Социјални мрежи офф. Фејсбук си го динсталирав, само месинџер ми е оставен. И сеа уште за Инстаграм да има апликација за само чат, ќе биди убо. Се фаќам, скролам многу... Не чини ова.... Мора уште промени.....
Многу поубаво живеам од како го заменив градот со село. Не можам да го опишам психичкиот мир кој го имам. Доручек , какао , работа во природа. Ќе биде после и некој десерт од лешници За ништо не би менувала мир, со гужви и брзања. Spoiler
Да е маж, па да му се зеде презимето. Додуша, прав маж не инсистира (за мене ова е условување) да му се зеде презимето. После ве газат. Па нормално дека да. Што сѐ нема да прочита човек.
На јавни места, во јавен превоз, во институции, во: стави сѐ што сакаш, и е со некаков допир на личности кои НЕ ги знаеш, некои премногу си допуштаат. Абе ни си ми другарка, ни си ми познаник, ни па ме интересира. Ептен ми се нејасни(?) профили на луѓе што вака „од око“ си допуштаат некаква близина. Сѐ ова е за испитување, ни срам ни перде.
Ми треба промена од животот кој го живеам во последниве 5-6 години, мислам на позитивно и се надевам дека ќе се случи нешто убаво и конечно поразлично од оваа монотонија до сега.
*купува уште една фигура за во колекција* "Ајде бе, луѓе фрлаат пари по дроги и цигари, јас давам пари за нешто што мене ме прави среќна и не штети никому"
Што кога птиците ќе го напушат гнездото? Што ќе остане по нив? Ќе не проголта ли тишината? Дали гласот ќе ни стане се потивок и потивок како шепот во ноќта? Дали ќе живееме додека полека се гаснеме? Додека полека дел по дел снемува од нас... Додека очите ни се отсутни Рацете празни Срцата скршени Што ќе остане од нас? Ништавило во ноќта Скршени соништа Минато без иднина, на тоа ли сме осудени? На болка и умирање, секој ден? Перници преполни солзи? Осакатени тела од тага? До кога една човечка душа може да издржи? А да не се распадне? Да не ја проголта мракот, Да не се предаде на ѓаволот.. Фер ли е да се осуди на вечно страдање? Иако патиштата ни се вкрстени, сепак некако успеваме да се разминеме низ животов.. И двајцата сме виновни, и никој не е. Едноставно нешто не умртвило, а тоа што е мртво, останува мртво.
Она кога луѓе кои немаат ни 5 мин осетено вистинска анксиозност, паничен напад или стрес ќе напишат на стори или ќе кажат “леле многу бев испаничена/анксиозна) за некоја сосема рандом ствар…или во некои ко демек смешни реплики ќе употребат дека така се осетиле.. Не! Значи појма немате како е тоа да ви се случи и не ви ни посакувам, но барем малку треба да имате чувство дека околу вас има луѓе кои тоа вистински го живеат можеби секој ден и многу е лошо кога се збора кроз шала. Да, океј, не е животот за секој ист и некој ќе рече ама ти не треба толку се сериозно да сфаќаш, но тука е проблемот. Бидејќи тие состојби се нешто што е сериозно. Луѓе се борат да излезат од дома, се борат да останат сами дома, се борат да отидат до маркет со тоа и не е воопшто наивно. Имајте емпатија.
Тоа дали некоја девојка ќе се предомисли за станувањето биолошка мајка, не е прашање кое ги засега другите иако до некаде имаат право на свое мислење. Процесот не е плукни, па залепи. Тука има многу фактори што таа ги анализира и пресметува. Можеби не е среќно и убаво растена во нејзиното семејство. И нема (доволно) добар пример по кој ќе се води. Не сака да ги пренесе генерациските трауми на невина душа. Можеби би сакала, само здравјето да не ја попречува/ше. Но не можела да си ги бира гените што ги наследила. Можеби попрво размислува да си посвои дете од дом затоа што смета дека и тоа заслужува љубов и топлина. Можеби смета дека не сака ни свое, ни туѓо дете затоа што планетава е пренаселена и се гуши. А, ништо не се презема за да се подобрат или спасат животите на веќе родените. Зошто да донесе уште еден живот кога и за сопствениот нема гаранција дека ќе потрае до старост? Не мора да се стане мајка по секоја цена. Има и многу други начини преку кои може да остави свое обележје на овој свет. И да го направи посјаен.
СДК дека убаво се осеќам. Фала му на бог што ми го подари животот што го посакував, тоа е СЛОБОДА. Понеделник за мене е денот што едвај го чекам за да правам пари, додека некој друг треба да стане за на работа рано наутро. На мене денот ми започнува со миење на забите,туширање,кафе и лап топ пред мене додека си готвам појадок, потоа си идам теретана и си правам се што сакам во текот на денот.
Добар дел од македончето си пати од усилено прикажување и глумење на живеење лажен живот пред другите, правејќи се нешто шо не е и шо нема да биде никогаш.