Кога ја читам темата Љубовни проблеми и совети, и се ставам ментално на местото на оној кој не е присутен , предмет на советите и проблемите, тој што е од другата страна, си помислувам „Замисли Виктор, има еден форум таму, некој ми прави целосна дисекција, ме гледа наизменично под микроскоп, па со дурбин, под силно осветлување, лицето ми го зумираат до степен што ми се гледаат порите , ми го мерат черепот, распонот на фронтален кортекс, ми прават ДНК анализа, ми прават fMRI снимка, па одам на томограф, потоа прават триангулација на однесувањето низ разни методолошки постапки: партиципативно набљудување, полуструктуирано интервју, ми ги пробиваат лозинките на социјални медиуми, ме следат кога најмалку сум свесен, прават дата анализа, се внесуваат сите податоци кумулативно и лонгитудинално во SPSS/R, се прави мултиваријантна анализа, факторијална анализа, се генерираат графици, се интерпретира - и јас понекогаш сум бил виновен за ова, иако со најдобра намера, веројатно како и другите...“ и си велам, „Молам Бога да не бидам толкав напор за друго човечко суштество, и некој да помисли дека толку сме отуѓени што му е полесно да се објасни со армија од умови, да направи crowdsourced psychoanalysis и секој (само)повикан да ме интерпретира на основа на своето искуство, проекции, стереотипи, трауми, наместо едноставно да зборуваме ние двајца, да се слушнеме искрено, и колку да ни е тешко да се разбереме...“
Го почитувам своето но и туѓото време, можеби и нешто најмногу што презирам е некој залудно да ми троши време но и јас не сакам никому да го трошам, свесен сум колку е скапоцено..
Не можам да поверувам колку ограничен народ сме , лебот не е здрав и одма етикета како не треба да се јаде леб. Колку убав и здрав леб човек може да направи од Овесно брашно Спелт брашно 'рж брашно Хељда брашно Јачменово брашно , нема ден без да јадам леб а немам мрднато со кг нагоре
Деновите долги,на обврските никогаш крај... Има денови кога ќе ми се насобере се,и денови кога од досада не знам што да направам. Обично повеќе денови ми се кога не знам како да се поделам на две половини за да можам да постигнам се.
Ја укинаа целата помош во светот, што не чинеше ниту еден процент од нивниот годишен буџет, некаде околу 0.3 проценти (инаку, на анкети, нивен просечен граѓанин мислел дека се трошат 30 проценти од буџетот). За време на претходниот претседател за проекти кои не одат директно за лекови, храна за возрасни што е единствен извор на преживување, бебешка храна, вакцини против ХПВ, ХИВ, оделе 0.06 проценти од целиот буџет, но за два месеца оваа година најмалку и приближно досега и официјално (бројката е премногу конзервативна, и секако ќе расте) 25 милијарди долари за војна од која не може да излезат, штетата за нивната економија се проценува од 300 милијарди до еден трилион долари, за арапските земји 120+ милијарди, Пентагон побарал уште 200 милијарди. А, тековниот претседател тврдеше дека немало да започнува војна, дека нема да води „вечни војни“, војна што директно и индиректно го чини целиот свет, што значи и денес да запре, економисти проценуваат дека би биле потребни барем 10 години за ситуацијата да биде онаква пред војната да започнела. Некои одат дотаму да тврдат дека последиците би биле посериозни од двете нафтени кризи од седумдесетите. Зад хуманитарната помош имало soft power и дволичност (океј, се согласувам до некаде!), а зад hard power, што има?
Не можам да разберам луѓе кои намерно провоцираат ради лични фрустрации и траума и кога добиваат (многу очекуван) фидбек се наеднаш "повредени" и се повикуваат на тие фрустрации и таа траума. Like babes, ако сакаш да не фрлат камен по тебе... немој ни ти да шуткаш камчиња кои ги удираат луѓето наоколу. Доволно камчиња и некој ќе врати. И после зошто вака реагирале луѓето: Никој не ни должи нашите проблеми да ги лечиме на него и прво за себе и после за околината должиме да ги решиме проблемите пред да почниме подлабоко да влегваме во општеството. Само тронка самосвест уствари ни треба.
Бегајте подалеку од личности, кој ве сакаат со зборови, а кога ке побарате дела бегаат, ве оставаат, тоа се личности кој колку со некој времето да си го губат,и да се каже демек имаат некој. Оној кој вистински ве сака, почитува, става здрава нога во оган,и не бара изговори и глупи одговори.
Ми фалиш Те мислам Што и да се случи на 05.05 знај дека и на овој и на оној свет ќе те чекам,заедно да ја поминеме староста
До луѓето во Градскиот парк, околу пладне, денес. Бевте седнати на некоја простирка, а до вас кучето весело потскокнуваше, ја мирисаше тревата и ловеше бубачки. Децата, околу, се јазеа на дрво, ја играа онаа игра каде целта е да се качиш што повисоко и што побрзо. Тие беа внимателно набљудувани од мајката. Јадевте сендвичи, претпоставувам донесени од дома, но, вие бевте сконцентрирани на тоа што го игравте, „Не лути се човеку“, карти можеби? Некој друг сипуваше кафе од термос додека ја следеше играта, можеби си помислил дека нему му е ред. Тревата беше свежо искосена, мирисаше на спокоен крај на викендот. Бевте токму во тој дел од паркот меѓу две дрва каде беше испружена лежалка. Некој од вас лежеше и читаше, или пак гледаше спокојно во езерцето. Нешто понатаму, некој ловеше риба и ги враќаше фатените риби, се растеретувал пред утрешниот работен ден, веројатно. До него пак имаше човек кој легнал на тревата и се сончаше удобно. Се надевам дека тогаш бевте навистина среќни. Изгледавте како дури и утре да престане да постои светот, со сето добро и лошо, дури и вашите планови да не се реализираат, дури и надежта што сте ја вложиле во нив да била залудна, дури и утре да дознаете дека нема да бидете среќни како денес на пладне, веќе бевте среќни денес, не утре, ниту пак вчера. туку тогаш, на пладне, во моментот. Ви посакувам исти такви моменти.
Многу работи се променети. Порано луѓе за тестенини како шпагети, јуфки, макарони и тортелини не викаа паста. Тој термин беше резервиран за оние со американско потекло, додека кај нас се знаеше дека тоа се користи за некаква густа структура при подготовка сос, храна, или миење заби. Сега на секоја втора објава на фејсбук, инстаграм или било која друга мрежа слушам па - ста. Зошто бе луѓе? Имате чувство дека сте урбани, интересни и современи штом го изустите тој магичен збор? Каква црна паста? Замислете речете донеси ми паста на постар селанец работник кој ви дошол на поседок и упатил по набавка на производи, а притоа прашал што сакате. Или на пензионер над 70 години. Што мислите, што ќе ви донесе? Страшно станавме модерни, само уште USA знаме ни недостасува на чело за да бидеме комплетни. Англицизми ни го окупираа речникот, додека употребата на македонскиот јазик се сведе на нула.
Од денес не барам никој што не ме бара мене. Кој сака ќе најде начин. Кој не сака не ми треба. Не сум тука да бидам опција, резерва или нечие „кога ќе ми текне“. Не давам повеќе време, енергија и срце таму каде што не се ценам. Празни муабети, оговарања и навреди не ме допираат. Не сум лесна мета, и никогаш повеќе нема да бидам. Од денес ги затворам вратите што ме исцрпуваат. И не, не се враќам назад ни за никого. Нова ера,нови правила. Нова јас
Општеството има повеќе волци во јагнешка кожа, „жртви“ пар екселанс. Лесно е денес некој да се спастри (ако се сака), ама добро е што сонцето е сепак исто за сите и „неправдата“ денес утре стига онаму каде што вистина треба. Сиромаштијата ли, понижувањата ли дури растеле, „бедноста“ што ја сокривале скржаво, што?? ..ни после искрен муабет во четири очи не ги свестува и истото го отфрлаат од себе обидувајќи се да го залепат ко шлајм на другион што кажува искрено. Секогаш (баш секогаш) остануваат во сеќавања ситуации, зборови, каде и да се заврти некого, тоа го носи во себе. Непишано е луѓето (низ животот) да ги поврзуваме со одредено чувство/емоции кога ќе ги видиме пред себе. 'Рѓата е пак иста, без разлика што руво ќе облече. Денес е најлесно некого да го нагрдиш, да му наштетиш, а не и да пофалиш. А се случува - да не е денот, да се случува нешто друго што не секогаш се гледа. Да. Сиромаштијата, егото, понижувањата се отсликуваат најубаво кога малку отповеќе ќе му се даде на човек. Затоа секогаш сум за тоа да му се даде, да му се пружи. Да се види, слика и прилика (за тој што умее, нели). Намерната дискриминација во комбинација со префригана злоба секогаш доаѓа од..немоќта. Зашто тој што веќе може, умее, што е свесен за тоа колкава моќ има, апсолутно никогаш нема да дозволи некого да се осеќа лошо, фатено „во ќоше“ итн., итн. Вистинската моќ не е во тоа да си супериорен над оној кој е послаб од тебе, него напротив, да ги третираш сите еднакво на себе.
Кога одите некаде,гледајте убаво да си поминете.На лицето носете насмевка и самодоверба,не тешка шминка . Убава и елегантна облека секому му прилега.Но , луѓето кај вас ќе приметат дали се забавувате,а не како изгледате.И само едно ќе запаметат:како сте се однесувале кон нив.Затоа,зрачете ама одвнатре.
Фино што ти помогнав, многу лошо што ме искористи најсељачки. Си се здружи со сељанката на која сакаш да и го преземеш рабтното место и и се лигавиш без грам осет. Таа дрочка ти верува пошто знае кои ти се контактите и ти се лигави а зад грб те оговараше со најпогрдни зборови до кај стигне. Јас ќе си поќутам и ќе си почекам да се испозаебете двајцата. Сега ќе уживам па последно да ми е. Не ми е сеедно ама знам како ќе завршат работите и затоа нема да ви се замарам на двајцата.
Познавам лично политичари кои велат „Македонците се глупави, затоа гласаат за исти. Ако постојано гласаш за истото ќе добиеш исто.“ Често размислувам... Ако гласаат за исти, каде е мнозинството неопределени што не гласа, и притоа овие луѓе се зголемуваат или се иселуваат? И тие ли се истите? Ако се глупави зошто кога не би гласале за овие истиве партии би гласале па конретно за вас? Ако Македонците се глупави, а вие сакаат да ги придобииете и некако да ги освестите од нивната глупавост, би ги придобиле и освестиле со тоа што ги нарекуваат глупави? Некој бил мотивиран со тоа што бил понижен со негативни квалификативи? Која е разлика во однос на другите две исти партии тогаш? Ако мислите дека Македонците се глупави како тогаш вие сте паметни, а сте Македонци? Зарем не е помалку глупаво да разберете зошто гласаат за истите, или не гласаат воопшто, па на основа на ова да придонесете кон тоа од помалку среќни да ги направите посреќни? (Изборот на зборови е намерен) И потоа, овие конкретни политичари дополнуваат. „Дури и да гласаат за нас, овие од надвор нема да дозволат ние да победиме.“ И еве ја нивната „логика“...Не гласаат за нас затоа што (1) Македонците се глупави, а ние сме паметни ( иако сме и ние Македонци: Затоа што ако не би биле не би можеле ни да одиме на избори во оваа земја), секогаш гласаат за (2) истите (а ние не сме исти туку различни), и дури и да победиме (а нема да победиме поради 1 и 2), нема да ни даде некој трет (3). Нели е логично да се праша: Па што барете во политика и во јавната сфера воопшто? И така, еден затворен круг на целосна невозможност на паметните и глупавите што се гледаат на растојание и колективно се несреќни, и така, „паметни“ и „глупави“ веќе немаат никаква смисла, исто колку што немаат ни смисла „патриоти“ и „предавници“ и „урбани дечки“ и „сељаци“.
При листање коментари на социјалните мрежи сè почесто читам совет дека водењето дневник е нешто што треба да се врати во редовна употреба. И се сложувам со ова. Не мора и не треба цел свет да ви ги знае сите маани и чудни навики. Подобро е некои детали да бидат изоставени и резервирани само за најблиските. Сами правите да изгледате одбивни, а потоа кукате како ви се нафрлаат со негативни критики. Не сте деца, аман. Веќе треба да знаете како да се носите со сите.