Нормални денови Кога ќе одам на шетање и јас, се шекнав дома, сакам море да видам, плажа да видам, да се надишам воздух покрај море. Ич не ми е битно собата, само да е чисто. Ејј 7 дена, многу малце се за одмор, сакам повеќе ... Ненормални денови, заситени со ПМС синдромче, засладени со "женско лудило" Прв ден на одмор... на шо личе оваа соба, толку пари дадено, купатило затка, и туш кабината види целата од флеки, не ја избришале убаво . Неможам ја цела недела тука да седам, досадно е , само до море, плажа, пфф ја дома сакам, у мојто домче, а и храната види каква е . Уфф жешко ми е, (28 степени) а кај нас 38. А мм на ова само ,,почело јее ,"
Ми треба некој што кога ќе станам да можам да му кажам "Добро утро сонце, имај прекрасна ден", баш тоа чувство сабајлево ме замисли и некако се разочарав. Whatever, имајте вие прекрасна ден, понеделнички денеска, ве гушкам.
Сакам да кажам дека се осеќам дека нешто заборавам, и дека то нешто шо го заборавам е лошо. Ах бре кафе вкусно кои проблеми ми ги прајш. Ни со тебе, ни без тебе. Ај чао, одам да си повторам денот чекор по чекор па можи ќе ми текни ако заборавам нешто, да ми олесни.
Се собрале вчера некои роднини и главна тема сум им била ја. 2 дена телефонот ѕвони без престан, сите загрижени кај ќе сум одела на факс, па дали сум се пријавила, да не сум чекала ќе ми ги земеле местата. Да ми е да знам што фајде имаат они од овие информации.
Животот е толку убав...сакам изгрејсонце и зајдисонце и поезија и уметност...но најмногу ме импресионираат луѓето...оние убавите во душа се разбира!! Како им сјаат очите кога зборуваат за нешто што им се допаѓа, како сите делиме исти стравови и болки и се криеме под некаква маска а се читаме меѓу себе а не признаваме... зошто? Од пука гордост... дека нали круна да се носело мора...
Почнав да сликам повторно, имам голем налет на инспирација, четката ми лета по платното. Го чувствувам пак она печење во мозоков, не знам како да го дефинирам, едно посебно чувство што ми се јавува кога сликам...како напон кој ме тера да завршам. Кога сликам заборавам и да јадам и да спијам, некогаш и да мочам дури, ама ова ме тера продолжам. Никогаш не сакав да сликам природа, а деновиве само тоа ми е во глава, планини, реки, дрвја, жолта, зелена, сина, и замислувам слики, ги редам на платно. Денес седиме во малава собичка, една маса и два стола, ама имаме место и за двајцата. Тој во свој свет, јас во мој, пола маса четки, бои, хартија, пола гејмерска опрема. Во позадина Нора Џонус, ќесички чипс и сладолед, си го подаваме џоинтот и од време на време си потпевнуваме, погледнуваме, се умираме од смеа за нешто и пак во свој свет. Млади сме и можеме се'. Штом си се имаме не ме плаши ништо, ќе си легне се на место кога-тогаш, ама во моментов, во оваа мала собичка некаде во Лондон баш се ми е на место.
Животот е комплициран и задава 300 удари. Не можеш глава да кренеш од проблеми,ама не ти е ни до откажување. Пуста мала надеж...Не попуштај. Секогаш има шанси за подобро утре.
Она кога од некој кој нема матка ќе прочиташ дека пресебични биле личностите кои имаат матка и кои одлучуваат истата да не ја употребат за носење на живот за кој не сметаат дека ќе можат доволно добро да го изградат и да се грижат за истиот. Ах бре, да ви го имам паметот на 1 ден барем па да одморам малку. Всушност МаќедоЊа била идеална средина за живот за некои. Ете, не биле сите по грешка родени тука. Ајде да одам сега да си попраам муабет со мачката, зашто за денес доволно се изнаслушав (изначитав) глупости.
СДК... И успехот и неуспехот се препишува на еден, ама не на иста личност. Тимската работа и возвишеното его се контрадикторен пар.
Простете си себеси за сите оние моменти кога го трошевте своето време на луѓе кои не можат да ја видат вашата вредност
Би сакала како што ги сфаќам луѓето и тие мене да ме сфаќаа, ама очигледно тешко им оди. Сфаќам ако некој сака секоја вечер да излегува, но не сфаќам зошто таквите луѓе немаат разбирање спрема тие што се различни од нив? Зошто и тие не сфаќаат дека не сме исти и јас полнам батерии на тивко место, а не во гужви? Зошто е чудно што преферирам филмови да гледам, отколку да се пијанчам? Ги сфаќам тие што не им е проблем да бидат со непознати, па зошто тие не сфаќаат дека мене ми е пријатно со одбрани и познати луѓе? Ги сфаќам и тие што дома не се прибираат, па зошто тие не сфаќаат дека за други луѓе најубаво место е дома? Од една страна сакам да пoчнам да ги осудувам и да бидам безобразна ко нив, ама колку и да се трудам не можам, пошто едноставно не ми се приоритет нивните живoти и не ме интересира што прават. Наместо да се замарам, сфатив дека треба да терам како што ми одговара зошто што и да правиш на крај пак од некого ќе бидеш осуден и несфатен.
Колешката спиела со оној,со тој Дека им го плеснав во фаца,дека само некого уговараат. Испадна дека имало нешто меѓу нас Тоа е неиживеан народсамо вафли да се јадат за некој,и ете ти беља после,така се растураат врски,бракови од го**о јадци.
Нигде ги немаше и одеднаш си увртеле во главата дека ќе им треба пак нешто за корист и услуга и еве на телефонот не прекинаа пораки да стигаат со "кога кафе", "што побрзо да се видиме, мораме ние во контакт да си останеме"... Ахам, да ве знам од вчера ајде ама вака... Има ли некаде искрени пријатели? Многу ли барам освен вистински искрени луѓе покрај себе наместо вакви...
Многу ме нервира кога непознати ќе ми се обратат со „душо“. Вие не сте ми ништо мене за јас да ви бидам душа.
Две недели лоша карма ме бута надоле ама јас како не се давам. Во потрага по мир го напуштив станот кај што седев со двајца персони кои им недостасува нешто. Една ноќ ја поминав кај Срби пријатели. Македонец ми рече дека сум требала да не постојам. Го напуштив работното место, се преселив. Прославив роденден со луѓе кои едвај ги познавам, се насмеав. Тамн си реков добро е се ќе биде во ред. Ми излезе херпес, ми отече ногата, а сега ми се скина цевчето на апаратчето. Па, добро бе животе имаш ли душа
Сликава ја споделила некоја мајка на фб, демек многу интересна, плус си се пронашла. Не е смешно, тажно е. А за жал ова е реална слика по паркови и детски игралишта. Кај и да се свртиш мали деца играат а родителите не тргнуваат поглед од телефоните.
Добро бе ќе имам некогаш мир при обично излегување со другарка. Мора ли да се залепи некој манијак па да прашува се и сешто, нормално од култура одговорив, но кога стигна до лични прашање на пр како ми била ситуацијата со дечковци, дали сум имала и колку, дали имам моментално и сл. No, no stop right there. И кога ќе одговориш дека тоа не битно, па уште навалува и тебе ќе ти дојде преку глава, ќе му кажеш да не замара, дека не е битно и му ставаш до знаење дека не си заинтерсирана, е тогаш драги мои...дигната си. Да да, сум се замислувала и сум била многу дигната. Океј е брате, прифати дека си одбиен
http://www.femina.mk/новости/занимл...и-ги-прикажуваат-бескрајните-мисли-на-мајката Се пронајдов, а верувам и многу други мајки. И, затоа не дозволувам да влијаат на мене коментари од типот: Мораш да готвиш секој ден, зошто се играчките на сите страни, земи собери, среди. Што е со купот неиспеглани алишта, ама јас вака правам. Мора ли секој ден заедно да ги шетате децата, седи дома и средувај. Не му давај на детето глупости да јаде, јас на моето само здрава храна му давам и посебно зготвен ручек само за него. Не, јас ништо не морам. Правам тоа што сметам дека треба да правам и тоа што е најдобро за сите. Не, не сакам да бидам роб на станот и на домашните обврски. Сакам да бидам со децата, сакам да ги прошетам, сакам да ги гледам како растат. Не сакам да ме памтат само со крпата и тенџерето во раце. Помина времето кога паѓав од умор за дома да биде музеј и секогаш да чури тазе зготвен ручек а јас ноќе да не можам од умор да заспијам. Јас сум битна, на моите деца им треба здрава, среќна и одморена мајка.