Се почесто слушам за мажи после долга врска, посебно брак веднаш стапуваат во брак и тоа веднаш дете на пат?! Мислам како бе, како сте толку спретни и во душа и во,, оноа" Малце така ми се приповраќа кога се разведуват за некоја банална работа, или на прва пречка и одма наогаат замена во рок од месец дена и дете на пат. Повеќето мажи се големи снобови и никој не може да ме разубеди во тоа! Досега за жена не сум слушнала, веднаш после развод одма брак. Не зборувам за брак кој бил дисфункционален, станува збор за брак кој тежнеел кон нормален со љубов и разбирање и на крај баамм! Значи не можам да се помирам со вакви снобови и крај!
На reels на Фејсбук наидов на видео исечок од емисија Gospodin Savršeni, ја емитувале на RTL. Се пријавуваат неколку девојки и еден маж елиминира една по една, на крај ќе остане таа што најмногу му одговара и така си наоѓа партнерка. Мислам дека Србија и Хрватска ги имаат најретардираните тв шоуа, почнувајќи од Големиот брат на времето. Затуцани реални шоуа, турбофолк, шунд, има бетер од нашиов етер.
Вервам дека сите имаме whistleblowing мислења. Пример еве ме пацифист ама ќе користам суптилен насилен јазик. Или еве сум феминистка, ама најголем мизогинист меѓу редој. И не го кажвам ова како осуда, туку го кажвам како прашање при интроспекција да ни е. Сите имаме whistleblowing мислења и ставови, така спаковани, и не сме свесни дека е директно контрадикторно на се шо вербализираме. Башка ме интересира колку е ова уствари зошто пробуваме и самите да се спаковаме во одредена категорија луѓе? А, реалноста е дека сме како кромид, слоеви и слоеви од човек, и нашиот светоглед не е фиксен и е "индивидуален". Ми личи ова ко да е тема за во белешки со twin. И не знам зошто ја викам twin ко јас сум unc во споредба.
На кои е празник денес? Секоја година некоја жена е измамена, навредена, психички газена, понижена, тепана и убиена. Некој невоспитан маж психопат решава да ѝ ја згасне радоста и да ѝ ја одземе слободата. Некој таков маж се преправа дека е неспособен како мало дете за таа да му изигрува слугинка дома. Некој таков маж ја третира како небитен предмет, а не како човечко битие со свои права. Некој таков маж е причина зошто жената не може да има доверба ниту во оние ретки добри мажи кои станаа поретки и од злато. И не е само до мажите. И ние жените не сме ништо поарни. Жена на жена е волк. И жената молчи кога гледа како друга жена е третирана лошо од некои. И жената одобрува политики кои се штетни за нејзиниот пол. Како оние со кои допушта мажите да навлегуваат во сфери кои се само за жените несфаќајќи дека тоа е стапица на патријархатот кој најде нов начин да ги тишти жените! И жената ѝ наоѓа маани на друга жена. Ѝ сметаат постовите со влошките и градниците. Молам? Во 21ви век? Како може да сметаат две нешта кои јасно покажуваат што сме ние? Две нешта кои нè дефинираат како човечки суштества со прекрасната биолошка способност да донесат други на свет. Наместо да се слави ова, се плука и се фрла во ќош. Разочарувачки е. Излегува дека не ни требаат непријатели кога самите се поразуваме секојдневно. Лудило! Битно... Среќен 8 Март!
Во немоќта научив едно нешто Некогаш љубовта е само да чувствуваш и да сакаш без да повредиш ....додека срцето ти е срце, а ти набљудувач на своите сопствени чувства.
Ми фалиш Сакам да те видам Сакам да те гушнам Сакам да се исплачам и да ми се тргне каменот од срце Ми фалиш иако знам дека ти бев ради реда,и никогаш не ми даваше значење Не знаев дека човек од љубов може да се разболи.
Едвај чекам да потонам во сон Барем таму реалноста е друга,и тоа ме прави среќна Ќе се наредат ли работите некогаш?! Само господ знае .... т е ж и н а
Накратко, мажи најмногу се плашат да бидат третирани онака како шо третират жени. Следно, мажите по природа се посубмисивни. Сакат да има маж да им кажва шо прат и пратат инструкции и прат се да импресионираат друг маж. Во последно ја слушам Џамила Џамил кај шо збора како нејзиниот партнер шо не е "мачо" е повеќе "маж" зошто има емоционална интелигенција и е во допир со своите чувства и идентитет, знај да кажи и да почитува "не" зошто не бара валидација од други (мажи), додека "мачо" маж е посубмисивен и поќе бара екстерна валидација од други мажи за неговото постоење да е оправдано. Не ми се допаѓа јазикот кој е користен, ама разбирам дека мора да е така преџвакано. YT
Сакам да бидам блиску до тебе, да те гледам и да те чувствувам, но животот ни стави граници што не можеме да ги поминеме.... Иако боли, сакам да знаеш дека ќе те носам секогаш во моето срце,макар и никогаш да не бидеме заедно
Еден од најдебилните трендови денес е исцртување веѓи. Ги поцртувам и јас ама минимално колку да дадам форма оти на времето претерав со чупање (ги растам уште), а кога велам лошо, мислам на ова: Спојлер Сликава е рандом од Гугл земена. На што личи ова? Па уште има и техники на цртање во салон, ајде онаа со тенки влакненца е убава, ама нанесување боја е катастрофа, како некој може да помисли да има такви веѓи? Спојлер: Техники Не знам дали сте виделе жена со веѓи онакви како омбре, ноќна мора. И мислат дека се убави така. Шлапни боја по цела должина на веѓата.
Има таги што до ден-денес не сум ги исплакала, туку само сум ги претворила во шега. Хуморот однадвор изгледа како сила, но често е само начин да не заплачеш пред погрешни луѓе. Хуморот изгледа убаво, пристојно и општествено прифатливо. Никој не се вознемирува кога некој се шегува, но многу често тој е само фластер. Понекогаш смеењето не е ништо друго освен гола техника за преживување!
Ми нема попатетично од луѓе со лажни тажни фаци и крокодилски солзи истопорени пред телевизиските камери. Си го прават она „кви, кви, кви, излажи без грам срам ти“. Тоа е само претстава за останатите. Системот, па системот. Сите сме дел од системот, бре! Да сме мислеле на време, немаше да се случи ниедна трагедија. Но не сме мислеле на ништо друго освен на своите себични потреби. Обичните граѓани требаше да се бунат и да пријавуваат, а политичарите да контролираат. Само така може да се воведе праведен систем. Многу нешта требаше да бидат направени, но заспавме. Сите сме добри во глумење и сите сме лоши во поправање на системот. Молчиме кога не треба да молчиме. Оваа држава не може да турка напред со ваква затупеност.
Симпатично е коа машки членови (татковци претпоставувам) коментираат у темите кајшто обично се мајките Треба поише така да покажуваат мажите дека се посветени и вклучени.
Жени што заработуваат, си уплаќаат патувања, вложуваат во себе, вложуваат во хобија и интереси не можат да ве "искористат" за едно кафе или вечера на дејт.