..пред некое време ми излезе пост од човек што бараше помош т.е совет. И ко по обичај багра што никогаш не чита постови како што треба, тук-там некои пилци што улетаа со навреди. Среќа па имаше такви што веќе имале некакво (слично) искуство и доста внимателно му пренесоа. Баш со некаква надеж, утеха дека има излез. Не знам оти ова уште го мислам, ама дефинитивно сакам тоа да биде по овие последниве.
Имам слушнато дека никогаш нема да го најдеш мирот надвор додека прво не го најдеш внатре во себеси. Богами, вистина е.
..како беше таа, од дрвјата не се гледа шумата. Способноста да се гледа убаво е вид вештина, ама истата е тотално (ама тотално) безвредна ако не се процени силата на шумата. И кога веќе сум на гледањето, поарно да не гледаш неголи да се силиш при самиот чин на потценување оти може баш тој чин ќе те ништи и нема да те штеди. Интересно е како луѓето се залетуваат и така малку не оспоруваат. Оно ќе го кажеш сето ова дискретно за да не навредиш, па така истиве место да не потценуваат мислат ти нога ќе им спружиш. Ама што па и јас, седи си и гледај си.
Има една опасна болештина која се всадила во луѓето наречена ПОВРШНОСТ, за која нема лек. Живееме живот без суштина на самиот тој живот. Поразително е
Дојде време кога нема љубов ни разбирање ни искреност ни доверба Најдобро дистанца држење и многу со луге да не споделуваш
Самокритиката боли затоа што го удира егото. Ретко кој е навистина способен да се погледне себеси, без изговори и оправдувања. Ретко ќе сретнете некој кој ќе признае дека бил токсичен, дека грешел или дека повредувал, сите со идентитет на жртви. Како да ни е вродено, у гени, колективна епидемија на самовиктимизација.
И јас спаѓам у овие жртви, охоооо, како знам на моменти да се самосожалувам и кукам. Али у мене има две особи, другата знае да биде прекритична, дури сурова, понекогаш се гледам како монструм ради некои искажани работи и постапки, а често знам и пред луѓе да признаам дека грешам. Али жртвата доминира секако, не се бега од гените и менталитетот.
Животот во последно време ми е преубав. Го имам него, имам прекрасни родители и брат, предобри комшии со кои сакам секој ден да пијам кафе, предобри колеги на работа и предобри личности од форумов со кои комуницирам, лично не ги познавам ама и тоа би било наскоро, со кои можам на секоја тема да комуницирам без да бидам осудена. И така, прекрасно ми е на душата.
Кога си во брак и имаш деца, ако изневериш, не го изневеруваш само партнерот. Ги изневеруваш и своите деца и целата фамилија. Не си ја изневерил улогата на сопруг или сопруга, туку и улогата на родител, улогата на зет/снаа и сите улоги и фамилијарни врски воопшто. Даден ни е разум ама не го користи секој.
Црешово топче како оружје против империја, 10 дена Република и 35 години нефункционална држава... македонски континуитет на импровизација. Гледам како коњи јаваат коњи, знамиња, партијаши, фешти, популизам, говори, патетики и сфаќам зошто пиеме гомна од чешма.
Гледам снимки трча избезумен народ и си велам еве ги нашиве пак ја освојуваат Гр4ка празнично, ама не то да ти биле Мароканци во Шпанија.
Денешниот ден треба да нè потсети дека слободата нема никаква вредност ако не можеш сам да одлучиш што ќе правиш со неа. И лицемерието е право што го носи слободата. Лицемерно е ако цела година продаваш приказни за Кутлеши, антички Македонци, украдени сонца, клети Грци/Бугари, бла бла, а летуваш баш таму, али добро, слобода, право на избор... Она што не е слобода е пикање на илјадници гревови у автобуси, носење на истите за да пополнуваат кадар на Мечкин Камен и после тоа да го продаваат како врв на национална свест. Тоа не беше патриотизам. Тоа беше добра организација со превоз и уште подобра организација на култот кон еден малокурест диктатор кој денес шета низ Будимпешта. А секоја година на денешен ден, на социјални мрежи кружат фотографии од едни нетолку далечни времиња, демек, видете како беше тогаш, а видете како е денес. Затоа ако денес на Мечкин Камен има помалку луѓе отколку у тие ,,поубави" времиња, јас тоа не го гледам како пораз туку како потсетник дека денес, повеќето луѓе сами си одлучуваат каде ќе бидат, а тоа се грчките села и плажи. Слобода. Неколку години по ред за жал, јас останувам тука на овој ден. Не ради патриотизам (да не се вреѓаме), туку ради рецесија, луксуз ми е втор одмор, инаку ова време и јас го сончав мојот задник на грчките плажи, по втор пат у лето. Честит Илинден срцки и искористете ја слободата додека сè уште не почнале пак да ве пикаат у автобуси.
Мислев овие Марленка се нешто вауу ама мене ми се онака, мехх. Вкусни се не дека не, ама не и да уживам додека ги јадам. Каснав едно и толку. А нешто кога ми е вкусно можам и цела кутија да изедам