Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    Напишала дека ако некое животинче нема дом тогаш било оправдано да биде убиено.
    Прво која си ти да решаваш чиј живот треба да биде завршен?Ако така одредувавме сите тогаш јас гласам за твојот.
    Бесчуствителни ѓубриња од луѓе мислите дека ќе успеете во нешто ако го отруете животинчето што не ви згрешило ништо?
    Го оставате да се измачува и да умре во страв?Тоа ве прави исполнети така монструми?
    Изгнасани гниди.
     
    На Gosh, lovestoneddd, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.131
    Пол:
    Женски
    Како после она што ми го рече "Што ме брига мене за тебе, што сум ти јас на тебе" очекуваш јас да пијам пиво на иста маса?
    Дури и ме каниш на спиење,после се, со кое лице само?
    И отпосле да ми речеш "Извини, извини."
    Џабе извини кога мојата одбивност кон тебе е огромна.
     
    На No name 123, La.RagazzaMisteriosa, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    146.591
    Изгледа само овде во нашава ни бедна држава, не се почитуваат закони, правила, ни точност, ни ништо. И се тера така.
    Договорено да се заврши работата во 9ч па им текнува - сакаат да поместат во 10ч па во 10ч се прават наудрени. И си чекаш до 11-12ч.Ти што чекаш 3-4-5 саати, да си ја завршиш работата и да си одиш дома кај фамилијата не си битен. Битно својот ќеиф да си го истераат.
    Ни па газдата нешто многу се замара, оти нели ти си негов роб, а другите му плаќаат и ти мораш да чекаш 5 саати.
    Сите се водат по девизата "имам пари и моќ, никој ништо не ми може".... Ах, бре алчни газди за пари и прости богаташи кои едино што имаат им се парите, тешко ќе просперираме од такви ко вас...

    Порано, секогаш бев против заминување од државата, сега веќе не. Алал да им е на сите што собраа храброст и избегаа од овде. Да имам прилика не се мислам ни секунда повеќе
     
    Последна измена: 10 август 2019
    На Роберт 7, Gosh, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Зошто има поделба на вера/националности???!!
    До кога ќе има делење на народот и луѓето???
    Зарем е важно ако некој е со жолт тен или црн???
    Сите сме од крв и месо. Значи страшно ме нервираат овие поделби во 21ви век.
    Леле види ја оваа прави муабет со турчин(одма е к*рва и се продава за пари). Леле нашата комшика во Америка се земала со црнец детето кој знае какво ќе биди, а таа кој знае каква полова болест има закачено. Имал некој/а другар кинез сигурно има сида.
    Според мене нашиот најблизок или некој од наша верс повеќе може да ти наштети, а некој од друга вера ќе ти се најде за се и ќе ти помогне. Без разлика дали е црн, жолт или која вера и да е.
    Стоп за предрасуди
     
    На piglet1, mileystar, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.440
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е пола само некои глупи идеи имаш, а пола браво, паметна си ти, кај ти стекнуваат овие решенија.
     
    На Oxymoron, Harper, Avery и 13 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.131
    Пол:
    Женски
    Од оние моменти ги има следниве.
    Се будиш и ти пишува другарот дали си за скара?
    Не те дочекува да допишеш, ти звони.
    Креваш, викаш алоо, ти вика ај дојди на скара и пиво, викам океј.
    Затворам слушалка и си викам: Каде сум, што сум, сањам нешто..
    Саатот 19h.
    Уште не сум освестена.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.440
    Пол:
    Женски
    До толку трауми имам од полагањето матура, па што ги читам овие што паднаа од клас и утре па полагаат англиски, паника у нивно име ме фаќа, а нив мува не ги лази. :drunk::drunk:
    Понекогаш сакам да бев толку безгрижна личност ама не сум таква ете. :doh:
     
    На BlackMistery, Dust, Anabelle.Amorette и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.678
    Допаѓања:
    62.045
    Пол:
    Женски
    Длабоки разговори со некој што те разбира значат се. :)
     
    На Purplelilac, Oxymoron, RoseRain и 8 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.131
    Пол:
    Женски
    Имаше една изрека "Најубаво ќе си поминеш со странци."
    Е јас се заебав кога на странка и се отворив, и еве ја сега има нешто против мене.
    Уште да знам што, ќе беше убаво.
    (wtf)
    Инат сум, кога некој ќе ми пререче лош збор нема да го погледнам. :mm:
    Е слушнав глупи муабети овде, ама решив на игнор да ставам.
    И да, памет за друг пат :fubar:
     
    На Alisa22 и Herrera им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    36.228
    Пол:
    Женски
    Тргнувајќи од фактот дека не постојат исти животни приказни одговорноста е несомнено индивидуална без простор за споредба.
    Ако секој би бил главен актер во своето сиже, а статист на туѓата сцена, би го погледнал отпадот зад аголот што ја оневозможува суштината на епизодните случувања.
    Секое оправдување е отсуство на храброст.
     
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ние како народ само кукаме и се нешто ни фали,сум сватила дека е безкорисно е да жалиш во животот. Тоа е работа на минатото. Сè што имаме е сегашноста.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.706
    Пол:
    Женски
    Еден ден ќе станам лоша..ама мнооогу лоша. Мува нема да ме лази за никого, што на ум тоа на друм.. нема да ќутам и нема да си ја собирам нервозата во себе за да не ги повредам другите.
    Подобро сите да плукаат - ауу таа каква е, лоша, ваква онаква, отколку да викаат - ее ќе ја искористиме будалава, после кој ја врти.

    Криво ми е само што едно време таква и бев, за после да ме утепаат обзирите кон другите..
    Ама пак ќе станам таква бездушна..во овој или во следниот живот, небитно!

    Гледајте си само за себе и за никој друг. Џабе на сите им е убаво, ако на вас не ви е.
     
    На Роберт 7, Gosh, Alishan30 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сфатив дека многу ме фаќаат на карта емоции.

    Многу сум жалослива и ако ми падне жал за некој, абе давам што можам, колку можам, ич не гледам двапати.

    И така Дузи паметњакович дава на едно дете, на друго дете, на трето дете, демек, ај греота е, ај немаат, ај студент, ај и мене ми давале...... де 100ка, де 500ка, де 1000ка, ај студенти, ај немаат... нека си купи нешто.

    Па уште и се научија и очекуваат, у раци те гледаат.

    У меѓувреме, едно од децава да ти пушело по 2 кутии на ден од 100ка цигари, секој викенд испаднати, секој ден се јаде сендвич, хамбургер или бурек, еве гледам слика од втор одмор летово, празничниот викенд од пред 10 дена си беше на некоја си диско-забава на другиот крај на државата.... мераци бе.

    А Дузи работи легната оти и' се врти од топлово ама работата мора да се заврши и чекам да ми се свари оризот за ручек за денеска и утре.

    И после немале?
    Ич немајте.
     
    На Gosh, Purplelilac, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.440
    Пол:
    Женски
    Ставиле дека враќаат во порака и дека вршат достава по карго. Им пишав од кај мајка ми профилот, дека она ми ги покажа и викам ај да не ги барам сеа пак, ептен ми се допаднаа сандалите. Пораката беше најфино пишана. Ја оставија на seen 4ч и се изнервирав, будала ќе ме праи некој, за свои пари. Земав им пишав од кај мене дрско, зошто не враќаат на пораки, како да се информираме што модели имаат останато, така ли се прави бизнис |(, одма вратија, па извинување, заблагодарување што сум порачала.
    Не бе, не можеш со луѓево фино, мораш подрско иначе не те рецкаат. Добриот збор врати отварал и добрината и културата се исплатела, ахам јес.
     
    На Gosh, senjorita-v, piglet1 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Пишала ноу мејкап лук.... А на неа, следново:

    - јапонски исцртани веѓи
    - екстензии на трепавиците
    - филери у устата
    - малку запеглана на челото и меѓу веѓите со инекциички
    - уље за да свети како хајлајтер
    - дермаролинг на две недели
    - вештачки заби
    - нежен тинт на устата

    Абе....... не се тачни луѓево, дефинитивно.
     
    На oblace1, galapce, Gosh и 49 други им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Тука некои луѓе кога ќе ги прочиташ што сè не пишуваат за машките тоа е страшно нешто. Што е вистина донекаде не велам не ама луѓето едноставно не знаат за граници и осудите им преминуваат најчесто во генерализирања. Работава му доаѓа „им се појавил некој идиот во животот и сега ајде, цел машки род треба да страда“. Ако ништо друго, барем на тоа личи.
    Ова е исто како сега да ги ставам сега јас на пример сите жени во ист кош со тие кои ги малтретираат дома своите мажи и ги кршат од ќотек зошто така им дошло.
    И јас сум имал идиотки од жени покрај себе па пак не сум се осмелил да генерализирам. И сега велам дека на двете страни има од овие но тоа не е причина да покажувам сега накај секого со прст. Тоа што мене ми наштетил некој во минатото во пример не треба да ми служи како причина да жигосувам сè што е женско во државава. Затоа првин секогаш се дава шанса па после ако тргнат наопаку работите - и јас сум за да се удри.

    Али тоа е, just severna things.
     
    На poenta, AnnabelLee, Love 83 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.440
    Пол:
    Женски
    Луѓево некако премногу си земаат за право мислејќи дека се на форум, па можат на некој да му кажат дека евтино изгледало тоа што го носеле. WTF :^)
     
    На Gosh, Moon.Girl, Glossy-girl и 22 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Комшивка им ја сотре кожата на децата од тепање, ама тоа не е битно.
    Битното е што придонела да не изумре човештвото. 8-|
    На свет донела деца кои постојано плачат и урлаат од недовлна љубов и внимание, а таа се дере по нив како по животни.

    Кога ќе ги пллесне до кај нас се слуша.

    И не е само таа таква. Многу ги има и мајки и татковци.

    Некои жени неќат деца и воопшто не се пронаоѓаат во улога на мајка, ама општеството бара од нив да родат. За да не бидат наречени ненормални ќе родат и после маста им ја извадат на децата.
    Постојано се нервозни, незаинтересирани и телефонот е побитен од детето.

    Битно родиле и се мајки.

    Некои па се доволно свесни да удрат еден јак игнор на општеството и да си го послушаат внатрешното ЈАС, па се спасуваат и себе и потенцијалните деца од психички и физички тортури.

    Кога ќе сфатите дека може поинаку да размислувате од измислените и наметнати правила, полесно ќе ви биде.
     
    На Purplelilac, ivi1987, Glossy-girl и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    55.602
    Пол:
    Женски
    Имав гости и кога ги испраќав сега, гледам во двор едно слатко куче со среден раст, ги испративме до улица гостите, и пак ми се врати во двор, влегов да земам леб и вода да му дадам, му дадов ама не сакаше леб, а ни вода, се надевам не ме слушна никој како молам куче во 2 по полноќ да јаде, исто се надевам дека кога ќе станам сите влечки надвор ќе бидат на број, јер понекогаш една знае да зафали оти завршила како играчка за гризење на некое куче :D
     
    На Oxymoron, Glossy-girl, AnnabelLee и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
    Направиле 8 деца ,а се жалат дека не можат да ги гледаат.Следен чекор: Испаѓа на Tv/fb помогнете ми греота сум.Таквите не совесни родители не ги жалам и не донирам..Директори немаат средства да гледаат толку деца,а не па они .
    Тешко на тие невини дециња..
    #државатадаводигрижаидаимгиодземе.
     
    На Gosh, fana, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.