштена.
Не ги сакам никого политички смени, дури ни другар ми повеќе не го сметам за близок оти цело семејство се јавна администрација и ме убедува дека е убо во Македонија, хрк пу.
./rant Да ти ја **** државата кај што е срамота и за потсмев да си чесен а за УАУ и гордост е да си кримос и да праиш комбинации. После сме се селеле...
Гледам едни многу блиски луѓе како сами си го уништуваат животот и многу ми е жал за нив. Ги гледам и ништо не можам да направам. Делев совети кога требаше, ама џабе кога на ум не те ставаат. Додека збориш со нив, прифаќаат, така ќе направеле, и после пу пу не важи.. Нели се изморрија од тоа нивниот живот да го препишуваат на судбината? Нели се изморија од тоа самите себе да се залажуваат? Нели се изморија од тоа постојано да мацкаат во калта, а да не се трудат нешто да променат? Стварно многу ги сакам, стварно ми е многу жал за нив и стварно сакам да застанат веќе на свои нозе. Којзнае дали и кога ќе се случи тоа....
Градината од липи - басна од Дороти Езопоска. Во една градина со години растеа липи. Меѓу нив никна и еден чемпрес. Си заживеа со повеќето липи, го прифатија, се здружија, си трачаа, се смееја, дебатираа за случувањата у светот, де се караа, де се согласуваа. Една година, мнозинството липи го избраа него за ,,Липа/дрво на годината". Некои го поддржаа, некои негодуваа, чемпресот тоа го прифати како нормално. Тогаш една липа се избаци и гласно прошушка: - Што е следно после ова, на таблите ќе пишува ,,Дрво 1" и ,,Дрво 2"? Каде отиде светот? Ќе ни кажува чемпрес што е природно? Овде не се криеше само несогласување, туку страв од самото постоење на поинаквото. Некои одобруваа, некои молчеа, животот си продолжи. По некое време, истата таа липа тивко му се приближи на чемпресот, со поинаков тон: - Еееј здраво, многу ти е убава крошната. Честитки за титулата. Сакав да те прашам, ако може совет за корените. Те слушав додека муабетеше со други липи, гледам со тоа се занимаваш. Чемпресот ѝ одговори без горчина. Таа го ислуша и си замина без збор. Но не помина долго, а липава повторно гласно прошушка меѓу другите: - Некогаш вакви дрва се сечеа. Денес им се дава да растат. Тогаш чемпресот не научи дека на сите треба да им помага туку дека не секое дрво што бара помош за корени заслужува совет. Го оставаш да се исуши. Чемпресот уствари по не знам кој пат сфати дека знае да биде доста глуп на моменти. Кон шумот полн со омраза, треба да вратиш со тишина.
Учете си ги децата дека секое ѓубренце што ќе го направат треба да оди во соодветните канти, а не под клупата. Пред зграда се угушивме од ѓубре, аман.
Најтешко во бидувањето жртва е кога тие комшии (позади заклучените врати) ќе речат „издржи, ќе биде подобро“ на отворено. Кога лево-десно нема никој, па кога ќе си останеш со насилникот ќе се тешиш со евтини зборови, кажани низ мизерен, „гласен“ шепот на отворено. Зашто не се втурнуваат внатре? Зашто секому му е полесно да преџвака туѓа расправија. Никој не е емпатичен за време на расправиите, оти се туѓи. Најлесно е да си емпатичен и добар граѓанин после трагедија. Најлесно е да се биде судија откако работите ќе се свршат, па и да се посоли манџата отповеќе. После секое читање на прилично долги постови за конкретниов настан, ми се повраќа. СДК, еве кој сака да гледа нешто фино и поучно за викендов. Бар да има некој ќар, 5 души да го ѕирнат филмов и променат нешто во местоно каде што се.
Форумов е полн со буцкала ама онака баш буцкала во права смисла. По Дискорд чатовите сте као пофини, и сфаќам и глеам колку сте се преправале и сте глумеле, и мило ми е што никад нема да ми текне повторно да сум дел од нив, ниту да се откривам. Чест на искучоци.