Сакам да дојде време каде жената ќе го води светот, ќе го води бракот, ќе го води домот, ќе биде “главата”. Жената ќе биде битна!
Размислувам како времето сега едноставно лета како деновите се претвораат во недели, а годините се нижат иако се чуствувам млад а не со тројка напред, како вчера да беше кога се изгледаше возможно, кога мислев дека до сега веќе ќе имам се. Ме фаќа паника кога ќе погледнам каде сум во животот. Гледам околу себе пријатели а јас се уште се чувствувам како да стојам во чекалницата. Постои тој постојан притисок, тој глас во главата што ми шепоти што се случи? Дека во овие години веќе требаше да имам некоја покрај мене. Тешко е да се биде оптимист кога чувствуваш дека си ги исцрпил сите шанси, а секој нов обид само ја зголемува анксиозноста. Најмногу ме плаши помислата дека еден ден ќе се разбудам и ќе сфатам дека најдобрите години поминале додека јас само сум чекал нешто да се случи. Тој страв од осаменост, помешан со чувството дека времето ми бега низ прсти ми создава секојдневна нерасположеност што е пеколна, единствено помага физичка активност или некој пријателски разговор, но тоа само ја сокрива емотивната тежина. Ми недостасува причина за продолжување понатаму.
..секогаш, ама секогаш кога имаме индивидуа - жртва на насилство во нашево мило општество тоа мора да го гледаме и низ пороците, да лепиме, лепиме и лепиме етикети и уште толку долно (во случајов) мртовецот да го усилиме со најтемни епитети и чинам после +1000 страници низ темава можеби ќе може да почива на мир? Ќе речев немаме емпатија, но за ова треба отсуство на една друга перцепција во мозокот. Удри, удри, кој нема уста и видливо тело, удри и преку зборови оти и така го нема. Ко за партал да прават некои членки муабет, а не за човек. Сè они најмногу се справиле (оти по некоја игра на судбината имале избор), а другиве се психички нестабилни! Ич не сакам да се служам со изрази како судбина, зашто во тие ситуации сами на "најженствениот" начин се спасиле, битно тука имаме к***а. Ех, феминизам! Ќор-сокак со двојни стандарди.
Чудно е како луѓето не заминуваат одеднаш. Остануваат… ама некако помалку присутни со секој ден. И не боли тишината. Боли кога од некој што ти бил сè, ќе добиеш само делови – кога му одговара. Некогаш мислиш дека е фаза, дека ќе помине, дека ќе се врати оној што бил на почетокот. А вистината е дека почетокот не е мерка за тоа што ќе остане. Со време учиш дека не треба да се бориш за внимание, ниту да се обидуваш да бидеш доволна за некој што веќе одлучил да дава помалку. И најчудно од сè… кога ќе престанеш да се трудиш, сфаќаш колку мир има таму каде што порано имало само прашања.
Знајш ко ќе речат најлошиот чоек шо го знам научи therapy words и сега е поопасен? Имам многу примери такви само шо биле безопасни и бордерлајн смешни да се гледат од страна, ама немав сретнато до сега некој да заврши факултет психологија и после да го затворат за детска порнографија. Ми се повраќа со кои луѓе ми се разминал патот, и ми се гади од фактот дека вакви предатори перфектно се местат во близина на ранливи категории. Не вервам во невин додека не се докажи вина кога се пронајдени порнографски содржини со деца на личен уред. Копиле гнасно се надевам до крајот на животот ќе осеќа само болка и страдање. И сакам да ја искористам ситуацијава да прокоментирам уште ова: во живо колку-толку можиме да идентификуваме ризик фактори, ама онлајн едноставно не гледаме ризик. Ама вакви имбецили се меѓу нас и не знајме. Ве молам не си ги објавувајте децата и потпишувајте петиции за воведување рестрикции за објавување на деца онлајн до одредена старосна граница.
Мисли ги ти Македонците во државава тешко живеат, скапотијата им штети, не можат крај со крај да фатат, сметки преголеми а тоа сите да ти имале домашни чистачки и куќни помошнички со целосно работно време, значи скапотијата им е само колку во муабет да се најдат или лажат за чистачкиве Само се мислам дали и сами готват или и готвачки имаат
Убавината е релативна работа и се работи за вкусови и различен поглед преку своите огледала. Јас на пример никогаш било женско или машко не сум рекла дека се убави за кои многумина велат дека се преубави со совршени црти. Кај мене никогаш во очи не пага човек кој има совршени заби посебно денешните кои ги прават, усни, коса, се на место. Јас секогаш се,, заљубувам" во убавината на човек кај луге кои многумина велат има криви заби, нема убава уста, криви нозе... Некои луге едноставно ми зрачат со харизма, љубов и баш напротив кривиот нос, кривите заби ми ги прават уште попривлечни и секси било жена или маж.
Денеска сретнав брат и сестра на улица,братот и вика на сестра си,ранецот ти е валкан за перење е и оваа му вика знам ,како да и пречи.Мислам тинејџерка е,ама брат и да и кажува и да води грижа за нејзината хигиена е невкусно во најмала рака.Дали мажите повеќе водат сметка за хигиената од жените?
Лесно е да се пишеме на социјалните мрежи. Но, вистинскиот срам не е кај бабата што се турка во толпа за 30 јајца. Срамот е во апашите кои не донеле до точка каде нашето достоинство вреди 30 јајца.
Nesto sto e pravilno i go pravele porano a e izumreno denes e toa ako planirate da se mazite/zenite mora dobro da se rasprasate za familijata na deckoto/devojkata obavezno toa, kakva e/sto e, tamu se temelite. Da ne bide placki posle.
Многу ми е забавно кога ќе се појави некој трол на форумов со оргинална приказна како сите се запнуваат да се објаснат со него
Сакам да кажам кај отидовме, можеби ковидот не смени ,но ние тупкаме во место. Не се снимаат повеќе детски серии, филмови,прекрасни талентирани актери имаме, мене ми се плаче кога ја гледам оваа состојба, важно има турски серии. Прекрасни талентирани деца за спорт никој не вложува во спортот, нашиот ракомет женски, машки. Македонската музика...
Ниедно вапцување јајца не го надминува она со тревки и лушпи од кромид. Одсекогаш имав мерак на тој метод, годинава прв пат и го испробав, мислам дека секогаш така ќе ги правам. Какви бои, какви хемикалии, на природен начин најубаво. И да, јајцето треба да е црвено, не зелено, не сино, не жолто. И да, симболот на Велигден е крстот и црвеното јајце, не е зајакот, јагнето, пилето. Каде ви е крстот на таа масата украсена каде што сте ги ставиле јајцата? Да не заборавиме што празнуваме.
Многуууу интересно како скроз случајно епидемијата на изгледање неухрането и болно ги зафаќа само женските јавни личности и инфлуенсерки. Не знам еве, не се сеќавам некогаш да имало циклично менување на трендови за изглед на машки тела. Ама да, треба само да речеме дека секој има право на избор и дека броењето на коските на возрасна женска личност е целосно нормално и природно. Исто ко што пред некоја година се уверувавме дека е сосема нормално да се инјектираат три кила сало во газот. Slay
Сашо што сведочевме историја, Артемис 2 безбедно слета, враќајќи го човештвото повторно кон ѕвездите. Горд сум што сме сведоци на ова во живо. Добредојдовте назад.
Претежно луѓето кој се секогаш насмеани, позитивни, весели пред другите луѓе, се оние кој ги водат најтешките битки самите со себе во ноќите, во ноќите остануваме осамени, во ноќите се присетуваме на целиот живот во минатото, на лошите моменти поминати, тогаш демоните не напаѓаат, но борбата е безконечна, борбата е само дел од нашиот наречен живот.
И да ми е малку интересно нешто по кое мнозинството се лаже, не ме привлекува доволно кога ми е јасно од кого и за кого е смислено. Има суштински и далеку поважни работи што мора да се променат за да се подобри општеството. Претпочитам да се фокусирам на тие и со примена на паметна тактика да бидам дел од решението.