Листам на инста додека чекам повик, ми излегува бившиот Со него 2,3 месеци дали бев го откачив оти идиот невиден беше ама во тоа време ми значеше голема љубов Сега си размислувам како сум можела да го сакам, всушност тоа и не било љубов кога споредам сега со маж ми, никој не ми бил љубов освен можеби некоја ,, детска"затресканост и симпатија да сум гледала во него. Сега од оваа страна смешно ми е и убаво на душата што не сум завршила во брак со него. Најверојатно секако ќе сум била разведена, со разнишана психа и многу тага во мене. Ама ако не сум сретнела тук там некој идиот, лажго, психички манипулатор, немало да го ценам ова што сега го имам денес Колку и да ми е тешко на моменти за некои работи што ми се случиле /случуваат, се се случува со причина. Можеби за некој чудно и смешно, иако водам некои борби кои ми ја црпат енергијата, секој ден се заблагодарувам на Господ
Многу ми се досадни луѓево кога ќе дојде лето и цело време не ја вадат Грција од уста со тоа кај ќе одиш Грција кај ќе одиш пак исто, добро бе ко демек само во Грција има море како не ви здосади више упм.
Ко бев млада (и многу поглупа од сега) сметав дека се е во балансот. Се "крстев" во балансот. И после наоѓаш работи шо вредат и сфаќаш дека за некои теми нема компромис и мора да си радикален. Ако само зафаќаш централна позиција и пробваш да дајш почит кон некој шо одзема на друг или е насилен - исто гомно си. Шо ме носи до: бу-ху општествени норми. Секогаш ко ќе гледам колку луѓето сме различни, колку различни животи водиме кога сме ослободени од то шо мислат другите и се градиме во своја (најчесто кринџ) автентична личност, едноставно не можам да разберам во чија корист се општествените норми. И зборам за овие дека мора да личиш на одреден начин (најлесно можи да се гледа низ Јута/Мормон и МАГА жените и зошто сите личат "исто", иако сегде си има вака само ретко толку да е нагласено), или да си одредена сексуалност. Или да се однесуваш на одреден начин било то преку облека, готвење и слични традиционални сегменти. Не сфаќам зошто буквално секој не гледа во радиус на своето постоење? Каква штета има дека некоја има шарена коса? Или пирс? Или тетоважа? Или дека се геј пар? Или дека, скраја да е, *чука во дрво* не оди во црква? Или дека некој е неуродивергентен? Пошто неуродивергентност отстапува од социјални норми - цел фокус на неуродивергентноста е онаму каде има и пречки, но и кога особата е дете. И тогаш сите се полни разбирање. Се дур детето не порасни, или е high functioning. Тогаш е досаден, глуп, "леле оти му е ваква енергијата". Исто се сите полни разбирање за ментално здравје се дур не видат какви се манифестации покрај анксиозност и депресија има. И то не гледај предалеку, голем процент луѓе не можат да процесираат ако некој сподели напаѓачка мисла. Не, intrusive thought не е ако сакам да се фарбам зелена и хуху, вистина да се фарбам. Ама е да замислам како клоцам некој дур проплука крв иако то не е нешто шо вистина го сакам и како резултат ме вознемирва, или да ми прелета мисла дека ножов шо ми е во раце дур сечам леб дека можам да си го закачам во стомак. Те вознемири и тебе? Не разбираш како некој вистина не мисли и не сака такво нешто ама ја има ова мисла? Знам. Светот и човештвото се толку комплицирани и пак пробваме да го вклопиме во калап и тој калап да го наречиме општествена норма. И така.
Се нервирам кога тие што просат лажат .Дадов пари ,викам ајде,деца имала ,маж немала .После гледам сок си купила со две помлади девојки жената.Е затоа веќе ,доверба во никого немам.После немав пари да купам цреши од едно дете,кое стварно заслужува да му помогнеш.
Дури сега сконтав кои се заљубен пар на форумот и ми измами убава насмевка Не сум плавуша жими се а можеби сум плавуша во душа Убаво ми дојде, да отргнам мисли со убаво. На форум, во комшии, на улица, секаде нека има љубов. Со овие црнила од интернетот, страв имам страна да отворам
Порано низ град се знаеше дека гужвата е сабајле до 9, и попладне од 16 до 18 ч. пошто тогаш луѓето одеа/се враќаа од работа. Сега, истата гужва е низ цел ден! Каде одат сите тие коли на пример во рандом среда во 14 ч.?
За лошо расположение малку треба. Зошто ми се прави ова, со оглед на тоа што знаеш колку сум осетлива и ненормално ме погодува? Ништо лошо немам кажано, никаква лоша намера и мисла, па да ми го протолкуваш на таков начин... Што убаво беше коа бевме заедно, а вака сеа Не можам ни музика да послушам, све ме тера да ја пуштам таа песна која ме потсеќа на најобичен момент со тебе, а сепак се истурувам од плачење.. Не, не се убави овие работи, го знаеш и сам тоа
Некогаш животот има многу подобар план од твојот, ама често тој план ќе се оствари откако ќе се налутиш самиот на себе зошто не успеваш..
Човек да земе да врега некој на социјалните мрежи, на пример често гледам инфлуенсерки врегани поради нивниот изглед ,, види се мори каква си дебела крава" или,, на што личиш како костур си" мора да се многу искомплексирани, љубоморни и полни со омраза. Нормален човек не врега туѓ изглед. И не знам дали после тие зборови убаво се чувствуваат? Некој да врегаш и напагаш без никаква причина ми е еднакво на луге без чувства, без грам осет за љубов, мислам дека ваквите се способни да го загорчат животот и на сопственото дете Единствена личност која би ја врегала е Боки 13 затоа што има толку луѓе нападнато, навредено, омаловажено, не знам како некој за овој човек може да каже браво Боки. Кога гледам како го величат и му се клањаат
Дара наспроти ,,Нашата евровизиска надеж". Додека некои внимателно пресметуваат што ќе кажат и каде ќе се појават и настапат, Дара со огромен настап на Софија-прајд. Со победата, станува првиот бугарски артист што влегол на листата Billboard Global 200. Настапуваше на сцени од кои многумина би бегале за да не налутат дел од публиката, а завршува на најголемата европска музичка сцена како победник. Од друга страна имаме некакви наши модели на уметници кои имаат големи европски амбиции, но на секое чувствително прашање одговараат внимателно, дипломатски и безопасно. Против ова, против она, но секогаш доволно нејасно за никого премногу да не налутат. Поп-Дивата не се создава у моментот кога ќе го освои врвот. Таа се создава у годините пред тоа, кога е исмејувана, кога е напаѓана, кога оди против мнозинството, кога руши стереотипи. СРМ никогаш нема да има своја Дара, светскиот шоу-биз ретко се води според логиката на конзервативните и традиционалистички кругови (за нечија жалост), тој повеќе ја вреднува видливоста, способноста да се поврзеш со различностите. Артистите одамна не се гледаат само низ призмата на добра песна и вокал. Затоа и се поретко победуваат најбезбедните, туку највпечатливите. Нека е и победата обичен пи-ар, у поп-културата сѐ е дозволено, а и лесно се препознава кога нешто се фејка. И за крај, со ,,мерак меана" мајндсет, нема победа на Евросонг. Дороти Ќулавкова - фриленсер, експрет за шоубиз, писател, уметник, активист, форумџија, старлета, foot модел.
Според мене дали некоја ѕвезда ќе остане локална или ќе стане европска или светска зависи од тоа колку успешно ќе се "продаде" и договори со менаџери на големи дискографски куќи да инвестираат во нејзе. Инвестирање како купување најдобри песни, спотови, реклами, видливост, местење "скандали" итн. Сите други муабети за однесување, карактер, поддршка или противење на одредени ставови може да се штелуваат со добар ПР тим.
Лугето кои сакаат често да патуваат на далечни дестинации алал вера. Јас кога помислам пред патување што ме чека, а особено после патување кога стигнам ми е ноу, ноу, ноу.. Пред секое патување сум претепана од умор и секогаш велам нареден пат нема да правам така, и се така во круг