..колку неофицијални психолошки дијагнози имаат луѓето (...), почнуваат да ме плашат ваквите. Колку помалку си имам работа со луѓе, толку поспецифични меѓу дијагнози имаат. Господ на помош, без сарказам.
Не можеш без луѓе. Ама некогаш ми иде на планина. Денеска луѓето гледаат за едно кафе да те искористат а камоли за друго.
Зошто во секоја дискусија безразлика на било која тема се споменува и се алудира само на работа од 9-5? Па голем дел од луѓето не работат од 9-5. Исто и на социјални мрежи еден куп постови за петок и за понеделник. Супер се, ама на многумина не почнува работната недела во понеделник и петок не е ден за афтер ворк во кафана и почеток на слободен викенд.
Многу ме интересира што ќе сменат за фирмите скратените два дена боледување од матичен доктор или што ќе смени намалувањето на неработни денови за економијата. Ејди, тажна Македонијо.
Овие нашиве полицајчиња што се по метро и желба за растење не знаат пеш да одат, не па мотори да возат.
Не знам како можете некој да каните дома, а притоа да го озборувате ваков, таков?! Јас канам дома луѓе што ми значат, не било кој. Со оној кој немам заедничко, не ми се допага карактерот вешто во град го одбегнувам не па дома да го поканам. Лицемерно и бедно размислување. На најубавите настани да поканите а особата да не можете да ја смислите? Се се врти околу лицемерие. И после сама, епа сама! Вакви друженки зад грб не ми требаат. Возрасни луѓе на кое ниво спагаат.
Со едната рака ја држи ќерка му, со другата телефонот и гледа во него, поглед не тргнува од телефон додека преминува улица. Има многу луѓе што не треба да се размножуваат оти не се дораснати, способни или просто немаат трпение за да бидат посветени родители.
..членувам во многу ФБ групи од разноразни области. И многу ми паѓа криво/тешко (немам соодветен збор, едноставно не ми е сеедно) кога ги читам анонимните постови од жени кои се изреализирале многу/малку над просекот жени, посебно зашто треба баш храброст за да си дозволиш ранливост. Те како има разлика, од поддршката на релација жена-жена. Затоа и ги сакам тие групи, лавина од коментари, споделени животни искуства, ама баш невидлива поддршка која те турка дури и вака отстрана кога ѕиркаш со читање. Нема лицемерие, како кога пример, да треба да споделиш на долгогодишна пријателка, па ќе излезеш дека се жалиш!? СДК, тешко е (ма претешко!) да си жена во свет во кој сѐ се очекува од тебе како понежен пол, а од мажите само да работат. Да не сум сфатена погрешно, ги сфаќам и мажите. Они се во постојана трка да се докажат и покажат, машинеријата ги крои. Ама мислам дека сепак им фали делче од психата за да сфатат дека жената е прекревко суштество. А тие што сфатиле го утнале животот, но како велат, никогаш не е доцна за нов почеток.
Некогаш меѓу таа една прегратка, еден бакнеж, една утеха и почивалиште стои само огромно его, внимателно сокриено под превезот на нежноста.
Што кога повеќе не е доволно? Што кога носи повеќе болка отколку среќа? Што кога имаш толку многу да кажеш и понудиш, ама знаеш дека нема да добиеш исти фидбек? Се плашиш да покажеш ранливост. Па затоа молчиш, голташ зборови, голташ емоции, се додека не почнат да те гушат, да не можеш да дишеш. И сфаќаш се губиш себеси полека, се смалуваш, и се она што било убаво и некогаш те радувало во денот веќе изгубило драж. А зошто да молчиш, од кога емоција да покажеш е понижување, срам, страв, зарем тоа треба да биде? Па што тогаш? За што се држиш? За што остануваш кога си се погладна за емоција, а се помалку ти се дава? Остави, пуштај, ќе боли малку ама ќе преболи, а тоа е подобро од секој ден болка. И можеби ќе дојде ден и некој кој ќе знае да ужива во интензитетот на твоите емоции, и најважното, ќе ги осетиш и знаеш неговите.
Штета што само Бугаристан е трафика за еу пасоши. Да бидам Фиромец и Бугаристанец у исто време, каква крш комбинација на идентитети, нуспроизвод на две нефункционални држави, фуј.
Поголемо дете кое го возат во количка и блее во екран, 100% исклучено од надворешниот свет само за мама или тато слободно да си шета низ молот ми е еднакво на и н в а л и д и тоа од најголем степен!
Нешто ќе кажев ама се сетив дека среќата сака тишина. Понекогаш, некои вести треба да си ги зачуваш за себе и за најблискиот со кој ќе седнеш да си го испиеш кафето.
Понекогаш, ми излегуваат на Фејсбук вакви слики, со прашање кое возило има предност и по кој редослед ќе се движат. И најчесто ги прескокнам, си викам што е ова, прашање за деца. По втор пат застанав на ваква објава да ги читам коментарите. И не ми се верува колкумина возат и положиле, а појма немаат од сообраќајни правила и прописи и се караат по коментари, не било така, вака било.