Успори време, ме плашиш со која брзина ми го кратиш животов. Уште многу планови и спомени што чекаат, луѓе кои сакам да ги имам уште долго покрај мене..ама ти немилосрдно брзаш и брзаш, ми ги крадеш деновите, месеците, годините, за на крај да почнеш да ми ги крадеш и луѓето... Успори, а јас ќе дадам се од себе тоа да вреди.
По добивање на дијагнозата на татко ми толку ми се измешани чувствата, не можам да опишам. Сакам да се пожалам на некој а не знам од каде да почнам…. Дознав во бременоста, ја издржав некако цело време се плашев и молев за бебчето добро да се развие од тие стресови. Сега откако бебка е роден постојано се вртат тие муабети, влошувања, компликации…. Помагам колку можам но најтешко од се ми е што стварно нема начин некогаш како да помогнам.. зошто се случи ова постојано се прашувам, тешко ми е и не можам да се помирам… а толку среќно семејство си бевме и колку убав мир имавме во животот….
..да збориме за тоа како мнозинството луѓе ќе замижат пред фактите само зашто со х личност се во крвно сродство; да нормализираме незамижување на неколкуте вистини помеѓу нас. А и брат, а и сестра да е, ако лично знам какви се, што фајде да се чукам во гради. Почит да, чукање во гради - дефинитивно не. Луѓе остануваат во исфорсирани-крвно-родови релации. Едни не даваат прав да падне на нивните блиски, а да не кажувам како тие блиски, за возврат, партали ги прават пред други само како возврат на „благодарноста“. Братот со кој си растел/а не е истиот оној што го знаеш како дете. Се случува сешто, па ќе се изненадиш. Сестра ти со која си растел/а не е истата онаа што ја знаеш како дете. И тука се случува сешто, па ќе се запрашаш неколкупати. Нели, сѐ е нормално во светот на возрасните. Него, од огромна љубов према пренесени ветувања од патријархат и матријархат (со цел зачувување и пренесување на таканаречена „среќна, идилична и хармонична“ фамилија), придонесуваат кон многу себе-искривени толкувања околу генерална перцепција на здрави односи. После имаме себе-тонење и останати појави, како нарушување на односи со луѓе кои не ти глумат ништо, туку се отворени. Не јадат ****а, како што милуваат овие да идентификуваат, ниту се брутални, него баш транспарентно и учтиво ти укажуваат. ..е сега лично што многу сакам да разглобувам вакви тематики, гледам дека не оди баш и многу ми е жал што вакви муабети ми се идентификуваат како „премногу“ разглобени, „премногу“ осетливи итн. Жално е како нелажењето и соочувањето (круцијален чекор за раст како личност, на многу нивоа) со неколку изложени факти треба да биде прифатено како „ќути, да не те слушнат“ и тука знам дека тие не само што се вечно уназадени, него се и добар плен за голем број психолози. Човек никогаш ништо не менува ако само „бара“ нешто, а не знае како и каде да го прифати. Многу луѓе избегале од соочување, малку сфатиле каде тоа завршува. На крајот на денот не важи тоа еден за сите и сите за еден; секој е сам за себеси. Да зборуваме позитивно - омилената фраза после залуден разговор. Зошто реално изложените факти се ..негативни и не можат да бидат прифатени како нешто што треба да се размисли (без разлика колку не одат во наш прилог)?
Секогаш ќе ми е фасцинантно, особено луѓето со балканскиов менталитет, како се исфрустрирани кога отворено изразуваш среќа за (навидум за нив) тривијални работи. Се прашувам какво му е секојдневието на таков човек што толку го погодува некој да е среќен со мали работи? Или мора сите да одиме по шаблон, и единствено да бараме среќа во диплома, партнер, работа итд. Немој да си се осмелил да имаш друго хоби, други интереси, да имаш нешто свое, да се изразуваш поинаку, знај си го местото и седи таму. Ќе ти кажуваат дека премногу си *нешто* за да те исполнува тоа што те исполнува. Бидејќи животот не е доволно тежок и не нѐ толчи доволно, па сега треба да ограничуваме какви работи нѐ прават среќни. Но едно е сигурно, она што го имаш во себе, го пренесуваш и на другите, и не за џабе е изреката misery loves company. Кога си мизерен, полесно на душата ти е да се мизерни и тие околу тебе. Но едно не ми е јасно: имаш еден живот, зошто побогу би се ограничувал и одбрал да страдаш "сосила"? Доблест која многу ми се допаѓа кај себе е баш тоа што успевам да најдам среќа во мали работи. На пример, да цртам, играм нешто или да си купам merch, буквално доволна причина да си потскокнувам од радост. Животот најмногу го одбележуваат овие мали моменти, не само тие неколку големи, бидејќи и тоа што е во меѓувреме треба да се живее.
Луѓето никако да си гледат у свој двор. Толку им е здодевно што мора да дискутираат туѓи интереси, начин на живот и нивни одлуки.
Премногу простор за лошите примери. Еве пример за добрите. По Џасинда Ардерн, која ми беше омилен светски политичар, шеф/на држава долго време, сега ми е Клаудија Шaјнбаум. Педро Санчез би бил трет.
Со истата рака со која се крстиме во црква, утре безмилосно крадеме и газиме преку мртви за профит. Станавме робови на алчноста, каде што моралот е евтин, а корупцијата ни ја јаде душата. Жално што гинеме ние обичните смртници, за луѓе што имаат за наредните 100 поколенија. Зарем треба уште згради? За кого?
Читам, тука сум Мислам, секое утро, секој ден И сакам да кажам За девојка и за возачка не се части, зошто не знаеш кога ќе ти ги земат
Денес сакам да зборам за мал дел од интернет културата. Сигурно го имате слушнато, ама кога ќе дојди момент да некој ви прај rage bait - не можите да се воздржите и едноставно го „храните“ тролот. Што значи „хранење“ на трол? Има приказни за тролови пред интернет ера, митови и легенди, кои велат дека тролот прави штета, но останува тука само ако е хранет, гален и доколку има внимание. Ако основните потреби не му се задоволени, ќе оди на друго место. И потоа со подем на интернетот почнува rage bait контент шо значи дека некој намерно раскажува приказна која е апсурдна, грешна и чија цел е да изнуди реакција од другата страна. И другата страна „паѓа“ на таа провокација. И така се храни тролот, зошто се шо трол сака е „храна“ (внимание). Следно, најголем % од времето можеби е некој трол, ама мора да сме свесни дека постојат апсурдни ситуации во секојдневието кај рандом луѓе и дека само зошто нешто звучи нереално - не значи дека е нереално. Ако скокаш да кажиш дека некој е трол тогаш изнајди начин да докажиш. Ако знајш дека некој е трол, ама немаш доказ ... малку контроверзно ама ... не го храни тролот ... На трол му е забавно само ако добива внимание. Ако не добива внимание нема зошто да продолжи да прај шо и да прај. Исто сакам да споделам како guide за справување со онлајн тролови: https://counterhate.com/wp-content/uploads/2022/05/Dont-Feed-the-Trolls.pdf и тука има многу убав цитат од George Bernard Shaw: ''I learned long ago, never to wrestle with a pig. You get dirty, and besides, the pig likes it.''
Народов станал одвратен. Безобразен, некултурен, егоистичен, неемпатичен, насилен, агресивен, неписмен, оговарачки, прост, саможивен. Не знам што уште пропуштив. Затоа, одберете луѓе кои ви одговараат за живот, за да ви е убаво секојдневието, сè друго е неважно. На кој му треба помош, помогнете му, ама ако некој ве користи постојано, а не возвраќа, отстапете. Имајте почит и култура, а кога некој ќе ви покаже спротивно од тоа, само смирено и на фин начин свртете се и оставете го зад себе. Кој покажал дека е нула, не постои.
Страшно е да читам дека постојат луѓе што пријавувале инстаграм профил на 11-годишно дете кое само сака да шие и создава. Какви монструми треба да се за да газат нечија креативност и врз детската радост? Наместо поддршка, омраза и љубомора. Овој свет забега.
Утре одам на посета во твојот град Толку далечни,а толку блиски. Не сакам да те сретнам Никогаш не се бореше за нас Затоа си дадов пауза,време,за да се разјаснат некои работи во мојата глава. П.с Одам за убаво,се надевам нема да биде денот промашен
Гледам серии и после секој збор што ќе го прочитам ми е некое име од главни ликови,а нема врска едно до друго
Замислите да сакавме да си го „истресеме“ чувството на задоволство исто толку или повеќе како што сакаме да ја „истресеме“ фрустрацијата на некој друг, за да не мора да тој степен да ја чувствуваме. Зошто чувството на вистинска среќа нема потреба да се пренесе, туку, само фрустрацијата? Штедливи сме за среќата, дарежливи за несреќата. И така, таа станува уште повидлива за јавноста и ја изобличува стварноста. Станува видлива и леплива, и се лепи на нашите души како вирус што нашол погодни домаќини. Но, не мора да биде така. Мислејќи дека нештото е лесно видливо имаме наклоност да веруваме дека тоа е вистинско. Многу поинтересно е да се види тоа што не е видливо и низ многу слоеви скриено и за тој што го чувствува и за тој што сочувствува. Напорот да вложиш труд за да дознаеш што го прави среќен другиот не е за да бидеш среќен како него, нешто да украдеш за да го происвоиш, туку да бидеш среќен за него и за себе, зашто ако тој може можеш и ти.
Кога љубовта, добрината и дипломатијата ќе ги надвладеат лутината и егото се рушат сите ѕидови и се станува човек. Спротивноста од ова имплицира зло, а злото боли за квалитетни суштества со добро срце. Таквите се најчесто изиграни и повредени од првите на крајот. Трагедијата е дека живееме во длабоко антисоцијално општество со милион маски. Болни луѓе без форма и боја. Крволочни волци во руво на бели јагниња.
Денес слушнав убава мисла од познаник и морам да ја споделам. Парафразирам: “Луѓето сакаат да бидат разбрани од другите, но само до моментот кога за да бидат разбрани треба самите да се променат.“ И реченицата функционира како Мобиусова лента. Алал да му е.
Дипломираат и одат во странство, но во држави кои не ги признаваат нашите дипломи или само делумно. Ги лажат блиските дека таму се директори или менаџери, а блиските се фалат со тоа кај стигнат. Слушаш/читаш и се решаваш да провериш. Брз ВИ или Гугл срч ти покажува дека работат како градежни работници, келнери или хигиеничари. Што не се срамота оти сепак се чесни професии. Но... Зошто да се лаже, бре? Ако родителите не знаат да проверат на интернет, други луѓе ќе видат. Некој и онака ќе се посомнева кога слуша коментари дека со тамошните пензии не се преживува доволно добро (што исто може да се изгугла), па размислуваат за враќање во Севернава.