Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи? Арно праша Тоше. Биднаа и 19 години без него. Боли како да беше вчера и ќе боли. Ме нервира кога некој идиот прашува зошто. Зошто? Затоа што тој беше познат по добрина. Затоа што тој беше наша икона и ѕвезда. Затоа што млад си замина, а толку многу лоши личности уште газат по земјава и тоа не е фер. Не си човек ако не те погодува смрт на ваков човек. Не мора да го жалиш како неговите или другите, но да можеш да пуштиш барем една солза за него. Сите сме смртни и не знаеме што и кога може да нè снајде. Животот е непредвидлив. Се развива за 9 месеци, а може да згасне за неколку секунди. Можеш да бидеш ти или некој твој. Кога-тогаш ќе дојде тој крај. А, тебе ко да не те бива ако не расипеш нешто. Зошто тоа ситење на туѓа болка? Зошто фрлаш отрови и покажуваш прст кон некој без докази? Ова не ти вреди ништо. Или ќе ти се суди на земјата или на небото, или на двете места.
Сум се извинувал и кога Не сум бил виновен, Само за да имам мир. Мир имаше, Само ја после долго немав.
Тоше беше ,,педер" до смртта, особено од 90% фиромски мажи. Ич не беше популарно да си маж и да кажеш дека го слушаш Тоше, баш беше педерски. Колку само исфрустрирани малокурци имаа комплекси и го омаловажуваа, пошто реално, добиваше огромно внимание од девојки. Врескаа, плачеа, се качуваа на бина, фрлаа мечиња, го лигавеа. Фанатизам каков што ретко сме виделе за некој наш пејач, како некоја ѕвезда од западот беше. Хејтот што го добиваше може само да се прераскажува, нема некои скриншотови од комент секции и социјални мрежи, фб овде стана актуелен у 2007-ма/2008-ма, откако почина. Инста мислам дека не ни постоеше. Ангел-ерата на Тоше почна откако почина, особено откако видоа дека Срби и Хрвати плачат по него. ,,Гравчето на тавчето ви е топ" синдромот направи од Тоше денес мажи да го пеат на секоја факинг балканска аудиција, на секоја компиријада, на секоја свирка од 50 песни у репертоар, 42 се од Тоше. Направи да се појават еден куп тему Тошиња како Ламбе, Лозано, Белов, Кајмаковски, Давид Темелков... Напатениот Македонец у секој од нив го бараше Тоше. Не бараше само добар пејач, нешто ново и свежо, туку нов Тоше. Некој што ќе ги расплаче истите маси, ќе ги крене на нозе истите балкански публики и најбитно, ќе ѝ донесе на СРМ уште една доза од она што најмногу ја пали, балканско/српско признание, потврда дека и ние имаме некој што вреди. Јас лично не го слушав Тоше, не оти ми беше педерски, туку оти генерално никој од кај нас не ми имаше некаков поп-култура момент, повеќето ми се мртви пувала, неинспиративни, предвидливи и досадни. Јас тогаш следев ем-ти-ви, купував албуми од Бритни, Џеј Ло и Кристина Агилера, читав ,,Браво" списанија, Тин шема, следев странски топ листи, жута штампа и живеев у некој сосема друг поп-културен свет. Ме интересираа имиџот, спотовите, кореографиите, интервјуата, целата таа естетика и машинерија што правеше од некој пејач светска поп-иконетина. Последниот негов албум ми беше првиот кој го преснимав на компјутер (пред да почине нормално, не почнав да го слушам како повеќето малокурци откако почина) и неколку песни од истиот ми беа на repeat. Оваа ми е негова омилена:
Колку се досадни и глупи сите овие инфлуенсерки со исти роденденски прослави распрострени по нивни закупени портали. То пршти шампањац, те слики нормално филтрирани у сите можни пози, патетични пораки, демек не ги знаеме шо одрони се. Штета што не постои начин тие креатури да не ми се појават нигде и да не ги гледам суратите нивни
На секој овдешен граѓанин кој претерано се жали од нашава Северна би му препорачала да изгледа документарци за Северна Кореја. Таму им е претешко. Споредбено со нив, ние сме збеснати.
Какви ми беа вчера очите во текот на денот, а какви ми се денес... Се чувствувам остарено за 10 години, грдо, истрошено, старо. Како внатрешно така и надворешно. Шокови, стресови, нервози...
Во оној што најмногу веруваш ке те издаде, оној кој најмногу го сакаш ке те повреди, оној кој ти е рамо за потпирање ке се тргне да паднеш, ВЕРБА НИКОМУ, никој не заслужува во ова гадно време почит, сите се злобни и зависни, затоа fuc* off
Во Србија сите излегуваат на протести а кај нас сме право дувло! Познати и непознати, инфлуенсери, глумци, а кај нас на сите се е погодено, дремат по кафани и кафичи!
Како да препознаете опинок од Скопје: 1. Вежба во најелитните фитнес центри во градот иако живее еден час вожња до таму. 2. Се релаксира наводно само со Моет и го постира на секоја слика. 3. Се фали дека купил шорцеви од бренд кој неможе да го изговори ама знае дека е популарен и скап. 4. Има два автомобили и редовно сака да купи нов. 5. Наводно ги знае најдобрите места за кафе зошто он по дома не пие кафе. 6. Секој викенд е во Грчка и секогаш во Сани. 7. Едвај чека да се вдоми и да се фали како дедо му има куќа/стан во центар. 8. Се пушта на секоја што е малку побогата од жена му/девојката. 9. Редовно е излезен па шансите да налетате ви се огромни. Пријателски совет бегајте подалеку.
Само мене ли ми е глупо кога читам некој, најчесто е некоја, понекогаш ние жените сме срам и брука за нашиот род, се фалиме. А фалбата е најчесто за финансии.. Пред некој ден ми излегува некоја не знам ни која е ни што е,уствари видов отпосле ама нема врска.. Цел реферат напишала на сликата што е облечена кое колку чини. Демек на шала. Цените беа баш онака високи за наш стандард ама не знам која е потребата вака јавно да се фалиш дека целата си марка и имаш потрошено мало богатство само за две работи а се што наброја богами и не беше малку. На крај кому му е гајле, носи и кјути. Ама да се фалиш. Ќе испаднам и јас како другите донирај ако имаш или некој нема леб да јаде. НЕ! Ама која ти е поентата да кажеш дека еден дневен аутфит ти кошта 2000 евра? И баш и отворив профилот се некои вакви изјави, а возрасна жена ќе речеш, ама ајде.. Маж само ќе си изнаслика колата макар и од 500 евра, тој си е вљубен во неа, ама жена ќе се испофали и за долниот веш дека е скап и марка
Животот се повеќе е само една мртва трка, а љубовта само побавен начин на умирање, се до следното воскреснување.
Јас, која не може да престане да се смее на воз од една во друга источно европска држава, во придружба на двајца проклето добри пријатели кои ме познаваат скоро до сржта. Немам поим зошто се смеам, знам само дека не можам да престанам. Ме болат стомачните, телото ми е уморно. Можеби е поради недостатокот на сон... на другарите прво им беше смешно а потоа почнав да им одам на живци, сметаа на тоа дека ќе спијат за време на патувањето. Фала Богу што сме сами во купето, оти би не исфрлиле надвор сите тројца сосе партали. Снимка, има и снимка од ова, иако не ми треба оти сеќавањето ми е кристално јасно. Јас, полна живот, оптимизам, смисла, надеж, иднина. Јас, насмеана, задоволна, полна... љубопитност. Желна да истражувам. Да доживеам. Да искусам. Да видам. Да се соживеам. Да почувствувам. Каде е таа јас сега немам поим. На оваа јас која моментално типка на тастатира образите и висат надолу, дишењето и е бавно и тешко, низ глава и шибаат мисли дека е неуспех, смотана, телото и се чини разширено и преголемо, излегувањето со другарите го гледа како напор, а трудот... Трудот и нема смисла повеќе. Се крие ли таа јас зад 5кг и 2 здравствени проблеми помалку, 1 патување во непознат град, ново хоби и 1 нула повеќе на банкарската сметка, мало напредување на работа кое долго го чека, посредени семејни односи, добра психотерапија, можеби и некој антидепресив? А, можеби и не постои враќање кон нејзе. Кон младоста. Кон годините кога сеуште „имаш време“. Време... да му се плукнам на времето! Т.е. што ми е времето криво, проблем е стареењето. Или барем им е проблем на некои од нас. А, што е уште потрагично, не сум ни ТОЛКУ стара. Веројатно сум само изгубена. Некои би рекле депресивна. Јас би рекла – уморна. Ама, тврдам, ветувам, дека јас не сум САМО ова. Не сум јас САМО ваква. Во мене има, мора да има повеќе... Сигурно има повеќе. Има... нели?
Се чудам како возрасни и навидум изградени личности можат да се однесуваат толку недозреано на моменти, чиниш деца се...значи преземи одговорност за своите постапки и прифати ги последиците, е толку е просто.