Сите вие што зимате миленици, ги чувате дур ви е интересно и после ги пуштате на улица - за вас посебен круг у пеколот
Учам да живеам со тоа што те имам… без да те имам. Да те носам во себе, а да не смеам да те допрам. Да се смеам пред сите, а да се распаѓам кога ќе останам сама. Можеби ова не е крај на љубовта ама е доказ дека љубовта може да те промени засекогаш !
Одлична слика за перформативен, површен и безначаен "феминизам" се просечни текстови на сајтов на фемина, женски магазин и сл. Кога и да прочитам наслов за моќни и успешни жени, со некој опис на хероини во поднаслов, знам дека ќе максимално ќе превртам очи на содржината уште пред да ја прочитам. И никогаш не грешам.
Никогаш не верував дека животот ке ми биде борба секој ден, 15 години ми е секој ден борба, за подобро утре, за подобра иднина, за подобро здравје, сам се борам, без родители, без да знам како е родител да ти даде совет, да ти даде совет за било што, немам веќе сила, немам енергија, немам воља за живот веќе.Пред 5 год фатив една болест за која нема лек, пред 3 год фатив друга болест од која ако не се открие одма, се проширува и умираш, тоа го излечив и пред 3 месеци пак ми се врати, пак нова борба, пак сам, неможам веќе неможам, незнам како издржав да не кренам рака на себе, само знам дека сум преуморен од животов ужасен...и дека ке дојде крајот што побрзо да се спасам од макиве веќе.
Вистинскиот карактер се открива од позиција на моќ, не мора да бидеш буквално милионер или не знам каква позиција у општеството да имаш туку и за најмала банална ситница ако си во позиција да одлучуваш или имаш моќ и контрола над некој или над нешто тогаш се гледа дали и какво гомно од карактер си.
Полека, смири се, диши длабоко, број до 10, лутината ќе исчезне... Како да не? Основно животно право е да си лут, а богами и гневен, да си дадеш оддишка на океанот од чувства, некогаш од самите темни длабочини. Друго - кој би рекол дека човек може да го засака она што некогаш најстрасно го мразел?
Никогаш немаше да поверувам дека ваков преокрет може да ми се случи во животот и тогаш сфатив колку животот е непредвидлив и дека ниеден момент не се повторува двапати…Затоа луѓенца уживајте во секој момент од животот оти никој не знае утре што го чека,живејте го секој ден со полна пареа,животот нема реприза,и многу често не оди по наш план.И едно нешто што научив а тоа е-И кога ти е добро-ќути,ќе помине И кога ти е лошо-ќути и тоа ќе помине..
Дождот можеби го сакам пошто ми нуди чувство на сигурност. Кога бев дете, мразев физичко, фудбал, спорт и слични срања. Тие активности ми создаваа притисок, често ми дофрлуваа пошто не се вклопував и не ги дружев соучениците у тие активности. Кога врнеше дожд, останувавме во училница, имав мир, никој не ме закачаше поради изборот да бидам грациозен еднорог кој не сака да се поти, засмрдува и бутка како останатите момчиња.
Зошто за сите се најде работа решение за во оваа вукојебина....само за тебе решението беше да си далеку од нас ....Ја мразам оваа земја што ги оддели децата од фамилиите,ја мразам оваа земја што не овозможи ништо за младите.... немам зборови со кои би те убедила за да останиш. Секое твое идење заминување ме боли до коска... посакувам да го вратам времето кога бевме деца,ама не можам. Каде ли згрешив за да решиш да заминиш? Дали некогаш ти недостасуваме? Дали некогаш се каеш бидејќи не си блиску? Толку се си собираш во себе за да не те мислиме ама верувај,ме боли душата. Биди ми само здрав и жив и чувај се. До следното видување.
Се чувствувам како да се губам во овој свет на сомничави злобни луѓе кои секогаш судат пред да слушнат, има толку малку желба за разбирање туку се опседнати со јас, јас и само јас. Тешко е да се остане рамнодушен кога гледаш колку малку простор остана за искрена љубов, добрина и емпатија, и се помалку во овој материјален свет. Сепак, колку повеќе се соочувам со таа површност, толку повеќе ги ценам оние ретките луѓе кои знаат да молчат за да те сослушаат и кои ја гледаат вредноста во човечноста, во тебе што си со нив, а не во користа. Тие се малку, но нивното присуство ми е потсетник дека вреди да се остане таков, без разлика колку забегано е општеството. Ми се чини дека колку повеќе се трудиш да бидеш чесен, искрен, добар, толку повеќе луѓето гледаат во тебе со сомнеж и бараат скриени мотиви таму каде што ги нема. Што им е на луѓево незнам.
Феноменот ,,МПЦ кутлешари", најголемото црвено знаме у СРМ, поцрвено од кутлешот. Оние со орлите се другата страна на паричката. Сексот не е само нагонско триење на тела, уметност е тоа, прво е потребна интелектуална предигра и пенетрација, како истата да ја очекуваш од Трајко Македонец Трајчевски од некакво Христијанско братство кој прво паѓа на тест за правопис, да не зборам за смисла за хумор, ставови, погледи и размислувања... Мало куре енерџи. И истиот не е малцинство или ендемски вид во изумирање, напротив, вирее у секоја пора. Да се напалиш на некого заради интелектот е луксуз овде, сапиосексуалноста е проклетство затоа што бара мозоци, а мозоците се реткост. Дороти a.k.a. Фросе Фро.
Ги обожавам оние луѓе кои, иако првпат ги среќаваш, имаш чувство како да ги знаеш цел живот. Кликнуваш со нив од прва и знаат да ти ја стоплат душата, да те опуштат и да те насмеат како никој друг околу тебе што веќе те познава. Штета што немам повеќе вакви луѓенца околу мене.
Глаголот "зеде". Јас зедов, ти зеде, тој зеде. Минато свршено време. Јас земам, ти земаш, тој зема. Сегашно време. Кога прашувате во темите од каде некој нешто зел, се прашува "Од каде го зеде", а не "Од каде го зема".