Во хотелов, над нас сместени се Грци и научиле да викаат здраво и кога да не видат у двор или на плажа стално не поздравуваат со здраво и на нас и на другиве што се тука, скоро сите сме Македонци. Проаѓаат Македонците сместени во хотелов и само вртат глава како намќори. Тоа е таа наша култура.
СДК... Во ек на сезона кога шопинг списокот го сочинуваат неопходни летни реквизити и се нудат секакви акции и попусти, јас си купив мал, црн, компактен, брендиран, чадор. Лавовски каприци... Ако не постои форма на совршенство, достижна е извонредноста.
ЕСЕЈ ЗА ЕДНО КУЧЕ. УЛИЧНО.КАКВИ ИМА НА СТОТИЦИ ВО СКОПЈЕ. СО ВАКВИ, СЛИЧНИ ИЛИ ДУРИ И ПОЛОШИ СУДБИНИ. НЕ МОЖАТ СИТЕ ДА БИДАТ РАСКАЖАНИ. НО ЕДНА МОЖЕ. СО СЕТА ТАГА КОЈА ТАА ЈА НОСИ. Си отиде. После четири и пол години, секојдневна грижа за него. Не го донесов јас. Господ го оставил, преку некоја будала, пред мојата врата.Пред влезот на зградата во која живеам, на три месечна возраст. Никој и не претпоставуваше дека ќе израсне во џин.Со нежно срце и вродена храброст и љубов кон "овчарот и стадото". Што се не претрпе.Труење на сестра му која беше оставена заедно се него.И тоа повторно пред истиот влез.На мојата зграда.Удирање со шипка по задниот дел на кичмата затоа што лежел некому на пат. Повреди од кои последици има и денес.Затоа што "лаел по деца" (и ги "напаѓал"), а никој и не забележувал дека лаел по кучињата кои биле зад децата, и според негова проценка, преблиску до нив.А иститите деца го тегнеа за уши за опаш, а тој кутриот кога ќе му здодеава нивните палавштини се преселуваше на друга позиција. Поради повредата долго време се чувствуваше беспомошен па други малски кучиња и покрај сета габаритна, физичка моќ го напаѓаа. Е, а кога заздрави, доволен беше само одот кон нив, за да се распркаат како пилци...Нормално беше да нема доверба во ниедно друго куче.Освен во Мила, оставена пред влезот на МОЈАТА зграда, на едно месечна возраст. И му беше најдобрата пријателка. На два пати, по пријави на болни луѓе, беше одвлечкан во Вардариште, од каде го вадев со золзи во очите, бидејки после секое одење таму и од таму, беше друго куче. Му направив куќарка.Како и на Мила.Како и на други маалски бездомници.Какви такви.Ги преплатував, бидејки ми беше важно засолништето, студот да го преживеат. А ми дојдоа од општината од која таму вработените, а мои соседи, направиле налог да ги срушам кукичките. За среќа, сопствениот рејтинг, беше поголем од нивната злоба. Па не оставиа на мир. Мечо стана не само маалска туку и Ново лисичка и Аеродромска атракција.Со позицијата на грб и сите четири во вис. И четирите маалски мачки, израснати покрај него и зимскиот студ победувајки го стуткани во неговото дебело крзно. Е сега...други мачки не трпеше.Ги бркаше но ниту една не успеваше да фати.Заради својата големина.И нивната брзина. Ниедно друго заскитано куче во неговиот простор за чување, некои стотина метри, четири влеза пред една зграда, не смееше да се појави.Не можеше да се слушне ничиј лавеж освен неговиот.И оној на Мила, со кој го предупредуваше на некој натрапник. Е сега...домашните миленици, имаа проблем во минувањето покрај него.Ги молев нивните сопственици, да ги пренесат тие неколку метри, од влез до паркот кој тој не го контролираше.Објаснувајки им дека тој е тука 24/7 по секакво време, а тие со миленикот само неколку минути во неговиот простор.Некои разбираа, некои не.Таквите не знам зошто и како чувале миленици дома. Дечиња слободно трчкараа, играа, галамеа покрај него, но и покрај тоа, грижните баби ги предупредуваа: "Немој бабе, бегај, ќе те касне! Уф од овие кучиштава не може човек на улица да излезе". Е сега, кога го нема Мечо, некои други ќе се обидат да го завземат неговиот простор.Мила не ќе може да се справи со нив.Љубопитен сум, за можните предупредувања на бабите. Кои, како и сите ние си го чекаме редот за пред лицето Негово, и наместо времето да го минуваат правејки добри дела, како да се хранат од сопствената злоба. Заради закани од "сељачаана" (можеби и јас сум за нив таков), од Берово и Демир Хисар и од таму до оваму, "дека ни кај нив во село немало толку кучиња" (со забелешка, "што не се вратат назад, можеби кучињата ќе се угледаат на нивниот пример"), морав да сторам нешто. За да не ме јаде совеста цел живот. Плашејки се дека една од нивните закани ке биде остварена, и некое утро пред зграда би го видел отруениот Мечо, се решив за можната најдобра варијанта:да го испратам, како и илјадници Македонци, што ги испратиле своите најблиски, некаде во сигурност каде и да е низ светот, во подобро утре. Само подалеку одовде. Благодарејки им на хуманите луѓе како Тања (мажена Димовска) инаку некогаш кај нас позната пеачка по презимето Станковиќ, која живеејки во САД, помага бројни четириножни бездомници за да најдат постојано пребивалиште таму, хуманистката Вики Димитрова, разбирањето на Јован, сопственикот на стационарот КИСКО, моите Ели и Ване и професионалниот однос на персоналот на ветеринарната амбуланта знаена како "Кај Диме", со собраните средства донирани од луѓето од целиот свет, Мечо ќе оди конечно во САД. По ветеринарните прегледи кои покажаа дека е тој во одлична здравствена кондиција особено за "улично куче" , го однесовме кај КИСКО.За да за месец дена престој се прилагоди, "социјализира", да се навикне на поводник, за да ослаби, за да биде потстрижен, избањат. Не смеам по препорака на дресерот Киско,петнаесет дена да го посетувам, затоа што веќе тагува, за да не го попречам процесот на прилагодба... Ете тоа е приказната за едно македонско куче, кое го пазев, чував, како најроден свој. Кое "сељачааната" од Б-77 и блиската околина во Ново Лисиче, со своите директни и индиректни закани, можеби ме охрабрија на најрадикалниот потез, но веројатно и најдобриот. Да го подготвиме Мечо за да за едно месец дена замине одовде.Во Америка.Каде веќе го чекаат. Оваа приказна има и своја порака. Тажно е што после луѓето, надвор од земјата почнавме да ги испраќаме и животните. Ни луѓето, ниту жиивотните се виновни за таквата судба. Виновни се властите, кои и да се, заради посакувањето и ветувањето на законите како во некои други земји. Кои никогаш не ги донесуваат и спроведуваат. П.С.Сликите се од ветеринарната амбуланта, дружба со деца и секојдневието пред неговиот досегашен дом третиот влез пред зградата Б-77, но и неговиот сегашен, привремен во стационарот Киско. -Превземено.
Ќе помине и сега, сигурно владее само лош, најлош период. Ми фали поддршка од моите, како да им кажам, баба ќе се уништи..
При мала настинка просечен човек трча да купи Амоксиклав или сличен лек од групата на антибиотици без никаква консултација со доктор. И после почнува муабетот дека имало се појаки настинки, не помагал веќе ни Амоксиклав... Епа така ќе биде, секој втор стана отпорен на антибиотиците кога без мерка се пијат.
Посебен круг у пеколот за оние што се к*рчат како 'имаат' а реално немаат баш многу. Лап топ купен на минус, телефон купен на рати, кола на лизинг.. Не бе душо. Немаш. Да имаш нема да имаш дупка на картицата. И ништо од ова не ми е гајле јер си го гледам мојот оџак. Ама ти пафта пред очи со муабет ти немаш ја иам бре. Ако да не си стара малце за детско понашање!? Прекинав да преќутувам. На муабетот кога второ јас велам ти кога ќе се мажиш. Одма се скока тука како така збориш мопдерно време е. И ти се смееш онака хахахах-па и за второ е модерно време. Јбг. Она сака дубаи и спаркл вајн. Мене сеедно ми е што сака она. Јас сакам нова кола и камп приколка. Ама ако кажам 1382 маани ќе најде. А реално.. Не ни заслужува да кажам. Чисто за потсетување...
Сдк 1 - Патлиџан у Кам, 85 денари. На пазар, ако имаш среќа, 60, 65. Сред лето. Правиш пинџур и се осеќаш дека јадеш кавијар. Само така, на најјако. Има рајата со што да се занимава додека пред нос се руши и онака мизерниот стандард. Де молим вас, кој викаше дека како нашиот патлиџан нигде нема? Богами нема. Сдк 2 - дм ми рече, ми требало место кај што ќе можам на раат да јадам бурек и да рејџам сајлентли. Еве бе, еве.
Ќе се изнајадеш како да не знаеш за доста и после ќе си речеш ај утре е понеделник, епа од утре ќе бидам на диета.
Мајка ми и татко ми од животни повеќе сакаат мачки, а кучињата им се во втор план. Со години не знам дали имаат погалено куче, ама деновиве го чуваат кучето на баба ми и искрено посреќни, побезгрижни и повесели долго не сум ги видела. Биле во Охрид со него, пливале, шетале, запознале друг пар со куче и дури биле на вечера со нив. Му наместиле во соба да спие, а по пат до Охрид правеле паузи за кучето да се чувстува добро. Кај нас во двор татко ми си игра ко со мало дете. Се борат низ трева, се бркаат, му фрла топчиња, му чита новости од интернет и секоја вечер го шетаат. Премногу позитивно им влијае на двајцата, а досега кај баба кога ќе отидеа не му обраќаа внимание. За некој ден баба ќе си го земе, а тие веќе со сигурност решиле да купат нивно кученце Прв пат купуваат милениче и едвај чекам да видам каква раса ќе земат. А јас не знам како можев да се родам малер и да имам алергија на кучиња/мачиња. Подобро на луѓе да бев алергична, барем ќе имав причина да ги одбегнувам
Some people want a big house, a fast car, and lots of money. Some people want a cabin in the woods away from those kinds of people...
Аман од луѓе кои се прават паметни и им тријат сол над глава на другите. Ако туѓото мислење е по различно од вашите размислувања, не значи дека вие сте у право. Аман те бре луѓе, гледајте малку по далеку од носот и оставете другите да прават у животот онака како што намислиле дека треба. Секој си игра по свои правила!
Се решиле еден по еден да ми се качуваат на глава со нивните „совети“. Ај,сиктер веќе! Мој живот,моја грижа!
Се повеќе и повеќе е релевантно колку сме полни со омраза. А дојдов да живеам со наши за да имам кафе муабет да свртам и сега сакам да бегам од овде што побрзо. Не се живее со човек што не знае да затвори уста.