Секташите не сакаат ССО во училиштата за да децата не знаат да препознаат насилство и да можат да се изживуваат, да ги злоупотребуваат, да замижуваат пред булинг на сите поинакви деца и понатаму како што правеле до сега.
Членот под број 365, ставкa еден, за обид за убиство, да се казни со десет години забрана за посета на овој форум, како и одземање на членството во него. Исто така, му се забрануваат активности на отворено и гледање низ прозор.
Ова ми е трет папагал. Првите два ми избегаа кога бев дете, какви трауматични моменти беа тие за карактер кој тешко се носи со загуби. И сите три ми се Коко. Интересно е што на третово му го даде името детенцето на другарка ми - Коко Поли, по некој цртан што го гледаше. Е па, Коко Поли ми е на смртна постела. Секој ден менување хартии, чистење кафез, менување вода, надополнување на храна, носење на ветеринар... И секогаш кога мислам дека правам сè што треба, ми текнува на една пријателка од детството. Нејзиниот папагал збутан у едно кафезче за мињони, чистење еднаш неделно, никакво замарање, пилето живееше 12 факинг години. А јас сега на волку потресување и грижење ќе го изгубам за 4. Искрено, ако ова заврши со најлошо сценарио, Коко Поли ќе ми биде и последната живина, трета среќа, трета загуба. А ако немаш, нема ни по што да тагуваш. У следен живот ако се родам у човечка форма сакам да бидам тежок дебелокожец.
После загуба на блиска личност еве веќе неколку месеци само се прашувам што се случува после смртта, денес е човекот до тебе а утре веќе го нема , дали вака дали така одговори на кој никој од нас нема одговор.... дали тој некој не гледа од таму некаде или со смртта се брише се тоа,кој знае...
Ќе ми недостига топлината на ваквите летни вечери, кога чиниш ноќта нема крај, а месечината станала одраз на сонцето.
Коко Поли преживеа по трет пат, денес почна да јаде . Вчера бев у предпогребална депре фаза, што ми е иначе стандардна реакција ако некој близок ми каже дека го боли трепката.
Пола - изгубена доверба во љубов Пола - сакам да се осетам ко во песна на Cigarettes after sex, една од ретките работи што ме тераат да копнеам по нешто вистинско
Злобни, исфрустрирани, негативни, завидни ликчиња...насекаде ве има, дали во реалност, дали позади тастатура на фб или форум..очигледни сте пре многу! Не можете да сфатите дека сè додека искрено не се израдувате за некого, не се споредувате и не е она зошто тој/таа да има, јас не...ќе си останете таму каде што сте, со таа завист и негатива! И јас многу немав во животот, страдав, патев, плачев, живеев ден за ден без смисла за животот, ама едно знам, не можам и не сакам, не бев и нема да бидам завидна и злобна, нема да се споредувам...секој има "свое време" кога и како да биде среќен! И денес можам да кажам дека сум таму каде што треба, среќна и исполнета и многу заслужено! Преку глава ми е од вакви ликови во животот, се тргам и бегам колку нозе ме држат! Сменете си ги мислите и одма ќе е подруго..каков ли човек си ако не се радуваш на туѓа среќа? Мизерно...на многумина им сметам што сум ваква, ама јас сум среќна што не сум таква како вас, би се срамела од себеси! Животот си е убав ако знаеш како да го живееш!
Воопшто не сакам кога личности кои не ме познават, си вадат претпоставки за мене и тоа за чувствителна тема. Како што е здравјето. И јас можам да претпоставувам некои нешта, но не е мој стил длабоко да навлегувам во таква тема. На мене животот ми е некаква борба уште пред раѓањето, а потоа почнаа да се нижат редици со проблеми. Солзи леено од сабајле до вечер. Не треба никој да ми проповеда за тешкотии оти ги знам. Имам доживеано работи што не им ги посакувам дури ни на непријателите. Не, не сум совршена. Никој не е. Можам да не поднесувам некого, можам и да немам емпатија за него, и дури и да го мразам. Но не можам да му се нафрлам и да ликувам. Јбг, не сум покварена. Ако јас знам за имање граници, очекувам и другите да знаат. И онака светов нема корист од ситни души.
Не знам као да објаснам што сакам да кажам и знам дека нема смисла и е чиста глупост, па затоа и тука ќе пишам да не ме спамирате и смарате, али за мене у мојата глаа мушки деца се сперматозоидите, а женски јајце клетките...
Деновиве ми излегуваат дрвени куќи со есенски мотививи во шума. Каков мир ми дава кога гледам во вакви куќи наоколу есен и тивок дожд тоа е чудо. Ги пуштам пак и пак, ме смирува некако. Како не ми текна порано куќа надвор од град, во дрвен стил, далеку од гужви, мир, чист воздух. А не сега каде што сме, собирам ѓубре за цела маалска улица, не знам кога и во кое време некој ќе се степа и ќе добијам паничен напад од стресот што го слушам урлањето од нив
Очигледно е дека детенцето кое го носи името на државата (без префиксот) има исклучителен ум, особено за математика, ама повеќе од талентот ми остана у глава начинот на кој беше водено пред камера. Ова беше кога прв пат го видов на тв пред неколку години. Таткото бараше да зборува на еден јазик, па на друг, па на трет. Како секој нов јазик да беше уште една пехар што треба да му се закачи пред камера. Детенцево трепкаше, имаше тикови, тешко одговараше. Си реков - остај го бе детево да дише. Сега ми излезе и таткото на фб и проценката (првиот впечаток) ич не ми била грешна. Секој статус му е ново откритие, уште еден талент, уште една способност, уште еден доказ дека детето ни е посебно. Дури и друштвените игри што ги игра со него не се само друштвени игри, туку тешка стратегија, уште една ставка у каталогот на генијалноста. Секако, тоа е евидентирано со статус и фотографија за јавноста. Детенцево е како некаков трофеј, проект. А и првиот пат кога го видов таткото на тв, ми се уклучи еден радар. Животите што остануваат у плакари, знаат да остават траги, испуштените можности почнуваат да се живеат преку своите наследници. И ова игра голема улога за целата слика.
Ако работиш во дирекција или си инфуленсер тогаш многу е лесно да снимаш видеа како животот е многу убав и лесен и треба да си благодарен. Ај оди работи како обичен работник па ќе те видам дали истите видеа ќе ги снимаш.
Дали има некој од овде што работи на царина или некој близок свој? Ако има да ви кажам дека сте најголеми Го*нарИ и губриња од нечовеци. Како малку ви се платите, земате под рака на секој што поминува граница, и бркате во торбите им земате од храната на лугето! Пууу мизерии низаедни, да останете без скапана работа па по канти да обрќате за храна а не да плескате газ по цел ден и мито да барате.