Лицето е најубаво кога е малку обоено од сонце, кога му се гледа дека малку "подпалило". Летна свежина и убавина
Луѓето, работите и фактите се менуваат исто како волкот што го менува своето влакно. Времето открива страни што некогаш не сме ни знаеле дека постојат
..хоштаплер ќе ти го губи времето, прав маж од прва мери-сече. Од сите „некогаш, многу одамна приказни“ највеќе ги сакам оние кога хоштаплерите се со прстот во уста. Жени, секогаш бирајте се самите пред хоштаплер, оти прав маж ве презема од таму каде не сте вреднувани.
Сакам да кажам дека јас сум од оние кои кога одат на море си носам се од дома, тостови, лубеница, вода...кога е време за ручек си јадам на плажа...не се срамувам и не изигравам елита
Не можам сега слушам романтични песни не дека се пронаоѓам туку си замислувам сценарија што сакам да ми се случат некогаш во животот и се доутепувам.
Now, when its too late… Влечки „Вучко“ со лимони. Мелено месо, банани и цимет. Бувчиња... многу бувчиња, секаде. Италијанско вино на полица (којзнае каде е сега). Многу скапо парче месо, платено од студентски џеб, и 1 час задоцнет ручек. „Те сакам“ на врв на јазик, стиснато зад заби, проголтано. Неспособност за задржување на погледот очи в очи од непријатност. Нов поглед ослободен од осуди за твојот порок. Ноти од твојот парфем во моите ноздри за фрагмент од секунда и бура спомени. Големо зошто и многу каење. И глас... твојот глас... И тага. Моја тага. (од архив, декември 2025)
Не мора да криеш ништо од мене. Нашата приказна заврши... Се надевам ќе најдеш мир и спокој,далеку од мене повеќе нема да пишувам за тебе,ова е последната порака. Среќно
Големи горештини низ светов, а? Забетониравте сè? Изградивте зградишта на секој чекор? Епа што мислевте? Сега уживајте во тоа што го направивте. Од сите врсти, само човекот може да е олку глуп и склон кон самоуништување.
Vremeto tolku se izmeni sto veke ne se znae koga e leto koga e zima koga e esen koga e prolet Stana tolku promenlivo kako i nie lugeto
Се откажав од црвено вино, но вечерва ке се напијам една чаша за душа на Владо, не знаев дека е болен,не знаев дека има толку непријатели и после смртта, Почивај во мир..
Вечер ќе бидам на нашето место Од 21:30 некаде до 22:30 Ако сакаш да се опростиме и толку веќе нека биде. Aко дојдeш, не кажувај ништо. Ако не дојдeш, пак не кажувај ништо. Ит ис ди енд
Патувањето навистина отвара нови видици особи што не излегле од селото рурално се глупи, злобни и ограничени. Бар од мое искуство што сум ги упознала.
Како бе на некои луѓе не им е тешко да лајкаат/коментираат кај инфлуенсер(к)и, познати личности кои не знаат дека постојат, со илјадници и милиони следачи, а на пријател кој се труди нешто свое да направи еден лајк не сакаат никогаш да стават, да не зборуваме за коментар и споделување (или repost по ново). А не е дека не гледаат, гледаат сѐ, не им бега ниедно стори. И знам дека прв инстинкт е тука да се кажи абе што се замараш со лајкови и коментари, секој си избира за себе, уел се замарам кога многу ми зависи од тоа ричот на акаунтот. Со саати работам на нешто што сакам, често буквално цело работно време трошам за едно дело, ќе се замарам и тоа како. Не дека сум нешто уау, уште се трудам да се подобрам. Но многу ми значи интеракција што помага да сум повеќе видена. И јас исто би го направила без двоумење за други кои се трудат, и го правам. Но тоа е.
Размислувам и доаѓам до заклучок дека донесов правилна одлука,и дека после се решив да се тргнам од некои луѓе кои ми ја црпаат енергијата! Типични пијавици и манипулатори,жал ми е за таквите луѓе. За прв пат не плачам Среќна сум што вака излезе,инску никогаш не би знаела колку далеку може да отиде еден човек,за да повреди друг.
Секогаш кога читав Библија прескокнував една книга само поради тоа што насловот не ме привлекуваше и решив таа книга да ја читам најпоследна кога се ќе исчитам.. Денес решив да видам за што е и ми стана омилена книга, искрено не очекував дека во Библијата има цела љубовна книга, мислам дека за тоа време кога е пишувана и на начинот на кој е напишана е преубава..
Добар дел од популацијава е опериран од емпатија и осет. Ние сме народ што има страшна потреба да дели памет, па макар и никој да не го побарал тоа. Макар и воопшто да не сме компетентни на темата, ние сѐ знаеме. Ние сме експерти во сите области. Ние сме и психолози, и адвокати, и судии (за туѓите животи, наравно). Луѓево како да добиваат некоја слобода на интернетов да можат сѐ да кажат, да се надмудруваат и да делат памет. А наместо да делат памет, можат да направат нешто општествено добро или во најмала рака, можат да заќутат, кога немаат ништо паметно да кажат. И за промена, да покажат елементарна емпатија. Ама, тоа нема да се деси. За жал.
Од сите пороци, најтежок е алкохолизмот. Која сила треба за да излезеш јавно и бараш помош, да голтнеш и се понижиш на некој начин. Само зашто таму каде е побарано (читај: институции) не си слушната. Се кладам дека ќе помогнат колку ради-реда. Трајно барем - НЕ. Скапана, скапана држава!