У земји што постојано произведуваат страв и несигурност, можеби најголемиот луксуз е да немаш за кого да стравуваш. А стравуваш најмногу за своето, за она кое ќе го оставиш после себе. Зошто би навивал за едната или другата трибина, кога и двете, во суштина, би те оттурнале од својата? Кога растеш како човек во држава што уште не одлучила дали си граѓанин или грешка, седиш со пуканки и гледаш како двата табори се распаѓаат од сопствената омраза и национализам. У овакви моменти чувствувам чуден мир, што можеби никогаш нема да морам да внесам дете у оваа психоза наречена општество.
За Македонија се предвидени околу 65,7 милиони долари помош за проекти, средства што треба да се оправдаат, администрираат и исполнат со услови за воопшто да бидат искористени. Во истата година, ЕУ предвидува околу 40 милијарди долари за војната во Украина. (Досега вкупно се потрошени околу 200 милијарди.) Не знам што е потрагично: тоа што нашиот министер ова го претставува како голем успех, или тоа што Европската Унија, повикувајќи се на „одбрана на европските вредности и територија“, е подготвена да троши огромни суми за војна, додека за развој секогаш се калкулира на ситно. А знаеме дека ЕУ за да си „помогне“ себеси, односно работела на својата зависност од САД, немаше да оди во војна со Украина без нејзина „поддршка“. ЕУ вложува сега во нешто за што ако вложеше пред војната немаше ни да дојде до ситуација да дава толку малку за Македонија, за парадоксот да е поголем. И зошто се радува министеров, да прашаме? Што ја поддржува САД која „принудила“ цел континент да оди во војна и скратила средства за помош и развој на замјата што ја претставува? Уште поинтересно е што владите општо, внимателно пресметуваат кога станува збор за социјална помош, образование или инфраструктура, а многу полесно прифаќаат десетици милијарди за воени цели. Иронијата е што, кога повторно ќе дојде време за мир и обнова, повторно ќе се врати истото штедење и ситно пресметување. Ете како нагонот за смрт е посилен сѐ уште од нагонот за слобода.
СДК покварени луѓе, прокоцкани судбини. Отсекогаш било и ќе биде. Гревови тешки ко олово. #штослушнав
https://en.wikipedia.org/wiki/Francesca_Albanese Еве како изгледа една хероина на денешницата. Инспирација за човештвото, би рекол. Да се бориш со најзлобните и најмоќните, да го покажеш тоа што е очигледно, за кое огромното мнозинство молчи и мисли дека цинизмот е решение, и да победиш, на крај. А, и никогаш не замислувала дека ќе биде тоа, според нејзини зборови... Но, борбата продолжува.. Симнувам капа. Франческа. Ти си модел.
Кога бев дете, мислев дека возрасните се стабилни, зрели, паметни, дека знаат што е правилно, дека не грешат. Штета што тоа не било вистина.
Најголемата грешка е шо луѓето почнуваат да се менуваат инстантно за да им одговараат на другите, а во реалност е дека вистинските луѓе ќе те почитуваат баш таков каков шо си
Еден од најсмешните видови на лицемерие е да се критикува употребата на ВИ поради трошењето вода, а секојдневно и целодневно да се употребува Гугл без да се провери неговото лошо влијание врз планетава.
Секој спорт е интересен и убаво е да го имаш за рутина, освен ако не ја засакаш премногу работа па да го баталиш како опција.
..најголемите и најтешките фрустрации се строго кај жени што никогаш не достигнале некаков си перфекционизам во кариера, дури и тогаш кога го имаат сето на дланка т.е делумно го живеат. А тек па и би додала немање вештини за меѓучовечки односи, немање граници во многу, многу ситуации кои самите по себе требало досега да им се тата-мата врз основа на искуството, пред сѐ она животното,..зашто никогаш нема да ги биде, зашто губат пред посилниот пол (сосема заслужено губат), зашто секогаш се позади да уназадат (они мислат дека уназадуваат де) спремни жени кои се храбри да размислуваат поинаку од нив,..впрочем, цела мизерија стои позади „изградени“ ликови. Вака „изградени“ имаат „изградени“ фамилии што едвај чекаат да ги подиспратат, имаат „изградени“ пријателства што чекаат да станат од маса зашто без нив е поубав муабетот, имаат „изградени“ успеси што не се ни дефинираат како такви меѓу апла реализирани луѓе чии успеси се темелат на вистински принципи и фер натпревар. Исто така полезно е да се спомне дека фрустрацијата е другарка на злобата и злоба никогаш нема да знае што е вистински успех на поле кариера, другарства и фамилија. Оние кои што се многу над сѐ, нит се слушаат, нит се осеќаат.
Има моменти кога самата себе не се разбирам а камоли друг да ме разбере! Во моментот не знам одредената ситуација дали страв или радост ми прави. Можеби и хаосот од хормони ми ја отежнува ситуацијата да се чувствувам така како што се чувствувам. Единствено што сакам е да бидам похрабра, да не бидам полна со страв, да можам да се опуштам.
Сите тие “тимбилдинзи” на работа и форсирање демек “ние сме семејство”во фирмите ми се чиста манипулација.Фирмите го користат терминот „семејство“ за да ти наметнат чувство на вина кога ќе побараш покачување,кога ќе одбиеш прекувремена работа или кога сакаш да си заминеш.На работа си бројка што завршува работа за пари.Толку. Секое глумење на некаква емоционална поврзаност е само евтин трик на газдите за да работиш повеќе за помалку.
Сочувствувам со продавачите во пекара, со какви све пациенти се соочуваат секојдневно, со нив и со нивните глупи прашања како денеска: "Пројава тазе ли ви е девојче?" -Да, скоро е извадена од рерна. "Е ај земи едно парче фати со мала кесичка во раката да видам колку жешко излегува од неа" Дали се возможни....? Некогаш мислам од досада се изживуваат на вработени.
Ти се' не знаеш Ти се' не разбираш Ти се' не сфаќаш Ти се' не прифаќаш Ти само знаеш да мрчиш Ти си чудна Ти не размислуваш Ти не перцепираш правилно Ти си крива стално за се' и изгледа не чиниш.
Луѓево се глупави. Скролам на Фејсбук, гледам видеа со животинчиња, со мали деца, талентирани луѓе кои сликаат, пеат, свират. Колку ќе беше убав светов да не беа луѓево глупави да дозволат да бидат злобни, алчни, да војуваат, да наштетуваат. Сами си го правиме светот, никој не го расипува, само глупоста на луѓето.
Постојано се прашувам дали уште постојат луѓе што знаат да свртат еден нормален муабет,или сите заборавивме како се прави тоа. Жално..
Некогаш ја имам ова фаца: Ко ќе некој мисли дека открива нешто groundbreaking, а уз пат прај површно AI „истражување“. Така да тема на денот сакав да ми е лицемерие, ама решив да е неможност за длабоко резонирање на прости информации и information bias. Шо сакам да кажам тука? Шо значи то? То значи дека мојот личен bias влијае на моите ставови и колку поќе ми се спротиставува некој, моето лично чувство (на вина) расти и јас одам во дефанзива за да го одбранам. Пример ваква реторика можи да се види кај вакцините. Имаме аутизам кој постои од памтивек, ама го идентификуваме поќе последни години и како резултат се дијагностицира поќе. Ама пошто првите знаци се забележуваат кога се внесува одредена вакцина - мора да е до вакцината. А, во суштина неуродивергентност е нешто со шо се раѓаме. И логично како растиме така и тие знаци поќе се забележват. Бебе кое само лежи не можи да ни дај „материјал“ за да работиме со то. Или со вакцините за Ковид. Колку пати сум слушнала дека раков ми е од вакцина. Можи ми е, ама во исто време живеам 30 години со Рек до мене и го дишам тој воздух, кој е загаден и кој градов сака да го напрај уште позагаден со регионални депонии со потенцијал да ги уништи природните води и извори. Храна полна микропластика. Неквалитетна исхрана, дури и да трчам в парк го дишам овај воздух. И се то си се бери. Ама прелесно е да се речи дека иди од вакцините и ако се убедиш во то? Па станува и логично. Следно, секогаш го гледам ова кога зборам дека со години бев вегетаријанец (и ради здраствени причини вклучив само риба и то е максимумот) и причината за ова, за мене, е од морални причини. И јас ова не го кажвам инаку. Јас само кажвам дека ова не можам да го јадам, ама ти ако сакаш - слободно. И тука одма почнуваат муабети: „зошто, за животните“, „па круг на живот шознам зошто ти е толку важно“ или моето омилено „јас никогаш нема да можам“. И ова се е проекција и барање оправдување зошто информациите кои ги гледаме се јасни ко ден, ама нашиот личен bias не можи да прифати дека е то така и бараме да поедноставиме нешто за да се осеќаме добро за изборите шо ние ги прајме. Исто е со поборниците за AI. Гугл срч во свое оргинално стање без AI overview троши: 0.0003 kWh per query, шо троши 0.2g CO2. Од друга страна AI користи 0.0029 kWh per query (шо е х10 пати поќе од гуглањето), шо е 68g CO2 (шо е х340 пати повеќе од гуглањето). Стигнавме од хартиени цевки до то дата центри да се кул. Go touch some grass (дур има). Воедно, самото сортирање по информации наместо да ти се дадени на пајнца - влијае на развојот на мозокот. Шо јасно можи да се види кај џпт хроници. Ама ај, не е мој проблем ако некој избери да си го уништува мозокот. Мото во животот ми е дека ако некој реши да умри глуп - да го остам. Ако имаш струја - трошиш и енергија. Колку трошиш енергија и како многу влијае. И некој ќе речи дека е лицемерие, некој едноставно разбира дека одбира помало зло од двете. Шо ме носи до пасивно придонесување на болка. Во врска со ова сакам да зборам дека светот е станат многу комплициран, и многу на сериозен, а сепак интересен и лесен начин беше доловено во серија како The Good Place. Сем ако не живејш како Амиш, ти придонесваш кон болка (пасивно, несвесно). Некои работи нема да имаш избор да ги отстраниш, некои работи нема да сакаш да ги отстраниш зошто станале интегрален дел од твоето секојдневие. Ама многу често имаме избор и ние носиме одлука дали ќе постапиме вака или така. И то збора за нас како чоек. Во ред е да имаш избор, ама и не да се бориш дека погрешниот избор е правилен и дека другата страна има holier than though афинитети. И за крај, жени без цициња размислете колку сакате цициња. Зошто БОЛИ. UGH. Прв ден дома и се думам дали вреди. Мислам и се гледа по то колку cranky сум во факинг 4 сабајле.
Изгледа дека за буквалисти треба дообјаснување. Не е проблемот само во употребата на ВИ. Иако за Гугл да ти ги даде најдобрите резултати требаат повеќе таргетирани пребарувања, а со речиси секоја ВИ веќе доволно е едно до две. И една од компаниите по бројните критики за неколку месеци најде начин да редуцира трошоци додека на Гугл му требаа години да почне да слуша. Гугл и без ВИ со години ја загадува околината и неговите објекти влечат премногу струја. Отсекогаш има добивано критики за високите јаглеродни емисии. Другата критика е за неетички практики. Масовното прибирање на податоци со кои сериозно може да се наруши нечија приватност, намери за монополизирање, нееднаков третман на вработени, реметење на нивното ментално здравје за кое компанијата тврди дека се грижи, масовни отпуштања на вработени и потфрлањето на алатката и апликацијата Гугл Аутентикејтор од која сè почесто се жалат корисниците бидејќи сепак стануваат хакнати (и прав информатичар ќе те советува дека помал ризик е да одбереш некоја од трета страна отколку од големците). И плус, дополнително смешно е да се користат услуги од компанија која тесно соработува со Израел, а да се плаче само за Палестина.