Мразам да осудувам, но кога ќе погледнам колку млади родители си ги занемаруваат своите едвај 2 3 годишни деца додека се на одмор, ќе се напијат и ќе се брукаат по социјалните мрежи додека детето плаче за јадење или спиење ми доаѓа да ги запалам живи. Уште еден доказ дека не секој заслужува да биде родител.
Меѓучовечката комуникација не е сложена се додека не се претвори во "недостижна квантна физика" кога еднострано отсуствува знаењето. Пропуштените лекции не се учат во услови на духовно набилдан соговорник. Инсталирајте доблест и бидете искрени пред себе дека нема виновник, само прифаќање несоодветен клик. Суштинско поглавје од недостижноста на човечкиот објективизам...
Толку сакам да ја игнорирам појавава, ама толку е воочлива што и не обрнувам внимание ама фактите сами ме наоѓаат. Не, не се замарате вие со туѓи мислења, ама на светот му велите: Чујте и почујте јас што имам или што можам или што правам. Мора сите да знаат колку сте јаки, иако не ви е битно што мислат.
Ти исправаат грешки,а они имаат повеќе грешки од тебе. Никој веќе не се замара само со себеси,секој мора да ѕирне во туѓиот двор. Инаку не бива...
Македонци: Дошле на одмор и на плажа бистрат муабет за на Петко ќерката дека била стара мома и уште не се омажила. Колку треба да си чудак за на одмор со ова да се смараш или пак може ваквите малограѓански оговарања им се одмор
Колку многу е битно да си на право место во право време и да го кажеш тоа што треба на прав начин. Тие се тие неколку секунди, минути кои може живот да сменат.
Уште не можам да поверувам дека и денес кај муслиманите после свадба одат гости кај младоженците и чекаат пред спална да го видат чаршафот со крв. Што ако невестата е девица, ама нема крв од прв пат? Што ако зетот е изморен и не е способeн да кине химен во моментот? Што ако веќе имала секс? Како може да се опуштат и да имаат секс, додека куќата е преполна со гости и музика? Не знам дали сите прават така, ама кого прашав ми потврдија дека таков е обичајот. Имам другарка муслиманка и сега треба да прави свадба, па кажуваше дека ќе оделе по традиција. Нема врска што цела година живеат сами со вереникот и веќе имале секс, битно за свадбата треба да е невина Како? Домашните блиски го неќеле обичајот, ама гостите после прославата ќе чекале пред спална. Што ќе чекаат не ми е јасно? И кај нас било така пред 30тина години, среќа па се нашол некој паметен и го укинал. Пак жената ставена на кантар. Отсекогаш така било и ќе продолжи. Во сите нации и религии. Таа е битната. Таа треба да е невина и чиста како солза. Таа ќе биде срам за семејството ако не капне крв. Тој мајкин син нека бара девојки, нека шета, нека се клецка, битно после невина да најде. До кога бе вака?
21ви век, а колку луѓе има што не одржуваат лична хигиена. Застрашувачки е, најозбилно. Особено сега во летниве горештини, не можам бе да сфатам да не се истушираш со денови и денови. Истата испотена и смирисана облека да не ја смениш. Како ги поднесуваат тие околу нив не ми е јасно? Како се поднесуваат тие самите? Изгубен осетот ли им е, што им е? Седнал в кафич, ги кренал рацете и се шири арома од мишките немиени. Ни еден дезадоранс да не се знаело да се прсни на овие жештини. Па јас онака в земја би пропаднала од срам. Т.е. не, како прво нема да си дозволам да се најдам во таква ситуација. Капете се, луѓе. Користете дезадорасни и стикчиња пред секое излегување. Па и в ташни носете си, особено ако сте подолго излезени. За ваше добро и за доброто на околината. Најдобар совет.
Имам заприметено дека по цели денови “ништо“ не правам, јас сум влезена сама со себе во некави тешки филозофии. И не знам дали имам премногу време, или пак немам за се` и сешто што си правам сцена. Ми текнуваат на мислења и муабети од порано. Случки кога бев мала. Моменти поминати од детството. Кога беа сите тука. Кога ништо не ми фалеше. Сакам да можам пак да го вратам времево. Луѓето. Животот и живоста во него. Да имаше временски патник... Сакам повторно да трчам боса по ливадите безгрижно, не мислејќи на ништо, сакам да одам на село, таму да ме пречека дедо ми, секоја вечер да ми кажува приказни. Сакам да одам секое лето на гости кај моите роднини, сакам повторно да можам да ги прегрнам некои луѓе во мојов живот Ама ги нема, некои заминаа таму од каде што нема враќање, некои во далечина. Замислувам и сакам живот исполнет во тишина. Далеку од светов. Само мала куќичка в планина, уредена минималистички, што ќе зрачи топлина и спокојство.
Да беа сите толку паметни како што пишуваат по статуси коментари и слично одавно ќе било нешто од нив.
Поминав години во мкд образовен систем - основно, средно, факултет - и никој не ме седна да провери за што стварно ме бива. Ни мене, ни моите соученици. Никој. Сите кариерни насоки и совети беа сведени на... на претпоставки и некои најслаби траги од вештини што ни биле добро развиени во моментот. Аааа, ти знаеш англиски. Ааааа, ти математика. Ааа, тебе за цртање те бива. Ааа, види како брзо памти, браво. (најпроста репродукција на материјалот - место каде што сета креативност и критичко размислување одат да умрат) На тоа ли се сведува кариерен избор, бе? Консултациите за тоа дали тебе цртањето ти одговара карактерно или не, дали си ти илустратор или архитект, дали ти навистина сакаш да решаваш математика или по ново, бутни го таму на ФИНКИ да програмира, беа непостоечки. И после имаме исфрустриран народ по улици, што се бутка во тебе кога минеш. Е, имаме. У меѓувреме, читам и барам апликации на странски универзитети и една западноевропска земја успеа да дознае повеќе за мене и моите склоности со еден краток тест од половина час отколку што јас самата досега воопшто успеав да дознаам. Најразвиени особини - изразени социјални вештини (екстровертност), лидерство, емпатија, креативност, и логика. (и затвори ти таков човек дома да работи, мммм, прекрасно) Препорачани студии - социјални студии, едукација, психологија, нутриционизам, а откако внесов претходно работно искуство, психологија на купувачот. Значи, нешто што и мене природно ме влечело и ме влече но никогаш не сум го учела за да го работам токму тоа. Оти? Оти знаев англиски. И моите професории знаеја само тоа за мене - дека јас знам англиски. Ебате системот. Од кај да знае 17-18 годишно дете за ова? Поминаа 10 години додека дознаам. Одвај, ама одвај чекам да се ресетирам.
Се потсмеваат на јавна личност оти не знае добро странски јазик иако не ја ни познаваат лично за да се сто посто сигурни дека не го знае. Како они да не прават грешки,а да ги види лингвист нивните дела,можеби цела недела ќе се смее.
Македонска работа меххх А бе Македонче бе.. Пусто Македонче ! Само Македонче го може тоа. Само во Македонија го има тоа. ... ... Извинете, од каде сте вие ?? За кои тоа МАКЕДОНЧИЊА зборите ? Се сметате себе за исклучоци ?
После напорен ден си сварив полна шоља турско кафенце. Иако напорен беше забавен и интересен, се чувствувам предобро бидејќи се трудам повеќе и немам замерки.
Најдобро да ја запознаеш душата на еден човек е преку музиката која ја слуша. А еден од најскапоцените ретки моменти за мене е кога некој си ја отвора душата пред мене.
Моментот кога уште сабајле ќе те Изрекетираат со игра на зборови. А ти онака едвај си дремнал и едноставно немаш воља да изогнорираш туку ти доаѓа прилив да им укажеш дека точно знаеш со кого си имаш работа. Баш непотребно од моја страна. А постојано си повторувам дека неможам светот да го сменам, треба само да им се придружам.
Од толку плански и организирано што функционирам не знам како е да имам пред себе бланко ден, ама знам како е да си индивидуалец со дефинирани приоритети што за општо познатата малограѓанска средина е израз на надменост и егоизам, наспроти изборот на убаво и полезно трошење од личното парче драгоцено време кое никој не го подарува, а уште помалку е креатор на правото за користење по универзален модел. Не се обидувам да промовирам рецепт за совршен живот зашто ни во мојот прирачник нема доволно состојки, ама ненаметливо успевам свесно и објективно да ја комбинирам внатрешноста за да бидам јас, издигнувајќи се над стереотипот така треба без грижа за не/допадливоста во надворешниот свет. Сите понесуваме одговорност за постапките, па и кога другиот не функционира како што треба. Круцијалните прашања имаат голема цена, емоционална, психичка, па и финансиска. Беспрекорно и свесно ја плаќам зашто ништо не е гратис добивка, ама задоволството е круна на постигнувањата по личен концепт.