Секогаш кога не сум можела да заспијам,се испоставило дека "некој ме мисли" ... Утре сум на работа од 5:00 Чоек,кој и да си "ебено" одјеби ме од мислите! Се вртам 3333304749пати Несоница пуштена на најјако
Во последно време ми е смачено од се и од секого. Сакам да имам копче во главата и да го исклучам мозокот за да не се замарам толку. Се изморив да бидам тука за секого. Многу сум уморна. Таков замор чувстввам што ни спиење не помага. Толку многу сум разочарана од моите блиски. Премногу. Чувствувам огромна тежина на градите. Со месеци не можам да дишам слбодно. Се чувствувам како да тонам во длабока вода и сум без здив.
Одвратни ми се религиозни лица, односно лица што осудуваат преку религијата, се прават добри наивни, а се извитоперени.
Ама оние луѓе што промашиле нешто во својот живот и очигледно толку се неисполнети, па сè што можат како "совет" да кажат на некој е: "Батали, не вреди". Да бе, важи, дека тебе ништо не ти вреди, така нека биде и за другите.
Македон ми е префорсирано дете. Форсирано читање, знаење, интерес. Океј е детето само по себе да најде интерес во одредено поле, но кога почнав да гледам како родителите присуствуваат на емисии и зборат во негово име, ми изгледа како тие да го проектираат животот на детето.
Некои членови на форумов, не се свесни колку се провидни и каква лажна слика даваат за себеси, а врска немаат со морални вредности. Барем не се правете нешто што не сте.
..ма скоро сите се забегани или веќе забегаа. ‚‚Поарно е кога ти си тука, кога ти ќе видиш‘‘. Што да ти видам, несреќо низаедна? Што?
Не верувајте на личност со очигледни ред флег особини ако ви рече дека ради вас ќе се смени. Може само макс. на ден/два да се "смени" т.е да одглуми.
Не знам до мене ли е, можеби јас сум многу години назад ама деца од петто одделение да се носат кај шминкери со нокти и фризури, шминки и трепки А детенце убаво, какво може да биде на 10,11 години, нежност и дете во него. Овие денешни родители некои да земе човек да ги превоспита нема да е лошо. Што ќе стане до 18,19 години, се што тогаш треба да почне да и биде интересно, ќе и здосади до13 год. Не се криви децата, родителите се.
Проблемот денес е, што повеќе пари не значат повеќе храна, подобро здравство, дом итн. итн. Ресурсите со вбризгување на повеќе пари не растат, туку поскапуваат. Едно општество не станува подобро ако му се доделат повеќе пари, туку ако ствара повеќе ресурси. Но, најголемиот проблемот е, кога тие пари се доделуваат нееднакво. На некого се дава многу, на некого малку. А за секого цената на ресурсите е поскапена исто. Затоа инфлацијата е најголемиот грабеж на денешницата.