Замислувам (блиска) иднина кога на форумов и општо он-лајн ќе се воспостави Војт-Кемф (Voight-Kampff) тест за тестирање репликанти, наместо лозинки. CAPTCHA г***а да јаде. Прв се пријавувам!
Луѓето што замислуваат дека враќање во Среден век, со бесење на бандери, набивање на кол, удирање со копач по глава, черечење со коњи и пржење на електрична столица, е некакво решение за насилството, нека се сетат зошто поминале векови за воспоставување на правен систем, колку труд требало да се вложи за да се постигне некакво зауздување на насилство на основа на правила и еднаквост. И, не се проблем правата, одбраната на тој што е обвинет, не се проблем судиите, или адвокатите, правото - проблем е недоследноста на нивното практикување, злупотребата, корупцијата, сеприсутното насилство што тече на сите страни, проблем се луѓето кои пропагираат дека ги бранат граѓаните од него, а всушност го промовираат и им нудат само евтина имагинарна катарза со логиката „око за око“ замислувајќи ги погоре споменатите методи.
Обожавам кога вака тивко си врне. Мириса на дожд, на свежина Седам на тераса, ве читам и пијам кафе кое ептен сум го погодила И некако ова ми е доволно за среќа
Во врска со муабетот што беше за семејно насилство кон деца, освен физичко и психичко добро е да знае генералната популација дека и емоционалното занемарување е насилство, ја би го нарекла и криминал посебно во првите месеци, години на детето ако нема соодветна емоционална грижа, мислам дека најмногу на невролошкиот систем се одразува дури и физички промени у префронтален кортекс на мозок се прават и подоцна тоа може да има низа различни последици на личноста и тоа како ќе функционира.
Шокиран сум кога ќе сретнам паметен компетентен човек на функција. Повеќето се неписмени за сопствената работа, не читаат, дремат по канцеларии и чекаат да помине денот, „пикнати“ со врски без грам труд. Затоа, кога случајно ќе налетам на некој паметен, способен, добар, позитивен човек на одговорна позиција, буквално не ми се верува. Како да сум видел редок примерок на покемон. Камо среќа сите да беа такви, општеството ќе имаше надеж и сигурност за својата иднина.
Ja ulkuciv mozocnata funkcija i rezim na prebaruvanje fide vo kuka i odvaj go najdov. Staream i ne sum dovolno organiziran.
Прочитав еден коментар што велеше: "Не сум сретнала маж што ме оставил во подобра ситуација од пред да ме сретни", and that fuckn hit.
Животот би требало да биде хармонија, спој на мир, почитување и радост. Секогаш верував дека ако даваш добрина, светот ќе ти возврати со добро. Но, реалноста горчи. Длабоко сум разочаран од сопствениот пат, кој наместо спокој, ми носи само хаос и празнина. Ова не е животот за кој сонував; ова е само бучен метеж во кој мојата душа се чувствува како странец. Празно е.
Попрво ќе најдеш илјада луѓе за да осудате апстрактен концепт или нечие однесување, а ниту еден за да решите заедно еден единствен конкретен проблем.
Драги доставувачи од Wolt и сличните сервиси. Ова е до вас. Имам сочувство и разбирање за вашата активност, ранливоста на вашата работа, јасна ми е конкурентската логика на bull*it jobs, мамката дека добивате на флексибилност на работно време со ваше возило, за брзањето некој друг да не ја земе нарачката, гејмификацијата на конкурентноста сокриена во фер пазарна „логика“, никаквата социјална покриеност, но, моторот и велосипедот што го возите, не е и пешак, и автомобил, и тротинет во исто време, Кратките патчиња низ тротоарите не се за вас, полните линии на коловозот важат за сите, пешачките островца се за пешаци не за да скратите рута, спротивната насока на возење на пешачките патеки е сообраќаен прекршок и кривично дело и за вас. Одете строго десно и до предвидените раскрници, како да сте само велосипед, само мотор, само автомобил, во зависност од вашето превозно средство и прилагодете ја брзината и во зависност од околностите и приоритетот на движење.
Си ги најдов старите книги кои сум ги читала како дете. Не ми се верува дека уште ги чуваме. Големи и Мали, Алиса со една преубава плава корица со илустрации внатре, Шеќерна приказна, Децата од нашата улица, Касни порасни. Ми дојде топло на душата
Колку извира проекција од мајкиве терези, нешто озбилно згрешиле па имаат потреба да се оправдаат. Нема како поинаку да се покаже супериорност колку се они поемпатични од останатите, совеста нешто ги копка да се докажуваат.
Your system is falling down. Your body temperature is normal. Tomorrow, you will wake up at 8 AM. Good night.
После толку многу предавства не простувам или не простувам лесно. И покрај ова не значи дека веќе нема да се согласувам со мислење што е кажано или пишано од тие личности. Колку и да ми идат на нерви, пак за нешто ќе имаме исто мислење. А, за друго сосем спротивно. Кога е исто мислењето ќе кимнам со главата или ќе лајкнам (ако е на социјалните мрежи и форуми). Не, ова не значи враќање некаде накај нив или пак стекнување доверба во нив. Ехеее..., далеку од тоа. Не ми ни треба кога веќе патот ме однесе кон други личности. Секако нема да го заборавам стореното. Само одлучувам да се занимавам со поважни работи и да оставам на виша сила да одреди кармички ефект.