На мојот факултет, во мојата генерација, имаше околу 100 студенти, 50 во државна и 50 во приватна квота. Денес имало едвај 20. Кога ќе видиш колку е намален студентскиот потенцијал, станува појасно зошто шансата за вистинска студентска револуција денес е невозможна. Таа револуција од 2016-та беше киднапирана и задушена од едно копито, кое на крајот се покажа како истите оние против кои протестиравме. Им посакувам на Србите успех и да не им се деси фиромското сценарио.
Многу е загрижувачка опседнатоста со изборите во Србија и тоа на луѓе кои не се стручни за политика. Промената на власта ниту на нив ќе им смени нешто, ниту на нас овде. Не може да биде подобро со луѓе чии изјави се дека ги мразат сите кои не ги поддржуваат, дека ќе ги пржат и тераат да се фрлат во Дунав и Сава. Изјави кои во политиката се недозволиви, а според правото и казниви. Памет а ла Заев кој викаше дека ќе јаде живи луѓе. Тоа не носи ништо добро.
Фиромците ја сакаат само онаа Србија која игра со Русија, Трамп и слични. Ретко ќе налеташ на коментар со поддршка за студентиве. Повеќето се со песимистички сценарија, иден распад на Србија, хаос и катастрофа, само затоа што нивниот миленик ја изгубил власта. Дел глумат неутралност, иако одвнатре горат, вриштат, па се расфрлаат со некакви флоскули ,,дА сИ ГлЕдАмЕ дОмА". Фиромците отсекогаш имале чудна фасцинација со авторитарни лидери, затоа и оној со носот тераше 11 години власт, а и ден денес некои сè уште имаат влажни соништа за негово враќање. Денес пливкам у оваквите солзи и се радувам што у мојот микрокосмос немам ликови кои мастурбираат на овакви диктатори.
..абе они дома сите проблеми ги решиле, па во туѓ двор! Стварно невозможна е виртуелната самодоверба кај одредени членки! Истиве инаку, би правеле втор, трет, па и четврт профил за да дојдат и прашат за нешто слично. Никаква женска солидарност на женски форум. Тешки женски опинци го изгазија форумов во 2026.
Темата непопуларни мислења ми остана енигма. Кога и да отворам она што за мене е популарно го читам таму. Очигледно имам проблем со популарноста.
Многу ми смета во последно дека се поќе стрејт мажи има на форумов до степен шо и кога пишам прво бришам неколку пати и неколку дена со ред и ептен кога морам да кажам нешто вака допишвам и праќам ама желбата ми е умрена. Форум шо беше прво женско катче, шо требаше да е и беше безбедно, прогресивно, комфортно сега е дувло на напалени мажи шо пробват да го претворат во уште еден дејтинг простор, ко да го немат секој друг простор (од страна на социјални мрежи) инфилтрирано веќе и претворено во дејтинг сајт. О д в р а т н о. Неќам да замислам колку празен е тој живот шо се сведва само на дејтинг, бркање партнер и секс зошто животот е многу над ова.
Треба да бидете многу среќни што не сте во таква состојба да не можете да станете и да сте врзани за кревет или количка. Секогаш ми е неубаво кога одам во болница за било што ама кога таму гледам случаи далеку потешки и луѓе далеку поизмачени, сфаќам дека треба да бидам благодарна. Во животот на сите ни недостигаат многу работи ама ако го немаме здравјето, тогаш залудно е сè. Камо да живеевме во свет без болести, тие се најголемата несреќа што ни е дадена.
Чувството кога ќе му го разубавиш денот на некого,бесценето Луѓе правете добри дела не е тешко ,или барем ако не го можете тоа не бидете причина за нечиво лошо расположение, simple as that.
Никој не го одобрува она што го следиш како залепена. Каде и да наоѓаш на овој свет од секаде те демне опасност. Човек да си го нема таксиратот. Лесно е да градиш среќа врз туѓата несреќа.
Наследниците на политиките на Милошевиќ и нивните политички и медиумски испрдоци 35 години го силуваат медиумскиот простор у СРМ и префронталниот кортекс на просечниот фиромец. Зошто баш СРМ ги отвори вратите за банката на сомнителни ликови блиски на Вучиќ? Зошто не Хрватска, Словенија или некоја друга европска држава? Што ја прави СРМ толку привлечна дестинација и кои интереси стојат зад овој избор? Српскиот свет си го зема данокот, последниот ексер е ова со банката. А колку ексери досега сме дозволиле да ни заковаат под маската ,,Брачо", ехеее... Понекогаш најголемиот непријател не е само оној кој отворено ти се заканува како Татаристанците, туку и оној кој тивко ти ги стеснува хоризонтите. Дороти Ќулавкова.
Мојава генерација не беше совршена. Но, барем на мала возраст не се шлакавме со сешто на лицето и телото. Денешниве уште на 8-10 години се пикаат во ДМ и зборат за пептиди и ретиноли. Што им е, бе? Што кур им е на нивниве родители? На нивна возраст доста им е Бекутан (и слични). Не треба да бутаат двојно и тројно постари луѓе во дуќаниве заради производи што не се за нив.
Сакам да кажам, кога ќе почне да ти недостига некој, само отвори разговор со него. Ама не само да ги читаш пораките, туку присети се на сите нервози, непријатни чувства додека си пишувал со тој некој. Ќе ги има и позитивните (впрочем тие ни фалат нели) ама, битна улога имаат и негативните. Е ко ќе се присетиш на се, баш се, ќе сфатиш дека и не е толку лошо шо не сте пак во комуникација. Од рубриката кога ти е досадно и не знајш шо со животот###
Не разбирам луѓе шо едитираат селфиња со AI и ги користат како профилни тие слики. Во живо си пак исто грд (субјективно де, така си се доживеал ко си решил да го прајш ова не дека јас го велам додуша сликата шо кружеше денојве е од чоек толку грд во душата шо ми е грд и физички така да ... можи и го велам јас упс). Биди ко сите нас и дојди си на пластика. Од кога сум во функционална хетеросексуална врска мојот статус како мажомразач беше ставен на мета на напади (мајтап, се разбира) и тврдење дека од кога сакам маж не можам да бидам мажомразач. Како долгогодишен мазомразач можам да кажам дека ваквите чувства само се засилија зошто гледам дека е возможно маж да е функционален и уште поќе ме фрустрира дека поќето решават да се гомна и да се вадат на машка некомпетенција, бидување мамини мази и генерално криење под безбедното чадорче на патријархатот.
Да си брутално искрен се граничи со немањето осет. А да правиш лице не е исто со тоа што знаеш да заќутиш тогаш кога мора да заќутиш и задржиш за себе Луѓе сме и грешиме ама не смееме да се правиме дека знаеме се' и дека никако нашето не смее да е погрешно.