Како поминува времето, сфаќам дека со некои луѓе не сме веќе она што сме биле. Едноставно не е тоа тоа. Муабетот. Реакциите кога ќе кажеш дека нешто убаво ти се случило или не знам, си бил некаде на патување. Почнуваат да се оддалечуваат, свесно или несвесно. Одма се мења тема кога ќе почнеш да зборуваш за нешто убаво. Не се радуваат на туѓа среќа. Можат да збпруваат само на тема "оговарање", на се друго се мења тема. И сфаќаш дека не сте веќе на иста фреквенција. Дека тоа веќе не се твои луѓе. Ај многу почнав да филозофирам, ќе престанам тука. Ок, уште ова. Радувајте се на туѓа среќа, не бидете злобни. На секој му доаѓа времето, се врти кругот.
Човек кој не вреѓа никого ,бил најпонижен .Како за инат ,за да се докаже дека не е во ред да си таков .
Ја сакам Битола ама не е можно да делам воздух со нај... ај да не велам ретардирана, ќе речам, ограничена нација. Сигурно до Рек е. Еве не знам до шо друго можи да е.
Ако има теми на форумов за ставање слики од што последно си купивте, која храна последно ја зготвивте, кој пијалок последно го испивте, не значи дека сте обврзани буквално сѐ што е последно купено/јадено да го сликате и ставите на фемина...
Ко ќе ми текни дека сум опседната со фиктивен лик додека тие околу мене се мажат и раѓаат деца, ама па кога бев опседната со вистински мажи не си поминав воопшто убаво, а вака сум посреќна од тогаш. Спојлер Disclaimer: постов не е за сфаќање многу сериозно, нормална сум жими сѐ, колку што можам да бидам. Сакам да најдам вистинска љубов, но во денешниов свет е многу тешко кога не прифаќаш ништо помалку од она што знаеш дека заслужуваш. Но во меѓувреме си го сакам мојот фиктивен маж.
Многу е убаво за душата кога имаш луѓе со кои на некоја тема можеш да дискутираш без да направат да се чувствуваш како лајно за кажаното или без да ти им го направиш тоа. Со кои и во различните мислења можеш да најдеш точка на совпаѓање. И доаѓаш до онаков еквилибриум кој ти ја оцртува Душеновата насмевка на лицето.
Од непланирано ништо за летово, испадна да одам на две летувања.Абе тоа што е твое ќе си дојде, а туѓото ке си замине кај што му е местото, убаиниите идаттт
Љубовта нема крај Го менува само телото Бара нови промени Бара нови константи Љубовта нема крај Само менува правец Па, зошто тогаш солената вода Го гори моето тело.
Кога сте во брак, имате едно дете и куп проблеми, тоа "одиме на второ" никогаш не ги решило проблемите. Никогаш, само ги влошило, ама ајде вие си знаете.
Кога ќе престанам да купувам се што ќе видам во ДМ?! Треба со закон да забранат купување на повеќе од 3 производи Дури дома кога почнам да вадам од ќесата почнувам да сфаќам дека парите за глупости ми одат аман
Кога ќе влезам во темана Непопуларни мислења и видам илјада и едно реплицирање, сфаќам дека луѓево само се тригернати и не прават разлика меѓу туѓо мислење и нивен став. Во ред Славице, во ред.
Не знам што е најлошо, што почнуваат високи температури, што ми смета клима во лето или комшиите навечер што се со отворени прозорци и урлаат како да се сами на овој свет?!? Навечер кога единствено тогаш можам на тераса да земам воздух, тогаш почнуваат забавите во маало. Па наместо да се ладам почнува топол бран од простоќата на луѓето да ме фаќа и пак се затворам дома. Еххх, далеку е септември..
Пролет, 2011. Тогаш почувствував импулс да земам да трчам, се сеќавам, вечерта ми дојде идејата и не можев да дочекам да дојде утрото. Неколку месеци трчав во 5, 5 ипол секое сабајле. Најчесто, Архангел на слушалки и празен град. Многу ми беше убаво, да нема никој по улиците. Некако, од самото сеќавање се ежам. Многу го сакам градов кога нема никој наоколу. Освен тогаш, едно јануарско утро, непозната година, заглавив со друштво во гаража, си одев накај 3-4 по полноќ, сигурно сум бил доста помлад, немаше никој и имаше снег. Се сеќавам дека кружев, одев по најдолгиот можен пат до дома. Се помирив, нема никогаш повторно да го доживеам тоа (веројатно).
Новава мода со земање Оземпик и слични лекови станува страшна. Во 21 век чиниш дека на сите луѓе треба да им е јасно оти одење кај психотерапевт не е табу и треба да е меѓу првите чекори. Но не им е. Не се ни дебели, ни обезни. Но, им се врти дека се. Наместо стручни лица слушаат лица кои немаат допирна точка со медицина. Лица кои само гледаат да се збогатат на нечија наивност и неукост. По која логика инфлуенсер (и друг лаик) има право тебе да те наговара што лек да голташ? По никоја! Камо памет? Лековиве можат да имаат тешки несакани ефекти, а и не е во ред да им се одземаат на дијабетичарите. Оземпашиве не се грижат ни за себе. Тешко им е да прифатат дека проблемот им е само во главите. Се игра и коцка со сопствениот или со туѓиот живот само за да се добие изглед на исушена кукла. Дека е тренд, да не се остане покусо. Иако на крај може да се остане покусо. Не ВИ, не вонземјани и не некои нации. Луѓето самите себе се уништуваат обидувајќи се да се претопат едни во други наместо да си ја негуваат уникатноста.