А една од најголемите можни закани за благосостојбата на милиони веќе родени деца низ светот, е глорифицирањето на страдањето предизвикано од немаштија и тешки болести, со кое често доаѓало и искористување на истото за да се прошири религиска догма кај најранливи категории, а без реално да се помогне. Името на Мајка Тереза не е метонимија за вистинска хуманост. Мајка Тереза е симбол на токсичното глорифицирање на сиромаштијата, профит од истата и со еден збор лицемерие во религијата. Мајка Тереза е една од најголемите христијански измами во мејнстрим историјата и запрепастувачки е колку луѓе сè уште ја сметаат за најголем хуманист, и покрај сите достапни информации. Get your facts straight, people.
Медицината е толку многу напредната, што денес едвај има човек кој е целосно здрав!!!! Дно цела медицина , ти викаат ок резултати а во организмот се одбива некој процес, значи толку ги мрзи и едни резултати да видат како треба ! Ужас невиден, зинале само за пари сите, друго ништо не е важно, лошо и страшно!
Кога ќе се видам со најдобрата другарка не можеме а да не си кажеме по 20 пати колку се сакаме дури со дечко ми не си кажувам толку
СДК дека форумов смрди на расипано.Ама,не на јајца,туку на души. Се потсмеваат на луѓе кои купуваат фејк патики додека во исто време се фалат дека купуваат оригинал. И уште кажуваат дека оние кои купувале фејк им биле љубоморни,а всушност тоа да им ставиш до знаење дека нивните мислења се навредливи и дека не треба да се суди човек по потеклото на патиките,не е љубомора,туку свест и совест. Секој не може да си дозволи оригинал патики,па купува фејк.И фејкиците се функционални. На еден мој соученик во средно,оригинал Адидас му се распукаа по само 6 месеци носење,а на друг фејк Адидас од Бит Пазар му траеја 2 години.Ете,ако е оригинал,не значи дека е квалитетно! Патем,и оригиналите и фејкиците се произведуваат во исти земји. Немојте да судите човек по облека и чевли,утре може вие ќе се најдете во иста ситуација. Господ дава,но и зема!
Форумов е каша попара, се пишува само колку да се напише, мислењата не се дочитуваат или пак се читаат селективно, секако во зависност од тоа кој ги напишал и дали е од омилените и редовни форумџии или не. Многу токсична и напната атмосфера владее во речиси секоја тема.
Зошто кога нешто на некого не му се допаѓа,не го напушти тоа место? Едноставно е и повеќе среќа за сите. Таков е светов полн недоразбирање ама што да правиме,парата на прво место...
Како ќе познаеш Скопјанец во Охрид? По урлање и некултура. Во Грчка исто така На ваквите би им препорачал одмор во планина. Нека се дерат колку сакаат,само и таму шутот ќе го фрлаат насекаде. А да си седат дома,најдобро ќе биде Кога сме со тетоважите за инает ќе ја тетовирам..... Спојлер: . али во подобра од оваа
Добро ви утро. Од кога сум тука пијам кокосово млеко наутро со кафе, ладно. Има тука околу 2.40 евра е и пошто само јас пијам ми трае околу недела и нешто. Исто така утрински ми е кога сакам да го испијам на мир. Сношти си купив breezer да си се почастам нели роденден денес Се комирав рано, сега отворам фрижидер гледам торта. Другаров ми ја купил, додуше не ја ни видов. Ќе обележиме денес на кратко, а јас ќе одам до друг град да си направам фотографии.
Да, некогаш знае природата да биде многу дарежлива кон некого или едноставно навистина да се има добра спојка на одлични гени кои ќе резултираат една личност да поседува одлична физичка привлечност и физички атрибути. И се тоа е во ред. Се дур таквата личност не почне да се преценува себеси, да ги навредува и потценува сите дека биле грди, имала такви и такви критериуми, не погледнувал(а) дечко/девојка што не поседувале тоа и тоа, вакви да биле, такви да биле, на ниво морало да им се биде. Другарка и била грда и затоа била сингл, а по нејзе сите дечковци трчале. Е ваквите колку сакаат нека бидат пренајубави на свет, 2секунди во твоја близина и веднаш ти стануваат одвратни. Да, може физичкиот изглед да привлече, но карактерот и тоа како знае да одбие. Не е само да имаш убаво тело и убаво лице. Но, на некои луѓе тоа им е се што можат да го понудат за жал.
Речиси секогаш тие што немаат многу се први што даваат и частат, а тие што имаат абе живи стегнати. Или само јас налетувам на такви луѓе...
Сдк, некои денови ти се јаде пршута. Некои денови посебна салама. Живот. Сдк Дузи будала дел 2 У комшии имам милион пензионери и сите ги муабетам кога минам. Еден дедо ептен фин, цело време насмеан, позитивен... Да ти испадне типот манијак. И спрема мене и спрема други девојчиња. Забега апла. Одлепи човекот. Се опушти стариот, стиска рачиња, штипка, па дечкото каде е, па многу си убава, па ела влези да ти шепнам нешто... Интуиција КРИНЏ и онака ред алерт. Ја му се нудам кисело млеко да му купам или леб, го муабетам за времето и притисокот, а он уште малце по вијагра и кондоми ќе ме прати. Не, светов е дефинитивно полуден.
Ви текнува она чувство кога ви идат флешбекој од пијанство ама само како слики, а појма немаш на ситуацијата, како било, ништо од детали. Епа така мене ми идат некои слики и немам храброст да прашам дали биле затоа што кога и да прашам дали се случиле некои од тие слики во реалност, секогаш е позитивен одговорт. Значи логички дека се случиле, инаку не би ми паднале на ум. Ама сепак... не се сомневајте. Ја еве веќе втор ден се трудам да ги заборавам и не прашувам за нив. Во принцип не пијам, ама со алкохол сум толку кул, ич не се срамам, се журкам, а без пиење не би го можела тоа. Океј, доста со траумите од завчера.
Таа осми месец бремена со болки во нозете, едвај диши и се движи, а мажот и свекорот седале на маса и чекаат труднавa да им стави да јадат. Пошто мажи се тие не смеат да се мешаат во женски домаќински работи. Им готвела мајка, па сестра, па жена, па снаа/ ќерка. Не знам како трпите такви луѓе што ништо не помагаат низ дома. Навистина не знам. Уште од мали се научени да ги нарекуваат куќните работи дека се женски работи и вие тоа го прифаќате? И кога сте болни, трудни или цел ден на работа, прифаќате само вие дома да готвите, миете чинии, бришите прашина? Тој доаѓа од работа, јаде и легнува. Па седи со нозете у вис и гледа фудбал. Маж бе. Тоа е живот што го сакавте? Да му бидете мајка на некој лигуш што не знае еден тањир да измие? Или сакате да бидете сопруга која би имала покрај себе сопруг во вистинска смисла на зборот? И вие одите на работа исто колку тој, па зошто да не е поделена работата низ дома? Гледаш дека е току заостанат уште дур сте во врска, па бегај од него. Со кој памет одиш да живееш во заедница со таков човек плус неговите стари плус јатрви, девери и внуци? И одеднаш вика: -Ама го сакам.... Епа ако го сакаш не ме замарај колку ти е мизерн животот и продолжи да им биде слугинка. Друго што да ти рече човек? Мизерии.
Имаме предрасуди и голем дел од нив се со оправдани причини. Не дека е лошо, ама после нема назад. Една глупа зона, каде стоиш, стоиш.. и стоиш. Како и да е.
Пиење, пушење цигари, дечко, секс.. се потреби на човештвото. Зошто побогу некој очекува медал ако до 18 не пробал ништо од ова?